Третирање на калцификати во организам

  • Креатор на темата Креатор на темата Bregovic
  • Време на започнување Време на започнување
Причините за калцификација може да бидат различни: инфекции, болести поврзани со нарушување на метаболизмот на калциум кои предизвикуваат хиперкалцемија (високо ниво на калциум во крвта), генетски или автоимуни болести, витамин Д терапија. и некои други лекови може да влијаат на начинот на кој што калциумот се искористува во организмот (лекови за холестерол, крвен притисок, хормонска терапија), срцеви и бубрежни болести, старост, перзистентен воспалителен процес, може да бидат и дел од нормалниот процес на заздравување како последица од повреда на мускулоскелетниот систем. А, што се однесува до начинот на исхрана, внесувањето поголема количина на калциум преку храна и суплементи, не постојат доволно цврсти докази кои сугерираат, дека со сигурност учевствуваат во развојот на калциумовите депозити - калцификати.

Е сега третманот. Прво и најважно е каде се случува депонирањето на калциумот во организмот, односно локацијата на тие калцификати? Понатаму, основната причина за вишокот на калциум кој се депонирал во организмот. Значи, дали постои некоја болест, инфекција, терапија, воспалителен процес, траума, што може да биде причината за калцификати во организмот? Третманот, примарно треба да се фокусира на основната причина за калцификатите. Па оттука и таа симптоматска терапија (за ублажување на симптомите). И како трет фактор, но никако помалку важен, евентуалниот развој на компликации.

Сигурен начин на превенција не постои, но секако она на што може да се работи како и кај секоја болест се т.н. мофифицирачки ризик фактори. Значи промена на животни навики и поздрав начин на живот! Повеќе физичка активност, помалку мрсна храна, прекин на пушење.
 
Легендата вика дека некој отишол во македонско државно здравство и му кажале која му е причината за калцификатите.
Ќе ти кажат имаш „шилци“ и тоа е тоа, чаре нема, на мој близок му ги најдоа во нозете (петата и коленото) и докторот и кажа тоа е тоа, чаре нема за овие.
На приватно пак од друга страна нема да те оправат 1000 евра за снимања (магнетна) + лабораториски анализи + прегледи на специјалисти и пак не знам колку ќе ти дадат точна дијагноза и решение.
 
Сето кажано ми се случува во моментот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom