Греење, ладење и вентилација - Совети и Препораки.

  • Креатор на темата Креатор на темата youchooseyoulose
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 јули 2019
Мислења
31
Поени од реакции
32
Возраст
35
Здраво друштво, како иде? :)

За греење ладење имаше теми но за ваков пакет систем неможев да најдам па отворив нова тема.

Би побарал совет од некоја постручна особа околу HVAC систем. Станува збор за просторија за состаноци од околу 120м2 каде би сакал да го поставам системот. Пошто не станува збор за традиционална клима него ми треба свеж воздух и рециркулатор со другите пропратни тракатанции, решив да се обратам тука со надеж дека некој од вас има монтирано, му монтирале или слично да даде релевантни забелешки што чини, што не чини како да се изведе, бренд на опрема и цена најбитно.

Просторијата рековме е околу 120м2, 2 до 3 пати дневно ќе биде користена со околу 30 тина особи на саат време. Добро изолирана, со стиропори со стаклени волни и тие дузени.
 
Енерго Систем

Тебе, покрај другото, ти треба(ат) и рекуператори (циркулација и замена на внатрешниот воздух со минимална загуба на топлина)

Дали ќе средиш со Енерго Систем или друга фирма, тебе ти треба инжинер на лице место. Ова не се решава на форум.
Во секој случај, од страна на HVAC, тебе ти треба (за почеток) Mitsubishi Zubadan топлински пумпи па на тоа можеш да си „калемиш“ фенкојлери, плафонски единици, парапетни ако сакаш..
Со централизиран пристап на контрола или индивидуално итн.
 
Имаш доста фирми на пазаров за ова. Пробај Униклима, Енергија.цом.мк , Кратер итн...
Секако ќе ти треба некој рекуператор за свеж воздух или пак ќе може со каналски клима уред.
Во секој случај побарај инжинер во некој од овие фирми да се консултираш.
 
Ајде кој може да помогне со совет за да се подобри ефикасноста на системот. Топлинската пумпа е 12kW греење и 11kW ладење. Поставени се 5 фенкулери од 4kW. Проблемот се јавува во 10% од сезоната за греење кога надвор е постудено и топ.пумпа не може да постигне температура на водата повеќе од 45 степени целзиусови. Дали Бафер со ел.греач или ел.котел на струја како бекап за овој период или сосема друго решение Shematic.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom