Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Мене баш ме интересира нели имаат статистика за луѓе во критична состојба и слично зошто ке пишат дека пример еден пациент е на респиратор а утре гледаш 30 души умреле.Знам дека респираторот не е репер за ништо али сепак овие пациентите им умираат тукутака или ги мрзи да пишат во текот на денот колку луѓе се во критична состојба.Али се мислам дека резултатот за оваа екстремно голема смртност кај нас остај што е кај самите луѓе што покасно идат на лекар,мислам дека недостатокот на квалитет на здраствена грижа е главен причинител за овие катастрофални бројки.
Помина времето кога луѓето доцна одеа на лекар, сега доцни здравството со соодветниот третман.
Околу статистиката, не им се изедначени извештаите, односно починатите се од претходни неколку денови (зависи во кој дел од делот починале, дали ја собрале целата нивна документација, дали се постмортем дијагностицирани, дали се со потврден ПЦР откако брзиот тест им бил позитивен итн), додека информациите за хоспитализирани и ставени на кислородна поддршка, на вентилација или на респиратор веројатно им се соодветно ажурирани. Од овие 30 што ги јавиле, сигурно половина починале претходни денови.

Еве едно искуство од син со починат родител и голготата низ болниците.
Господине Венко Филипче немам много што да прашам повeќе имам да кажам Татко ми на ден 15.10.2020 беше примен во Кумановска Болница на Интерно одделение со температура и кашлица на кој на 15.10.2020 му беше направен рентген со црна дамка на белите дробови и константирана ПНЕВМОНИЈА и беше вклучен на кислород бидејќи имаше сатурација 70 на 16.10.2020 му беше направен и корона тест (НЕГАТИВЕН) бидејќи ситуацијата се влошуваше сатурацијата падна на 40 по 4 изгубени денови и борба за воздух на ден 18.10.2020 тој беше пратен на Инфективна клиника Скопје кога пристигнавме таму со многу тропање и молење се појави и Медицинско лице кое со АРОГАНТНО понашање ни се обрати и ни рече дека сме требале да најавиме на влез во Скопје дека доѓа пациент потоа чекавме 40 минути да се излезе болничар со една боца кислород цели 40 минути за да се земе или разбуди болничарот потоа почна хоророт несакаа да го примат бидејќи немаше позитивен тест на Корона се чекаа БРЗИТЕ резултати во болничкиот круг по 2 часа пристигнаа и резултатите со ПОЗИТИВЕН тест бидејќи беа премногу зафатени одлучија да не пратат во 8 септември со зборовите нема место тука одкако ја контактираа болницата 8 септември добија одговор ,,Вчера вие ни вративте тројца денеска ние ке ви вратиме вам,, по богзнае колку часа и чекање на студ конечно го примја и му приклучија кислород сатурацијата се покачи но амбиентот не беше пријатен бидејќи само ни пристигаа пораки како нема вода и кога ке побара од пресоналот тие дрско ке му одговорат нека ти донесат твоите (но подолу ке се разбере и зошто) деновите минуваа ситуацијата се влошуваше информации добивавме само од пријатели и роднини кои работат во Болницата во Скопје телефоните за контакт ѕвонеа но никој не креваше чекорите одеа понатаму го ставија на концентриран кислород па на високо концентриран кислород но за жал на ден 30.10.2020 беше префрлен на Интензивна нега тука престанува секаков контакт со татко ми телефоните за информации конечно се слушнаа дојдовме до информации дека терапијата е сменета и дека ако ситуацијата не се промени за 3 дена ке биде префрлен на Респиратор на истоимениот ке го задржат уште 3 дена и ако нема подобрување истиот ке бидне исклучен (ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ) за среќа господ се смилува и терапијата делуваше полека но сигурно ситуацијата крена на добро сатурацијата се искачи на 90 добивавме информации од неколку приватни познаници кои работат таму и по многу пробување на телефонот за информации и од таму се огласија ни кажаа дека е многу подобро дека на ден Н/А има негативен тест на КОРОНА (прикажан во сликите) дека е комуникативен стабилен и со стабилна сатурација без вклучен кислород ни велеа дека ако не им веруваме ке ни го сликаат и покажат на камера ни олесна малку конечно мислевме дека хоророт ке заврши и дека за кратко време ке си дојде дома но малку беше засташувачки зошто тој не ни се обратува преку неговиот телефон (каде е телефонот) по 9 дена НЕГАТИВЕН на корона на ден 07.11.2020 ние добивме повик од страна на Стручниот Медицински пресонал без никаква емоција без да ја прашаат мајка ми дали е присутен некој до нејзе и ладнокрвно и соопштија дека Зоран починал (на 58 годишна возраст) дека морале да го вклучат на кислород дека имал сатурација 98 но срцето не издржало ни кажаа да тргне некој од семејството да си го земе телото бидејќи брат ми остана да ја смирува мајка ми и да го организира погребот јас лично тргнав по телото кога пристигнав таму првин 1 час барав по ходниците персонал за да ги известам за што сум дојден кога се појави портирот ми рече да одам со погребалното од другата страна кај подрумот и да чекам во темница на студено време во 1 часот по полноќ по половина час се појави Медицинскиот персонал кој им рече на луѓето од погребалното да се облечат во скафандери да се качат на првот спрат со лифт и дека таму ке им објаснат што треба по што ладно се изгуби по 10-15 минути се спуштија со бела херметички затворена вреќа на која имаше залепено само неговото име и презиме и неговите ствари без никаква идентификација заминавме дома телото беше ставено во фрижидер а погребот се одвиваше следниот ден во 2 часто телото беше донесено точно во 2 часот затворено и само како ѓубре фрлено во гроб болката и тагатаа беа преголеми
Зошто во личните ствари на Зоран го нема текефонот?
Зошто ако Зоран беше негативен со два стента на срце сеуште беше задржан на инфективна клиника зошто зоран не беше префрлен на клиниката за пулмологија каде семејството ке можеше да му даде подршка на Зоран?
Зошто ако Зоран беше негативен не доби погреб каков доликува?
Повеќе немам никакви прашања додека минуваа овие 21 ден болни и тажни кои засекогаш ке ми останат во сеќавање имав милон прашања (како,кога,зошто) сега имам само одговори имам одговори за сите луѓе кои минуваат или поминале на истото како мене Стручниот Медицински персонал не го уби Зоран го ДОУБИЛЕ му го украде телефонот кој му беше единствениот контакт со нас ние добивавме информации за Зоран
КАКО МУ БЕШЕ НА ЗОРАН БЕЗ НИКАКВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА НАЈБЛИСКИТЕ?
Немаше никакво топол збор 9 дена дена беше препуштен самиот со себе зошто така болница е во која нема чешма за вода во која ако на болните (со температура) не им испратат најблиските ке починат за вода болница во која ако не дадеш од 100-500 денари на портирот цел ден ке ти скапуваат кесите на портирницата или ако дадеш додека да излезеш од болничкиот круг кесите ке бидат качени дали е затвор во кој те изолираат од живиот свет зошто кога сакав да испратам вредни ствари ми рекоа пази ке ги украдат зошто се краде
ДАЛИ МЕДИЦИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ ИМА МАЛИ ПЛАТИ ИЛИ ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВААТ РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА?
Понекогаш ве гледам на Телевизија и ве слушам бројката ви расне стравот меѓу граѓаните е се поголем кажувате како болницата е опремена и како сте спремни за вториот бран како се да е мед и млеко и си помислувам човек може да добие голема желба да се разболи но реалноста е друга хоророт е таму луѓето умираат за вода и топол збор од најблиските татко ми почина од тромб далеку е од корона жално е што моравте да го водите како починат од корона бидејќи бројката мора да расте а и стравот со нејзе нема да продолжам понатаму и да спијам мирно се додека правдата не излезе на виделина болката ми го копа срцето а солзите ми го горат лицето на мене и моето семејство позади Зоран останаа три сина три снашки три внучиња и четврто на пат...
Им посакувам на сите луѓе кои се во иста ситуација како моето семејство а особено на оние кои се во ситуација како Зоран да останат храбри и силни...
ПОЧИВАЈ У МИР ТАТИЧКО МОЈ...

И уште еден, споделен на „Приказни од булеварот“.
Драги пријатели, познаници. Мајка ми почина од корона. Би сакала да споделам неколку информации и искуство кои се надевам ќе помогнат на вас или некој ваш близок.
Кашлицата и температурата се симптоми кои се важни, но може и да не значат многу и пациентот да е стабилен. Убаво е да си набавите пулс- оксиметар кој ни покажува колку е сатурацијата на кислород во крвта. 95 до 100 е нормална сатурација, под 92 веќе не е добро. Ова ви е показател кој е навистина важен и директно ни кажува како работат белите дробови. На мајка ми сатурацијата пред да биде хоспитализирана беше 77 до 82. Со ренген снимка се дијагностицираше масивна пневмонија со завземено едно белодробно крило. Со кислородна поддршка со цевче за многу кратко и се стабилизираше над 95.
За жал пред да ја хоспитализираат немавме позитивен корона тест. Бидете внимателни, без корона тест не примаат никаде, освен во 8ми септември, каде буквално се смилуваа да ја примат и се водеше како суспектен пациент. На време имајте си тест бидејќи во вакво време на пандемија е многу важно. Знам дека тешко се стигнува до термин, доколку сте во можност направете го тоа на приватно.
Ве молам водете грижа за навремено реагирање бидејќи преку ноќ може да се влоши состојбата кај луѓе со пропратни дијагнози. Нас ни рекоа дека е навремено хоспитализирана, два дена беше стабилна, но за жал нагло се влоши состојбата што е типично за болни од ковид.
Јас верувам и знам дека докторите и цел медицински персонал даде се од себе и дава се од себе за сите хоспитализирани лица. За жал е време на пандемија и нема доволно персонал, а пациенти се премногу.
Ова се однесува за цел персонал кој директно се соочува со оваа состојба на пациентите, што за жал не можам да го кажам за матичниот лекар (чест на исклучоци), каде што не секогаш навремено реагираат и препраќаат и не доволно сериозно ја сфаќаат состојбата и сериозноста на симптомите на пациентите.
Носете маски, штитете се, чувајте се вие и сите ваши најблиски, само така можеме да им помогнеме.
Не верував дека на своја кожа ќе искусам, но короната е реална и тука, иако на некој сеуште не му се верува што е до некаде нормално бидејќи е тешко да се прифати што значи една ваква вонредна состојба за сите нас.

На постот еден куп коментари, повеќето од фејк профили кои се потсмеваат и дрват исти муабети како групава пациенти од форумот.
Има еден што коментира на секој можен пост поврзан со ковидот, од далеку можам да намирисам дека е Бафра или Бачето, иако ќе да е вториов, според заедничките пријатели кои ги имаме :D
 
Помина времето кога луѓето доцна одеа на лекар, сега доцни здравството со соодветниот третман.
Околу статистиката, не им се изедначени извештаите, односно починатите се од претходни неколку денови (зависи во кој дел од делот починале, дали ја собрале целата нивна документација, дали се постмортем дијагностицирани, дали се со потврден ПЦР откако брзиот тест им бил позитивен итн), додека информациите за хоспитализирани и ставени на кислородна поддршка, на вентилација или на респиратор веројатно им се соодветно ажурирани. Од овие 30 што ги јавиле, сигурно половина починале претходни денови.

Еве едно искуство од син со починат родител и голготата низ болниците.


И уште еден, споделен на „Приказни од булеварот“.


На постот еден куп коментари, повеќето од фејк профили кои се потсмеваат и дрват исти муабети како групава пациенти од форумот.
Има еден што коментира на секој можен пост поврзан со ковидот, од далеку можам да намирисам дека е Бафра или Бачето, иако ќе да е вториов, според заедничките пријатели кои ги имаме :D
Абе се тоа ок,разбирам дека доцнат со статистики ама зошто кога кажуваат дневен извештај викаат " во изминатото деноноќие починале толку и толку лица"
 
Се заебав бааги шо послушав матична да пијам сумамед, само кандида се почастив...
 
Дали погрешно прочитав наводно од министерот за здравство беше пренесено низ веснициве дека вакцини за корона требало да пристигнат во јануари, фрвруари месец.
Да, точно е. Грција и Полска по 50 вакцини ќе ни испрателе

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
 
 
...тука не се мешај, погрешно толкуваш, не само диазепам како во вид на чепчиња анално, туку и таблети фенобарбитон од 15 мг ќе се даде на педијатриска возраст (па и на новородени) при високи телесни температури, не е тема за објаснување зошто така,

Seriozno ova? Radi zgolemena telesna temperatura preventivno davaat diazepam?
Kolku treba da nemas zdrav razum I da se zezas so zivot na dete. Diazepam kako sedativ od 10 mg rektalno na dete so infekt, so popratno zabrzana frekvencija na disenje ili zgolemena upotreba na disni muskuli, znaes kolku treba da otide vo respiratoren arest?
Ne, preventivno nikako sedativi za zgolemena temperatura. Zgolemena telesna temperatura se namaluva(so nesteroidni antirevmatici, konzervativno so periferno ladenje i.t.n). Temperaturni grcevi se urgentna sostojba I zahteva upotreba na sedativi vo kombinacija so NSID. Epi status e totalno druga rabota (vo vrska so fenobarbitonot).
 
Да, точно е. Грција и Полска по 50 вакцини ќе ни испрателе

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
Ми текна сеа нешто, гарант на изјавата на Филипче дека Грција ќе ни прати вакцини на фејс нашите коментираат "бегај бе какви вакцини од нив, ќе ни клат нешто внатре" :ROFLMAO:
Автоматски споено мислење:

Seriozno ova? Radi zgolemena telesa preventivno davaat diazepam?
Kolku treba da nemas zdrav razum I da se zezas so zivot na dete. Diazepam kako sedativ od 10 mg rektalno na dete so infekt, so popratno zabrzana frekvencija na disenje ili zgolemena upotreba na disni muskuli, znaes kolku treba da otide vo respiratoren arest?
Ne, preventivno nikako sedativi za zgolemena temperatura, zgolemena telesna temperatura se namaluva(so nesteroidni antirevmatici, konzervativno so periferno ladenje i.t.n). Temperaturni grcevi se urgentna sostojba I zahteva upotreba na sedativi vo kombinacija so NSID. Epi status e totalno druga rabota (vo vrska so fenobarbitonot).
На внука ми и дадоја, јас не се разбирам од медицина многу ама ми падна чудно ова кога ми кажа мајка и, и викам како бе дијазепам, не знам шо да речам стварно.
 
Како и да ги пишат починатите, претходнава недела 132 починати, пред таа беа 88, а оваа во 2 дена веќе има 50. Што значи овие неколку денес ако ги ставале во статистика од минатата недела, само повеќе ќе биле во таа недела и ќе ги имало во тој неделен извештај.
 
Ми текна сеа нешто, гарант на изјавата на Филипче дека Грција ќе ни прати вакцини на фејс нашите коментираат "бегај бе какви вакцини од нив, ќе ни клат нешто внатре" :ROFLMAO:
Автоматски споено мислење:


На внука ми и дадоја, јас не се разбирам од медицина многу ама ми падна чудно ова кога ми кажа мајка и, и викам како бе дијазепам, не знам шо да речам стварно.

Bolna rabota. Menuvaj go lekarot, po moznost I prijavi. Ova se krupni propusti radi koi luge umiraat.
 
Еве инфо од регионот во кој живеам во ИТ, на 100 позитивни 95 асимптоматични или со слаби симптоми во домашна изолација , 4 се во болница и само 1 на интензивна . Ако некој има волја да спореди со статистиката од МК ? Близу се бројките или слабо?
1605048810869.png
 
Мене баш ме интересира нели имаат статистика за луѓе во критична состојба и слично зошто ке пишат дека пример еден пациент е на респиратор а утре гледаш 30 души умреле.Знам дека респираторот не е репер за ништо али сепак овие пациентите им умираат тукутака или ги мрзи да пишат во текот на денот колку луѓе се во критична состојба.Али се мислам дека резултатот за оваа екстремно голема смртност кај нас остај што е кај самите луѓе што покасно идат на лекар,мислам дека недостатокот на квалитет на здраствена грижа е главен причинител за овие катастрофални бројки.
Или затоа што се јавуваш во Брза Помош и ти викаат нема каде да те хоспитализираме.
 
Епа зашо падна? :D
А бе види, да не ме сфатиш погрешно, не форсирам теорија на заговор, баш затоа и постирав тоа дека "a be batec namerno e ova cekaa da padne i magicno se pojavi vakcina??" е глуп муабет, вакцинава уште со месеци се убрзуваше, не е ова нешто што излезе од небо, нема никаква теорија на заговор тука, се знаеше дека ќе излезе сега, на твоја страна сум на аргументот :D
 
Еве инфо од регионот во кој живеам во ИТ, на 100 позитивни 95 асимптоматични или со слаби симптоми во домашна изолација , 4 се во болница и само 1 на интензивна . Ако некој има волја да спореди со статистиката од МК ? Близу се бројките или слабо?
Прегледај го приврзокот 273980
Тешко е за споредба оти кај нас помалце се тестира.
 
сабајле гледаав на МРТВ1, зошто децата мали немале проблем со К19...немале силен и брз имуно одговор на К19....ама научниците не знаат зошто е така ...веројатно е нешто во врска со Тимусот, така кажа пролетоска и др. Мојсовски....
Но за настинката и грипот пак треба брз одговор... е сега има деца што немаат гајле ни со настинката, а има што имаат...
 
Вчера гледам на фб се бара крвна плазма од нулта позитив крвна група кој прелегал корона објавила една пријателка, и велам пријавиме таму ако вршам работа не ми е проблем да дадам крв, таа ми одговара супер само кажими кога си го прелегал вирусот и дали имаш правено тест за антитела и кажав дека немам правено и во јули дека го имам прележано, ми кажа ке ми се јави...
После пола сат ми се јавува и ми вели ке ме контактира во тек на ден за да вероватно дојдам до Скопје и се организиравме... потоа ми пишува на фб абе ова процеедури милион, формулари ненормална работа, нешто као меѓу редови фала ама батали ке најдеме некој од Скопје ваљда... значи и да сакаш да помогнеш неможеш бидејќи нема кој да ја организира работата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom