Програмирање за деца

  • Креатор на темата Креатор на темата mishevski
  • Време на започнување Време на започнување

Од која возраст децата треба да почнат да учат програмирање?


  • Вкупно гласачи
    46
што помалку играчки и уште полошо компјутери...подобро со мандалото да си игра, да му биде поголемо, кога ќе порасне ќе го пратиш во Германија, ќе си најде некоја ситуирана германка...
Mislenjevo go namali IQto na site sho pominaa na temava.
 
На времето во основно училиште кога имавме часови по информатика јас за прв пат дознав што е уствари компјутер, јас и уште 90% од соучениците. По тројца делевме еден компјутер во кабинетот по информатика. Во тие времиња се рачунаше за престиж имањето на компјутер, по што за тој стандард и цената на компјутерските конфигурации во тоа време, беше навистина скапо. Ми текнува на еден другар, дури од Скопје имаше нарачано компјутер па чекаше да му стигне. Тоа што бевме информатички необразовани во тоа време и нинтендото ни беше врвен технолошки дострел, не беше наша вина, 100 евра беше конфекциска плата на преку 30% невработеност.
Денес трагедија е да не се знае едноставен мејл да се прати. Имам праќано мејлови со проекти за на факултет во туѓо име. Интернетот не се само социјалните мрежи и тик-ток глупостите. Нам навистина ни недостига информатичка писменост за едноставни функции, камоли пак за напредни како што е програмирањето. Генерално јас би рекол дека математиката, информатика, англиски јазик, треба да се изучуваат што порано, со наставни програми во склад на возраста.
 
Нешто замре темава :)
Јас само да потврдам дека програмирањето за деца е интересна работа, посебно за оние деца кои се заинтересирани кон програмирањето. Внуката живее во Неготино и беше заинтересирана многу да работи на компјутер, но таму немаа вакви обуки. Оваа година видоа дека може онлајн да се приклучат на обуките и почнаа.Сега се супер задоволни
 
Еве еден натпис од темата
Програмирање за деца – зошто е важно за младите умови
Најновите истражувања го ставаат програмирањeто во првите редови на идните кариери. Па, како да научиме и да ги учиме нашите деца како да програмираат, и зошто е ова толку важно? Уште поважно, на која возраст започнуваме да ги учиме своите деца?
Еве 5 причини зошто кодирањето/програмирањето е важно за младите умови на децата
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom