Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Ааа не се дружам со невакцинирани јас
Автоматски споено мислење:


Јас колку шо знам од сам старт тука се верглаше дека вакцините штитат од тешка клиничка слика и смрт, не знам ти што си очекувал од вакцината, дека супермен ќе станиш ? :)
Не, очекувам тоа што го промовираа, 95 ефикасност од заразување и близу 100 проценти од смрт. Не се праите смешни или паметни сеа. Има дел од нас што се вакцинираа за да не заразат некој дома, заради таа ефикасност од заразување што беше рекламирана. Кажи ни што ми помага сеа оваа вакцина ако пак ги суредам моите?
 
Јас колку шо знам од сам старт тука се верглаше дека вакцините штитат од тешка клиничка слика и смрт, не знам ти што си очекувал од вакцината, дека супермен ќе станиш ? :)
95% ефикасност на секаде се промовираше, тоа значи дека само 5% ќе се инфицираат ама некако како западните земји објавуваат статистики на некој места тие 95% всушност се 45%. Секако дека има и ефект делта сојот. Инаку многу сте вицкасти морам да признаам.
 
Значи тргаш од претпоставка дека секој го праи тоа, што не е точно. Бидејки еве ја, а и многу други што ги знам не пиеме апови за добро утро.
Досадно ти е?

Гарантирам дека преку 90% од луѓето тука имаат пиено таблети против температура и антибиотици во текот на својот живот. Сите до еден штетат на црниот дроб и на цревната флора, после антибиотици требаат недели за да се вратиш во првобитна состојба, а згора на тоа со антибиотици мора да земаш и пробитик кој дали поради цената, дали поради незнаење во минатото не беше ни препорачуван.
Колку пати како дете те имаат колкано со антибиотици?
Колку пати си седел во просторија каде се има пушено?
Колку пати си се направил тиква пијан?
Си погледнал колку хемикалии имаш во храната што ја внесуваш?

Али јбг, двојни стандарди, нишо од ова не е штетно, ама вакцините се штетни. Од такви паметњаковичи антиваксери имавме пред 2 години хаос во градинките и училиштата (не само кај нас туку и на светско ниво).

Правело аутизам, правело не знам што. Не прави аутизам телефонот кој го носи 9 месеци залепен на стомак дури е бремена,не прави аутизам тоа што пикаат се и сешто во нив преку храна/пиење/дроги, не прави аутизам тоа што наредиле еден тон уреди дома кои 24/7/365 ги зрачат преку цел ден, ама бил од вакцината, не за друго туку најлесно е тоа да се исфрли од навиките.

Така е и со ова, имавме по 10 случаи на ден, секој ден се трубеше дека има нов сој кој е многу пати поопасен и повирулентен од претходниот, ама сваТбите, кафеаните не смеат да чекаат. Епа ете ви вчера 1000ка, до крај на месец ќе имаме и по 2000 на ден од кои голем дел ќе си го опапаат ни криви ни должни од идитиоте колеги на работа/идиотите што ги имаат дома.
 
95% ефикасност на секаде се промовираше, тоа значи дека само 5% ќе се инфицираат ама некако како западните земји објавуваат статистики на некој места тие 95% всушност се 45%. Секако дека има и ефект делта сојот. Инаку многу сте вицкасти морам да признаам.

95% против алфа верзијата и британскиот сој. Делта уште не беше масовно распространета тогаш. Али, според најновите испитувања трета доза ќе помогне за делта.
 
Не беше надеж и оптимизам, класично лажење беше. 95 посто ефикасност жими такво. Со тебе дискутиравме за АЗ и риск бенефит анализа. Нели ичи корона или вакцина. Кој е сеа риск бенефитот кога најверојатно ќе фатиш корона иако си вакциниран? За млади луѓе кој се вакцинираа со оваа вакцина, по сите пресметки не си го смалија туку си го дуплираа ризикот.

Инаку кога се промовираа вакцините на пролет, нивната безбедност и ефикасност беа промовирани како апсолутна вистина, и секој скептицизам беше отфрлан како налудничавост. Не може сеа шалили смо или грешка сме биле, за нешто што тврдеа дека се 100 проценти во право.
Толку редок нус ефект што се појавува само кога се дава мултимилионски пати. Вау фала што укажавте. Пак АЗ многу многу животи спаси. Иначе бројките си се во ред за првичниот сој со секоја мутација опаѓа ефикасноста ама сеуште се ефикасни на ниво на вакцина против грип. Тоа е.

Gesendet von meinem KB2003 mit Tapatalk
 
94% е намален бројот на заболени од грип 2020/2021 :confused: Колку што се сеќавам во минатото стално не плашеа за вакцини за грип како и последната за хпв (за која исто така беа предвидени казни), се додека не дојде ковидов. Сега не се споменува воопшто ни хпв ни грип ни сида ни бутур. Исто е чудно зошто во сезона на грип не ги затвараат моловите, кафеаните и маркетите и невакцинираните не ги жигосуваат.
763-ца
Има вакцини против грип значи дел од ризичните се вакцинираат секоја година. Има општ имунитет кај луѓето против грипни вируси иако некоја мутација може да биде и полоша и не се пренесува толку брзо како ковид а и имаат терапија и искуство како да ги третираат заболените.

Gesendet von meinem KB2003 mit Tapatalk
 
95% ефикасност на секаде се промовираше, тоа значи дека само 5% ќе се инфицираат ама некако како западните земји објавуваат статистики на некој места тие 95% всушност се 45%. Секако дека има и ефект делта сојот. Инаку многу сте вицкасти морам да признаам.
Погрешно се сфаќа тоа ефикасноста кај вакцини што значи ќе пишам покасно.

Gesendet von meinem KB2003 mit Tapatalk
 
И парацетамолот е штетен па го пиете, и ибупрофенот е штетен па го пиете, хелексот е апла дрога па го пие огромен процент, цигарите го прават пуздер телото па ги пушите (гарантирам еден куп од овие што скокаат против вакцините, цицаат цигари со години), алкохолот прави бучкуруш во телото па на секоја пригода се штима...

Знаеш колку идиотски ти звучи компарацијава?

Демек едек куп штетни работи внесувате па што ви смета вакцината? - Знаеш колку глупо и мизерно е тоа од страна да прочиташ,според ова и воздухот нели ни е најзагаден па ај да почнеме у вена да се маваме ако не,што ни мења.

Со таков став и најглупиот нема да го убедиш оти премногу е нон-сенс.
 
Толку редок нус ефект што се појавува само кога се дава мултимилионски пати. Вау фала што укажавте. Пак АЗ многу многу животи спаси. Иначе бројките си се во ред за првичниот сој со секоја мутација опаѓа ефикасноста ама сеуште се ефикасни на ниво на вакцина против грип. Тоа е.

Gesendet von meinem KB2003 mit Tapatalk
Кажи ми што ми мења мене за првиот сој, кога има нов сој, и за истото беше укажувано од обични лаици а не па експерти. Сеа ќе се праиме дека не знаеа? Муабетот беше дека вакцините се трајни и дека штитат против сите соеви. Глеаме сеа дека двете тврдења се грешни, иако пред 3 месеци не смееше воопшто да не посмневаш.

Колку животи спаси АЗ? Треба ли да израчунам бројки за да видите во која заблуда сте. Даваш вакцина кај млади со шанси да умреш 1 во 25000 за да го смалиш ризикот за хоспитализација 2.3 на 1. После се чудите зашто луѓето се скептични.
 
95% против алфа верзијата и британскиот сој, не тропајте. Делта уште не беше масовно распространета тогаш. Али, според најновите испитувања трета доза ќе помогне за делта.
Излези во природа, прошетај и не се нервирај. Ќе ти помогне за имуниот систем и ситуацијата оди дека сите ќе го прележиме. Никој не негира дека помага вакцината, сомнежот доаѓа во бројките за ефикасност, политичките одлуки едни вакцини признаени други не, лажењето на политичарите дека со вакцинација ќе престане пандемијата кога секако и вакцинирани се заразуваат и пренесуваат. Дебилните мерки да не зборам, здравствениот систем е тотално срање и не се потрудија ни барем малку да го средат. Имаме скоро 44% смртност на хоспитализирани, неверувам и дека афричка земја има толкава смртност.

Инаку веќе се шири и јужно американските соеви така да што сега четврта доза?
 
95% против алфа верзијата и британскиот сој. Делта уште не беше масовно распространета тогаш. Али, според најновите испитувања трета доза ќе помогне за делта.
И 4та за гама и 5та за тета. Ама некако соевиве побрзи од вакцината.
 
Како прво овој т.н "смртоносен вирус" е послаб од обичен сезонски грип. Сите знаете дека скоро секоја година се појавуваат различни вируси со различни имиња. Што се случи со свинскиот грип, птичјиот, зика, антракс одеднаш ги снема не постојат? Дали кога беше свинскиот грип имаше исто ваква параноја, паника и страв како сега со К19? Имаше и се заврши. Истото е и со овој вештачки вирус. Значи нема никакви докази дека има пандемија. Знаете ли што значи ширење на вирус и пандемија? Тоа значи дека би се заразувале по барем 10 илјади дневно односно ширењето би било поголемо и побрзо отколку што е сега. Како може за така краток период да се створат вакцини кои ќе те заштитат од вирусот? Секако дека нема да се безбедни па дури и ќе бидат штетни. Никогаш порано немало ваква ситуација да вакцинирањето биде морално.
 
Последно уредено:
Досадно ти е?
Не мешај баби и жаби сеа, остај ја вакцината за морбили и аутазам, неам ништо против неа. Конкретно појма немаш кој како живее, како се храни и дали пие антиниотици. Неам антибиоктик пиено од основно. Да споредуваш вакцина од која 4 дена бев у бунило со парацетамол е смешно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom