Да точно бесплатни се студиите нема да платиш партиципација, ама што правиме со трошоците за живот? Проста математика ќе плаќаш околу 350-400 евра сместување во шведска, плус уште некои 300-400 евра за храна, значи околу 700 евра у просек минимум за да не измрзнеш надвор на клупа и да се прехраниш. Не и да си купиш облека или слично. Во данска ќе ти е уште поскапо, зашто цените се иста бројка како во шведска, само што нивната круна е 50% појака од шведската.Една од најубавите карактеристики на ЕЕА е тоа што можеш бесплатно да се школуваш (пример Мастерс) во некои земји каде условот е да си дел од ЕУ/ЕЕА, на пример Данска или Шведска. А има таму и јаки универзитети со одличен кадар.
Ако веќе парите за живот не ти се проблем и само сакаш да избегнеш плаќање на партиципација еве ти предлог за друга скандинавска држава Норвешка, таму студиите и дипломски и пост-дипломски се бесплатни за сите без разлика од каде доаѓаш. Само си плаќаш трошоци за живот сам, поскапо е за живот од шведска, поефтино од данска.