Утрово гласав за @Torchyrus@gurman2 и @Human, сега гледам дека на сите мои фаворити има луѓе во акција на зајдисонце! Фаворит ми е сликата на @Human, од причина што ја разбива монотонијата на зајдисонца на фон на вода! Жива, реална и силно македонска фотка, со поле и легендарниот фергусон 339 во акција, браво!
Автоматски споено мислење:
Скоро сите фотографии имат вишок материјал во долниот дел, страшно бегаат од златното правило 1/3, освен неколку меѓу кои морам да ја пофалам фотографијата на @Емкаа , каде е постигнат ефектот на три линии кои се соединуваат во една точка, правилото 1/3 и најважно ОхриТ
Автоматски споено мислење:
@Kal_El , сакам вакви фотки во рамка! Му даваат ефект на видното поле и концентрација на битното на сликата! Не гласав за твојата фотографија од причина што е оставена несиметрична! Еден кроп од лево, ако веќе немаш материјал од десно и да биде симетричен лакот на вратата!
Автоматски споено мислење:
@ekstrakt
Добар материјал, комбинација на залез и огледало! Единствена замерка вишок по 10-15% од горе и од доле! Инаку од Дојран е ова?
И Коцкичот можел да се нашминка малку Поштуем природна лепота, ама ако веќе се има атрибути, треба да се истакнат По мое мислење вишок е делот доле, до сенката на чамецот во движење!
Автоматски споено мислење:
@Петра П. Убаво сиже, чуму ти се толку темни облаци одозгора и темнина доле?
Убаво е ова со процентиве од гласањето, иако понекогаш не ги разбирам. Нели требаше нивниот збир да биде 100% или некој од политичариве и овде замешал прсти?
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.