UEFA Champions League - Season 2020/21

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион на Европа оваа сезона?


  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .
Ќе се оди во тој НБА правец сигурно, само прашање е колку ќе трае тој процес и дали целосно ќе се реализира.

Но, дека големите клубови т.е. големите финансии, ќе туркаат во овој правец, тоа е сигурно, ќе се оди на позатворен круг на делење пари, на формат што нуди поголема заработка и позатворени натпреварувања.

Од друга страна помалите преку УЕФА ќе се трудат да го успорат тој процес.


А за нас што сега ни е чудно и незамисливо, полека ќе ни стане нормално. Исто како што на времето и клубови од Источна Европа можеле да го освојат најсилното европско натпреварување, биле конкурентни, а сега тоа е незамисливо, рамно на чудо.

Исто така, ќе си се навикнеме и што и некои други клубови нема да бидат конкурентни или поточно нема да можат ни да сонуваат.

Иако ова сега може да се чита и како закана до УЕФА, националните федерации и другите помали клубови да слушаат малку повеќе.
 
Идемо нова сезона... Интересна вечер ќе биде. За ПСЖ - Јунајтед пишав после ждрепката што очекувам. И мислењето ми е потполно исто и сега. Челзи мислам тешко дека ќе победи вечер, Севиља покажаа сто пати дека можат да се носат со премиерлигаши. Реми таму е најверојатна опција. Лацио и Дортмунд уште ги немам гледано оваа сезона и стварно не знам што може таму да се очекува. Јувентус нема да ме изненади ако киксне вечер, Динамо да извади нерешено.
 
Ќе отиде фудбалот во курац, така ми изгледа.


И јас не сум фан на целосно затворено европско натпреварување, но...


Квалитет на фудбалот т.е. на 'фудбалската игра нема да се изгуби, напротив. Тој процес на собирање на квалитетни фудбалери на само неколку места трае со децении и тоа носи квалитет, не може никој да ме убеди дека порано се играл поквалитетен фудбал од сега и дека имало поквалитетни екипи.

Само ќе се зацементира, тоа што и сега е речиси јасно, а тоа е дека малите т.е. сиромашните нема што да бараат.

И ако постои некој страв кај големите клубови, не им е страв на нив од Динамо Загреб, Ференцварош или Лудогорец, туку да не им се појават нови богаташи од Азија и да им ги помрсат плановите во нивните лиги. (Но, нели и тие го уништуваат фудбалот?!) И ова е една причина зошто сакаат позатворени натпреварувања како што форсираа и фер плеј на времето.

Но, тој процес на концентрирање на квалитет на само неколку места започнува уште со првите организирани натпреварувања. Прво си имал моќен финански/политички клуб на ниво на град, потоа на одреден дел од држава, па во целата држава, на крај си најмоќен на ниво на целата планета. Нормално, секогаш си имал конкуренција, но тоа се неколку клуба на ниво на држава или два на ниво на град, сега имаш неколку на ниво на Европа (другите се небитни).

И сега Торино (некогаш најмоќен клуб во Италија) е во нерамноправна положба во однос на Јуве, само теоретски може да му биде конкурент. Или рамноправноста на другите во Германија во однос на БМ.

Како што Жељезничар Сарајево не можел да биде рамноправен со големата четворка. Како што другите клубови биле во подредена положба во однос на таа иста четворка, а и имало и попривелигирани и во самата четворка. А таа лига и тој период се зема како за синоним на романтичарски фудбал кај нас. А ако погледнеш реално и тогаш на микро ниво (СФРЈ) се случувало нешто слично на тоа што сега се случува ма светско ниво. Последица на поголема глобализација.
 
Да го прославиме стартот на новата сезона ЛШ.



Прегледај го приврзокот 271200
JP Morgan, претходното работно место на Вудвард :icon_lol: Американски нарав е ова, сега имаме Американци vs Арапи, ќе се лутат овие од Сити и ПСЖ :icon_lol:
 
JP Morgan, претходното работно место на Вудвард :icon_lol: Американски нарав е ова, сега имаме Американци vs Арапи, ќе се лутат овие од Сити и ПСЖ :icon_lol:
Може да се лутат колку сакаат, моќта е кај американоси, затоа и овие два клуба заедно настапуваат.
 
Дибала пак на клупа :rolleyes: Гледам ќе го лапа некој за „ефтина“ пара.
 
Го глкедам составот на Јувентус и уште не можам да сфатам како дојдоа на ова дереџе. Половина од играчите од овој состав во некои подобри времиња не би можеле ни резерви да бидат во Јувантус.
 
Дибала пак на клупа :rolleyes: Гледам ќе го лапа некој за „ефтина“ пара.

Од тоа што прочитав влечел повреди + имал 2-3 тренинга макс (во последните недела дена), а и тие лабави.Повеќе ми личи на претпазливост (паметно) + дисциплинска мерка што се изглупира викендот.
 
Од тоа што прочитав влечел повреди + имал 2-3 тренинга макс (во последните недела дена), а и тие лабави.Повеќе ми личи на претпазливост (паметно) + дисциплинска мерка што се изглупира викендот.
И боксовите го чешале, па чекаат да му помине алергијата :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom