Македонски апликации

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Aпликација за плаќање паркинг. Дали функционира за сите градови не знам, не возам и не сум ја пробал.

Интересна идеа и како веб и како апликација. Ова на некој начин е социјална мрежа за информирање за се што се случува во општините исто така ќе може и да се,пријавуваат проблеми, да се плаќаат општински сметки (вода, паркинг, даноци..) Се надевaм ќе заживее oва и дека барем ќе го користат и градоначалници и општо сите политичари од државава.

Ја има на Play store Аndroid и App store iPhone.за другите оперативни системи на телефоните не знам.

Ја испробав апликацијата ама беше празна a на веб имаше некакви информации за општини. Најверојатно уште ја изработуваат. Најавуваат и караван за промоција на проектов.
 
Последно уредено:
Ја испробав апликацијата ама беше празна a како веб имаше некакви информации за општини. Најверојатно уште ја изработуваат. Најавуваат и караван за промоција на проектов.
Во моментов состојбата по општини:
  • секоја си изработува свои апликации за плаќање даноци, сметки и слично. Претпоставувам тука се во игра тендери, одржувања, не дај боже да користат иста апликација
  • ниедна од нив не е поврзана со институции на централно ниво, на пример ако имаш промена во катастар, потоа треба да трчаш сам да пријавуваш по општини, наместо да е електронски синхронизирано
  • ма, каква електронска поврзаност, ако не пријавиш сам по општини, ќе платиш драконска казна, така што на ова се гледа како на згодна можност за екстра приход
Апликацијата е верувам супер. Ама како што гледаш, и покрај онакви силни министерства, како она за администрација, па министерство за информатичко општество, замислата е дека граѓанинот треба да ја опслужува државата, а не обратно.
-
 
Убаво е што преку апликацијаца ќе може да се пријавува проблем во општината со праќање слика само прашање е дали воопшто доаѓа тие пријавени проблеми до општината (читај градоначалниците, советници и воопшто политичарите)

Апликацијава би заживеала само во тој случај ако е задолжителна да ја користат политичариве.
 
Reklam mk е платформа за огласување која има свој апликации за телефони

Play Store Android

App Store iOS
 
Таленти мк е веб услуга и апликација во која секој кој бара работа може да се понуди дека бара некоја работа и си пишува ако си има искуства каде работел, кој вештини ги знае, колку отприлика плата очекува и фирми/компании може така да ги најде.

Штета што оваа веб услуга и апликација не доволно актуелна и масовно да се употребува како што е пример веб страната Вработување.

Верувам има и ios апликација.
 
Корисна апликација која случајно ја видов на Play store. Доста свежа нова пуштена на 28 февруари 2025 година.

Апликација за луѓе што често сакаат да се информираат како се движат цените по маркетите на производите. ПроЦени е таква апликација која верувам има потенцијал за добра апликација и добар развој на самата апликација.

Постојат уште по некој вакви исти македонски апликации но оваа некако ми е подобра и не толку напорна во дизајнот а како што пишав верувам дека има преголем потенцијал за развој.

1000009997.jpg1000009998.jpg
1000009999.jpg1000010000.jpg1000010001.jpg

Android

За iOS барав ама не успеав преку Google да најдам дали има верзија за тој оперативен систем.
Не ни најдов ни веб верзија, ни па некој профил на социјални мрежи. Ако креаторот на апликацијава Филип Михајлов е член и на форумов може да пише нешто повеќе за ова и што му се идни планови.

Србиве имаат иста апликација и веб која се вика Cenoteka.rs и доколку на тој начин се развие и оваа ПроЦени би било прекорисна за секој услугата. Фали нешто такво да го има во Македонија.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom