- Член од
- 26 август 2019
- Мислења
- 351
- Поени од реакции
- 763
- Возраст
- 37
Немам Целијакија ама ужасно ми смета глутенот, не најдов тема за ова па затоа решив да ве прашам, како се снаоѓате? Купувам леб или јадам со галети од ориз, немам проблем за тоа, си допуштам ту и таму нешто со глутен да каснам, ама се трудам да го избегавам. Што ви е најтешко да избегавате?! Мене пивце ми беше па се префрлив на вино, ама пивце си е пивце, не го сакам безглутенското туку Скопско само. Еве веќе 3г се држам понастрана од глутен, бел шеќер (додуша воопшто шеќер), бел ориз и сол, ама почнувам да се уморувам. Пред ерата на држење понастрана од овие намирници имав многу проблеми, сега се е надминато, па сакам да попуштам веќе малку по малку. Ваши искуства?!