Царина Транспорт Шпедиција

  • Креатор на темата Креатор на темата dzerasko
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки сакам да нарачам iPad преку ebay. Се изгубив по документиве на македонска царина. Може некој да ми каже дали и колку се плаќа царина пошто цената е околу 900еur
 
Данок ти е или 18% или 5% (повластена стапка), на вкупниот износ (цената за производот + транспорт)
Царина ти е од 0 до 15% (за најголем број производи), во зависност од повеќе работи.

Зависи од каде е производот, ако е од земја со која МКД има склучено договор за слободна трговија, нема царина (ЕУ,Србија, Турција), нема царина, но ако има документ за потекло на робата.
Продавачот треба да издаде документ за потекло на производот, бидејќи може да е од Србија, ама ако не е таму произведен, т.е. нема потекло на робата, тогаш царина ќе имаш секако, а износот колкав е, ќе си провериш во според тарифниот код. Прашај го продавачот под кој тарифен код ќе го прави извозот, па ти тој код ќе си го побараш и во табелата ќе видиш колкава царина следи. Може да е 0, а може и 15%.
Само како апдејт да пишам, дека стигна апаратот од Дубаи, нарачан беше по цена од 54,000ден. и се плати за истиот само 5% ддв. а за царина 0%.
 
Здраво, нарачана е книга од Амазон, со вкупна цена со достава од 50 долари и тежина на пратката од 0.8кг. Иако секогаш стигала на врата, овој пат е стигната во Ин Тиме Мк БПС како давател на услуги на УПС и истите праќаат мејл постапката за увоз на стоки да се спроведе преку нив. Знам дека до 90 евра не се царинат, само ДДВ се плаќа. По телефон кажано е дека треба да плати лежарина 1400 + царина + ДДВ. До сега ме било вака, ја носеле директно до врата без дополнителни трошоци. Некој да не имал исто или слично искуство?
 
Колку се плака царина/данок за телефон од 200 евра?
 
Плаќаш одредена сума за поштарина преку УПС, стига пратката во Ин Тиме и рекетарите од таму ти викаат плати уште 1000 за да ти ја испорачаме до дома - по карго кое чини 300 ден максимум. Ако не, дојди кај нас во магацин и земи си ја од таму!?
За плаќање лежарина друга приказна се. За пакет од 28кг ми земаа 1000ден. За пакет од 0.2кг - 1400ден :vozbud:

Во старт си зијан 2400 кај нив. Плус царина и ДДВ (во твојов случај само ДДВ), давачките се поголеми од вредноста на производот.

Да се заобиколи сето ова мислам единствена шанса е Пошта. Таму барем може да ти се посреќи и да не платиш ништо. И до дома да ти ја достават пратката.
 
Не се работи за мене ама ете така испадна ко што пиша. Бараат лежарина и тоа или да ја донесат или сам да ја земеш. Муабетот е зашто до сеа директно на врата доаѓало, а сеа преку нив.
 
Ми е пратен подарок монитор од фирма во Грција што кошта 250 евра преку ТНТ Федекс.
Пратката е пратена и платено за транспорт од фирмата уредно...
Шо е фората што од ТНТ ми се јавуваат да платам 2100 денари(лежарина, административни замарања за царина од нивна страна и достава) и на таа цена оди + ддв + трошок царина.... и којзнае колку ќе излезе вкупната цена.

:D 2021 година сме бе!!! Ова е класична лихва што се праи, посебно на луѓе кои немаат време да се замараат со македонските срања :eek::confused:
 
Не се работи за мене ама ете така испадна ко што пиша. Бараат лежарина и тоа или да ја донесат или сам да ја земеш. Муабетот е зашто до сеа директно на врата доаѓало, а сеа преку нив.
Сигурно предходно ти била пратена по пошта. Нема шанси пратка да стигне кај нив и прво да поминеш без рекет. Верувам дека и во другите фирми е нешто слично - или ќе да дојдеш да ја земеш или ќе ти ја пратиме по карго или ќе се откажеш (каде по откажување царина ја конфискува, читај: ја носат дома). Само да имаш плус давачки е работава...
 
Здраво , би сакал да ме информира некој во врска со царинирање на оштетена и несреќа ( скршена маска , квар , кребнатинки ) кола донесена од надвор ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom