Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Влегов во филмот на еден наш форумџија (или форумџика) и ќе гледам малку да комплицирам.

Не можеме да правиме груба ефикасност на вакцината затоа што се вакцинираме со повеќе вакцини, за разлика од УК и Израел каде доминира една. УК користи и Фајзер, Јансен и Модерна, но повеќе од 100 мил дози се на АЗ.

Потоа не знаеме со кој сој биле заболени позитивните, хоспитализираните и починатите. Некаде прочитав дека 2/3 од новозаболените се со Делта. Значи веќе е доминантен. До пред некоја недела имаше 40тина пријавени случаи на Делта.

Процентот на ефикасност на вакцините е во пад. Тоа беше и очекувано. Само не можам да видам пропуст во математиката на Акесо за двонеделниот пресек (па и логиката за мерењето на не/ефикасноста на вакцината) . Логиката и на другата страна ја разбирам, ама рано е за такви калкулации, како што е рано да се вадат статистики за тоа кои старосни групи подлегнуваат на Делта сојот. Немаме доволно информации.

Од друга страна одредена вакцина е модифицирана да делува и против Делта сојот.

пи.ес. Многу сте нервозни и напнати. :D
Никој не вика дека нејзината математика е погрешна. Ама е посложена, и ќе даде бројки што не се разликуваат баш за многу.
 
Јас сега засега ќе се самоцензурирам и ќе престанам со пишување во однос на мерките.

Во понеделник сигурно ќе има состанок на Комисијата за заразни болести и ќе пробаат да си го тргнат газот и ќе предложат нови мерки. Не знам колку е сериозна ситуацијата, разни проценки гледам, но, ако е заебана состојбата, тогаш сигурно ќе предложат полициски час, маски на отворено итн.

Владата ќе треба да одлучи како ќе ги спроведи, ако оди по досегашна линија, ќе ги заостри мерките за невакцинираните и само за нив ќе важат и ќе продолжат дискриминацијата, но и растот на бројките. Ако ситуацијата ептен му е вон контрола тогаш ќе ги воведат за сите, па тогаш ќе ги зафркнат вакцинираните кои ќе се почуствуваат заебани.

Наставата ќе биде најверојатно онлајн или нема воопшто да почни. Попис тешко дека ќе се одржи.

Заев мислам дека ќе проба да ги одложи и локалните иако нема законска основа. Но, со оглед дека ќе прими мигранти, можи и да се жали кај американците, па тие да го притиснат Мицковски за одложување. За законска основа не се секирајте, кај нас во Македонија, ако се сака се се можи :D

Ќе престанам да пишувам контра, досега само сакав да предупредам, сега веќе нема смисла затоа што ќе стани гадно и трагично и ќе излези дека додавам сол на отворена рана.
Било какви мерки да се предложат ДпмеоФците ќе критикуваат,кога немаше вакцини неспособни биле ,сега имат вакцини не сакаме да се вакцинираме....требит сите да се пазиме,опасен е вирусов (дали е вештачки или не).
Јас од ноември до сега зедов за грип,декември pneumokocker 13 и две за коронова
 
Со луѓе шо не почитуваат личен простор во затворени простории, ти дишат у врат, само да прашам нешто ликови, немаат лична хигиена (сапуни и средства за дезинфекција постоеа и пред короната) ни 4 вакцини не помагаат. Свеста на народот ни е на нај ниско ниво.
 
А јас што зборам?







Значи дај вкупен број на невакцинирани и пресметај колку од нив развиле корона.
Па после дај вкупен број на вакцинирани и пресметај колку од нив развиле корона.
Точна му е пресметката, така се пресметува, не знам кој дел од математика те мачи и не ти е јасен.
 
Било какви мерки да се предложат ДпмеоФците ќе критикуваат,кога немаше вакцини неспособни биле ,сега имат вакцини не сакаме да се вакцинираме....требит сите да се пазиме,опасен е вирусов (дали е вештачки или не).
Јас од ноември до сега зедов за грип,декември pneumokocker 13 и две за коронова

Види 50% од луѓето во Македонија, не сакаат да се вакцинираат. Еве да речиме (иако не е така), дека 25% се Албанци, 5% други, остануваат 20% Македонци кои беа летаргични и не ни планираат да гласаат. Не е паметно да поларизираш толку многу народ во нормални услови, не пак 2 месеци пред избори. Посебно не кога имаш 10% рејтинг. Не се сеќавам последно мислам ДПМНЕ беше 14%.

Нема врска ДПМНЕ со вакциниве, Заев му даде поклон, така што Мицковски ни крив ни должен ќе биде победник на локалните.

Иако не треба да се потценува Мицковски и може да направи некој ретардиран потег и скроз да се заеби.
 
 

Нема потреба од американски студии, ова и обичен лаик го знае. Поентата е или ќе ги аплицираш нашите вакцини во своето тело или ќе ти забраниме се живо.
 
Никој не вика дека нејзината математика е погрешна. Ама е посложена, и ќе даде бројки што не се разликуваат баш за многу.
Твоето е многу посложено. :X3:
Ќе најдам бројка, ќе пресметам ама ме мрзи сега.
 
Едно прашање до оние што работат во фирми каде што им наложуваат да бидат вакцинирани: уште морате да носите маска?
Никој нема одговор?
 
Според претходниот пример од професорот Трајкоски пресметав колку е ефективноста на вакцинацијата.

При пресметката на ефикасноста против заразување ќе сметаме само со целосно вакцинираните и изминати две недели по втората доза. Вкупниот број на возрасно население е земен 1.500.000.
Дијагностицирани:
Вакцинирани 1.507, невакцинирани 8.374.
Просечен број (пред 14 дена) на:
Вакцинирани 416.164, невакцинирани 1.083.836.
Изложеност на ризик (во човек-денови):
Вакцинирани 2.913.148, невакцинирани 7.586.852.
Инциденца (дијагностицирани на милион, дневно) кај:
Вакцинирани 517, невакцинирани 1103.
Сооднос на ризици: RR = 517/1103 = 0,4687.
Ефективност на вакцината против заразување (намалување на ризикот): VE = 1-RR = 1-0,4687 = 0.5312 = 53.12%.
Ова покажува дека изминатата недела во просек вакцинираните двојно помалку се заразувале од невакцинираните, земајќи ја предвид изложеноста.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom