Ок, ама разумен компромис е разумен компромис.
Мислам дека и дел од проваксерите (како Игорче) се сложуваат дека нема реална потреба од вакцинирање на децата затоа што ризиците и бенефитите се речиси изедначени. Тука се сложувам. Ако почнат со лотарии, ќе добијат лотарија за вакцината (посебно Фајзер кај момчињата).
Се согласувам и дека вакцинава е заебанција. Се сведовме на истражувања за трета доза, чија ефикасност и ефективност, може да падне во наредните 6-7 месеци и на маса ќе се појави новата вакцина (можеби модифицирана) во форма на нова бустер доза. И нови притисоци, нови програми, нови мерки, нови кампањи и нова психолошка војна.
Можеби треба да се вратиме на правилото кое важи за вакцината за сезонски грип- има препорака и е оставено на слободната волја. Нема потреба од мерки и рестрикции, барем не на домашно тло.
Добро, прашањето ми беше за изнаоѓање на одредени компромисни точки. Некоја златна средина, а онаму каде нема да се согласите, нека се судираат копјата. Не може, буквално околу ништо, да не се согласуваме.
- Сметам дека секој над 50 би било пожелно да се вакцинира. Тука се (по)високи и стапката на хоспитализацијата и стапката на смртност во однос на другите категории, каде стапките не се изразени во цели проценти, туку во промили!
- Хронично болните и лицата со коморбидитети пожелно е да се имунизираат.
- Нема потреба од владини кампањи, тоа се џабе фрлени јавни пари без никаков ефект.
- Овие мерки, кај нас, кои се насочени само кон невакцинираните, се нелогични и лоши. Треба да се укинат. Зошто? Вакцината драстично не ја намалува трансмисијата, а мерките се насочени кон места каде шансата за зараза е релативно мала (200 од 12.000 се заразиле надвор, ми остана во глава од една претходна студија). Само Моловите се во затворен простор, како и автобусите каде пак нема мерки и рестрикции. Ниту за редуцирање на бројот на патници!
- Треба поголема контрола на границите, проследена и со тестови и со карантини. Вакцината не смее да биде фри пас затоа што и вакцинираните се преносители.
Мислам дека околу овие точки ќе се изнајде некој реален општ компромис.