Сакале дискусија на високо ниво, не можат да си погледнат подалеку од носот...
Прво не постоеше корона, после не сакаа да носат маски се гушеле и од маските се разболувале, не сакаа да седат дома, после се бунеа немало место во болници, па најголема смртност сме имале, Филипче и Заев да си дале оставка го убивале народот, па немало вакцини срамота било, сите имале вакцини, Србија не вакцинирала, Мицковски ќе носел вакцини, неспособна влада...
Па стигнаа вакцини ама Бил Гејтс чипови ќе им ставал, па земјата била рамна, па после немало да бидат плодни, па Тајсон држи говор, па магнети лепат по рацете, ги заразуваат дома блиските и им умираат па колнат доктори, им викаат вакцинирајте се немаме место во болници, се разболуваат па се бунат зашто немало кадар и они морало да им помагаат на најблиските по болниците, пак докторите се криви, купуваат сертификати за вакцина па умираат по болници како вакцинирани...
Еден не знам да умрел од вакцина а да не е пост на Фејсбук од некој Тајсон, на 160 000 вакцинирани само 1 завршува во болница болен од Ковид, наместо да ставиме крај на ова лудило анти-ваксерите уживаат, ова им е едини начин да бидат центар пажња и забележани пошто за рамна земја веќе сите на игнор ги имаат ставено...
Нив им ги ограничувале правата и слободите слободно да се движат, а не разбираат дека се темпирани биолошки бомби, законот и уставот убаво си предвидуваат ограничување на одредени права и слободи за време на пандемии и за општото добро на општеството ама не они ќе тужеле во Стразбур. Заразуваат најблиски, им умираат и после некој друг им крив, други биле некрофили...
Вакцинирај се, направи се што можеш, се што ти вика модерната вакцина па ако се заразиш или заразиш некој близок едноставно не е до тебе, си направил се што можеш, а вака само мислите на себе, нарцисоидни сте, мислите дека сте паметни и дека сте откриле дека земјата е рамна а уствари во реалноста сте шупакот на светот и ради вас оваа ПЛАНдемија ќе продолжи со нови варијации за кои ќе треба да се модифицираат нови вакцини и да им го пуните уште повеќе џебот на Гејтсите...