А добро Норвешка е децентрализиран систем ?
Дестабилизацијата на Либија, нема врска со автократијата во тоа општеството, премногу е наивно да веруваш во тоа. Ниту отвореноста на државата. Во моментите на дестабилизација на Либија, Гадафи ги прифаќаше сите услови од западот, дури и паричен надоместок за жртвите од Локерби. Либија беше во забрзана фаза на отворање... Едноставно Либија беше нападната од себични причини, бизнис, неоколијализам.. од причина што не Европска земја, од иста причина што е полесно да се води војна во Африка, одколку на свој терен. Норвешка дури и да беше автократија, немаше да ја нападнат... Па побогу Франко, како отворен фашист владееше со Шпанија до средина на 70тите, па не само што не го нападнаа, туку беше дел од НАТО...
Не се лути, ама ептен расказов ти е демократија за прво одделение од усаид
Не сум го кажал ова никаде..или погрешно си ме сватил.
Системот има влијание врз индивидуите се додека трае. А дека тие индивидуи самите по себе ќе бидат подобри во друг систем, мало сутра. Ако јас сум се родил под одредени правила, и под тие правила живеам 40 години, во моментот кога тие правила ќе престанат, јас полека ќе почнам да се менувам кон новата реалност. Тоа се вика условен рефлекс, тоа нема врска дека еволутивно ќе станеме подобри индивидуи.... Кога некој наш се пресели во Германија, тој се учи на нивните правила, кога живее доволно долго во Германија, тој веќе се понаша се повеќе како Германците. Ако некој Германец се роди и расте тука, тој се понаша како што му налага Македонското општество. Тие не станале подобри или полоши луѓе сами по себе, туку спрема начинот на кој ги обликува општеството преку законски или етички норамтиви и нивна непосредна примена. Мааните на човекот кои се вродени, ниту се подобруваат, ниту се влошуваат, туку остануваат тука.
Одтаму ми беше примерот со Бугарија, тоа важи за секој систем кој ќе колабрира. Еве утре Германскиот систем да колабрира, па сите ќе почнат да се понашаат како Бугарите во 90тите. Значи системот не ги направил подобри луѓе Германците, само ги адаптирал према потребите.
Кога зборам за човековите маани и нивниот импакт врз системот на владеење или во случајов со демократијата....мислам на начинот на којшто тие маани непосредно влијаат негативно врз еден систем, било да е од тие што практицираат власт, било да е од тие што одлучуваат. Еве ќе ја земам за пример Франција, пошто беше најгласна за буткање на Гадафи (не сум сигурен за ова), а со тоа и највиновна за дестабилизација на Либија. Макрон или кој и да беше на власт, не му е дадена власта во рацете за да решава да фрли во мизерија еден цел народ 9 години, под изговор дека Гадафи бил недемократ. Пошто е во прашање држава богата со нафта, и очигледно во игра се бизнис интереси, се поставува прашањето дали Макрон и/или тие околу него, ја злоупотребиле позицијата.... Да кажеш така со леснотија, дека тоа е неевропска држава и да го кривиш системот за нивната беда е само наратив што Хитлер го користел да го оправда неговото освојување пред своите.
Еве друг вид злоупотреба... во САД додека беше Буш претседател, логистиката на војската ја држеше компанијата КБР... Тоа е компанија блиска до владеачката партија, донесена после смена на администрацијата, како што кога дојде Обама се смени и дојде Флуор.... Класично тендерашење, но во игра се тешки милијарди од воениот Буџет... Имај во предвид дека САД има 800 бази надвор, и богзнае колку војници... Сите овие ги снабдува компанија блиска до власта, а да не зборам како и колку на нив им се зголемува бизнисот со нови интервенции на САД, самите интервнеции за нив носат ненормални профити, па тука е и воената индустрија, како лобист на војната, на политичката сцена. ... Е сега тие компании, прават бизнис од политиката... Лични интереси.... Како тоа овие луѓе системот не ги направил подобри? Системот ги прави оние луѓе „подобри“, кои немаат можност да го изиграат системот. Значи луѓето не се подобри, туку едноставно се ограничени, обликувани, како сакаш кажи...