Трансформација на Света Софија во џамија

  • Креатор на темата Креатор на темата Darling
  • Време на започнување Време на започнување
Но нели е во Турција всушност Вселенскиот патријарх на Цариград? Нели во Турција е Цариградската патријаршија?
Не е цариградскиот патријарх оној кој што индиректно владее со останатите „афтокефални“ цркви и е „прв меѓу еднаквите“?

Како тоа се во Турција а пред нивните очи Аја Софија преминува од status quo во како што велиш џамија?
 
Затоа што Турција е Турција и Ердогн е Ердоган, а Исламот е Ислам.
Ќе се вчудоневидиш од приказни да ти раскажувам за босанци или албанци на кои што барем едната страна од родителите - без разлика дали татко/мајка, им била христијанска (и католичка и православна), а децата сепак се решиле за Ислам. Дури и кога таткото бил Православен Србин или Католички Хрват, децата сепак се одлучуваат за Исламот како супериорната религија. Се разбираа имаат слобода да го направат тоа, јас не присилувам никого на Исус, невкусно ми е тоа. Но нивниот став на оваа тема е интересен кога ќе ги прашаш зошто одбрале ислам, ако татко им е христијанин. Одговорите се топ. Тој е агресивната религија која им ветува дека ќе ги одведи на пат, над некаква победа над некого. Дури и да се родени во Швајцарија. Или Германија, Исламот е единственото нешто што е важно. Се друго е..инфериорно.

Затоа реков дека фактот што овие три земји, балкански земји, останале Христијански во рок од 500 години, половина милениум, е маркантен, извонреден. Ако не сакаш да ја пофалиш таа српска/грчка/македонска религиска истрајност, можеш барем да ја утврдиш како автентична и уникатна.

Јелена Попович пред година го режираше Човек на Бога, за Свети Нектариос.

5494531.jpg



Арис Серветалис и Попович на егејскиот остров Егина спроти Атина.

R.d29364d4f05c3e571cb6f694cb4e2f34


Во филмот покрај Арис се јавува и Тоња Сотиропулу, византиската убавица десно.
Гркињава е Бонд девојка во Скајфол - ова е помалку важно.

5857_JELENA_POPOVIC_TONIA_SOTIROPOYLOY_1962020-800x502.jpg

OIP.MCbBf2D02q89h7BpoYbQpAHaNK


Филмот имаше премиера на јутјуб каналот на Бигорски. Исто и на МРТВ. Најгрубо и најдиректно, а најпростачки симплифицирано - да, ова се византиските соништа. И веќе не го вклучуваат Истанбул. Со тој град не врзува само горчина и неуспех. А ние сме повеќе од само горчина и неуспех.
Ова се моите ИНФЕРИОРНИ народи, со своите обични религии за еден еврејски Учител, лик директно врзан со нашите стари империи, во една од нашите римски провинции - стара Јудеја на Даниел. А не верувања за некој си арапски Воен Командант на Армија таму негде, без линк со Европа.

Македонците се дел од ова погоре наведено дуо - трио, или треба да бидат.
Со Грците имаме.. тешка историја. Ама време е да им дозволиме да научат нешто за нас. Денес се спремни да научат нешто за нас - на пример тоа, дека не сме бугари.
 
Последно уредено:
Цел Балкан има тешка историја заради чудното мешање на народите управувани постојано од некакви империи кои доаѓале и си оделе...

Некако премногу е врзана целата работа со христијанските православни и католички цркви со земската политика и политичка волја на дадена држава. Државата Турција гласа и носи закон статус кво на Аја Софија да се прекине и истата да премине во џамија... бидејќи на времето Турците освојувачи ја масакрирале таа уметност и ја направиле џамија.

Се мислам дека излегувањето од рамките на државата и нацијата може да направи нешто барем позитивно за христијанските цркви... но како што кажа ти: заради горката и тажна историја што ја имаме како народи тука, со целата омраза која се градела низ вековите - тешко е да се постигне тоа... дури мислам дека е и невозможно заради историјата која ја носиме тука на Балканот со себе...

Затоа и имаат моќ земските политики и интриги над религиите - посебно што пак исламот носи со себе и правен закон со кој би се уредила една земја и ви се управувала истата по закон кој што доаѓа од света книга...

П.С. Убава момава... ќе го погледнам филмот да видам за што се работи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom