Дома сигурно не седите под стаклено ѕвоно
Да бидеме најреални во свет....објективни.
Пак да се повториме, да се потсетиме. Потполно едно е отворен простор (надвор, на игралиште), друго во затворен простор (во училница). Илузорно е да правиме комапрација.
Друго....на децата од прво до третто одделение кои за жал присуствуваат со физичко присуство (верувај дека многу кратко ќе трае ова, ќе буфнат зарази) секое дете треба да има сопствена гумена подлога за врз клупата (или сунгереста, како за кампинг), 10 маски резерва кои ќе бидат кај наставничката, 5 гела за дезинфекција исто кај наставничката, сопствен сапун итн.
Со тоа што гумената подлога за учениците секој ден ќе треба да си ја носат дома на дезинфекција. Наставата поделена во две смени (класот на пола). Ова е барем за ОУ Лазо Ангеловски.
Кој сето ова ќе го исконтролира.....никој, него колку ете да речат еве ние мерки некои ќе спроведуваме.....мислиш ќе функционираат децата како во видеото на Царовска......како роботи. Тоа е невоможно нешто.....па ми се стегна желудникот кога го гледав тоа видео.
Кој ќе ги спречи децата да не се доближуваат едни до други додека се во школо......абе дечиња се тоа.
Школото е извор на зараза и кога немаше Ковид.....но ајде ОК, вироза некоја, сезонски грип....нешто со кое што живееме од кога знаеме за себе.
Тука за Ковид дискутираме.
Еве јас ќе ти кажам отворено, сабајле пред да стигнам јас на работа, си го разнесувам семејството со кола исто до работа со цел да не дозволам да се качи некој од домашните во преполн автобус што е извор на зараза. После работа истата тура ја вртам низ Скопје за да ги соберам за накај дома.....така функционираме од кога почна пандемијава.
За жал имаме само една кола....мојата. Мислиш едноставно ми е да станувам 1 саат порано секое сабајле, за да си ја разнесам фамилијата, и после работа да си ја соберам. Го превртувам цел град во најголемите гужви.....со една цел, да го сведам ризикот од зараза на минимум. Друга работа е трошокот за гориво, амортизација на кола....но во ситуацијата не го рачунам.