Што не рече Јапонија 100м народ со 100 случаеви, на пример. НЕ е решение со полоши да се споредуваме.
Би се надоврзал. Има доста позитивни примери. Од побогатите како што рече Јапонија, Нов Зеланд, Австралија. Интересен е ИЗраел, пред некое време водеше пред сите по број на случаи ама брзо им опадна бројката.
Значи се може!!!
Од посиромашните исто е пример Тајланд.
Од средно богатите значи не премногу богати ама ни сиромашни држави практично цела бивша комунистичка источна Европа за време на првиот бран. Тие држави за чудо сега имаат големи бројки. Зошто? Јас пробувам да најдам објаснување, се си мислам дека премногу се опуштија ама не сум сигурен.
Се може, има примери, си изискува напор, свест, едукација на населението. Не треба ни многу пари како што можеме да видиме од примерот на Тајланд.
Од друга страна јас во државите на европскиот континент на долг рок не им верувам, не ме убедуваат.
Факт е дека на долг рок треба едукација и свашта. На краток рок строги карантини за жал. Е сега друго прашање е како тоа да се направи побезболно, без затварање бизниси, без оставање на луѓе без работа? Дали е возможно? Дали може некако да им се помогне на тие луѓе што би останале без работа. Треба и некој вид на солидарност да се најде која европскиот континент ја нема доволно. Има нешто ама мислам дека не е доволна. И не само таа солидарност, туку и меѓугенерациска и помеѓу различни класи, меѓупарстика чак дури да не се опструираат меѓу себе баш во оваа ситуација. Тоа фали.
edit: неповрзано со темава ама со еден офтопик муабет неколку страници наназад.
@bijons е пред се добра особа и лекарка и посветена на својата професија.
Си ги повлекувам лајната што ги изедов пред днеколу страници.