Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Дали мислите дека детална крвна слика е подобро од пцр тест?

Статистикава дневно што ја објавуваат незнам дали на некој му е од корист, а верувам психички влијае на народот. За разлика од тоа, крвна слика можиш сигурно на различни места да направиш во градот, помалку се чека за резултати и веќе лекарот ќе има некакви индикации кај едноставно гори во организмот и да се прима терапија складно со тоа.
Прилеп моментално е хаос, еден куп луѓе се со симптоми а нема тестови и веќе не е битно дали е Корона или не е, битно е со колку можно полесно да поминиш.
Тестирање за корона само во случаеви кога треба да одиш во болница, надвор од државата итн.
 
... не знам колку би било точно дека има „недостаток на болнички персонал“, можеби треба да се каже има „несоодветно распределен болнички персонал“,
минатата година, па и оваа година на ниво на државата се вработија болнички персонал што редовно, што по рамковен, така не би рекла дека недостасува болнички персонал, туку распределбата на истите на „полесни работни места“ каде нема контакти со многу тешки пациенти, па нема некој кој може да ги распредели таму каде треба, затоа што се „заштитени врсти“, де по роднинска, партиска, па богами и по „симаптија“ врска, така да има случаеви каде уште не работаат со цел капацитет, а „се кријат“ поголем број болнички персонал,
... не би рекла дека болните имаат „постојан“ контакт со нивниот матичен, матичните доктори се „активни“ најчесто само прва смена, а да се рече „постојан контакт со пациентите“ треба да се на располагање 24ч или барем две смени, токму недобрата организација на матичните доктори доведуваат до хаос низ болниците, да пациентите после пладне најчесто немаат каде да се обратат за помош, па одат директно во болница за помош, каде дежурниот доктор е одговорен за пациентите што лежат во болница, а не за други пациенти кои треба да се лечат амбулантски кај матичниот,
Докторка, каде живеете? Персонал нема. Пуштете тв, слушнете вести, директори на клиники јавно зборуваат за тоа. Друго, сте чуле дека и студенти по медицина се мобилизирани?!

Матичните се многу потценети. Од обичниот граѓанин можам да разберам, ама од медицинско лице, никако. Не знам како си давате за право да излегувате со вакви апсурдни тврдења. Матичните лекари се всушност првиот контакт на пациентот со болница. Ептен треба да си во критична фаза (со тешка клиничка слика и екстремно ниска сатурација и лоши параметри), за да успее да се хоспитализира пациентот.

Апсурд.
 
Неофицијално
 
Неофицијално

Околу 1500 дневно ќе биде цело зимо. Сега веќе нема ни што нови мерки да се носат, отиде возот.
 
Да ама дали тие заштитените врсти (блиски до власта, рамковни и слични) некогаш ќе влезат во први борбени редови. Чисто се сомневам. Такви ги има многу, тоа е јавна тајна. Кој од нив не иде воопшто на работа или одмара некаде по клиниките со полна плата.
Слушам дека во првите борбени линии има и персонал со хронични болести (од ризичната група за Ковид), преморени. Дури знам за една медицинска сестра на Инфективна која што е со автоимуна болест, и работи со Ковид пациенти....приморана е.
За матичните, за сите не знам. Знам за неколку матични доктори, кои работат две смени и даваат максимум. Грев е да кажам поинаку.
Секако дека и меѓу нив постојат исклучоци, како и во се друго.
... ај со рамковен е една група, ама другите што се вработени? не примаат пациенти да лежат, полупразни клиники за дерматологија, нефро, офталмологија... итн, а ваму инфективно полно, таму во полупразни клиники комплет болнички персонал сестри, доктори, болничари што прават? ова не е пандемија само за инфективна и нивниот персонал, ова е вонредна состојба за сите вработени медицински лица, а од друга страна не примаат обични пациенти со други болести, а не се вклучуваат за испомош на инфективна, е па кога не може така го префрлат болничкиот персонал, а клиниките празни, ете им сега ќе ги пренаменат во КОВИД 19,
... матичниот, барем така беше замислата, треба да ординира ампуларна терапија со партиципација или не, во својата амбуланта, пациентот да престои неколку часа или цел ден додека се санира моменталниот проблем, а не матичен да биде „писар“ на упати, рецепти,
... дури можам да кажам дека матичните грешат што не им ги даваат извештаите на пациентите добиени по нивната голгота на дијагностицирање по специјалистичките ординации и лаборатории, само со усно кажувано на пациентот...добро или не е добро и со приказ на добиените реултати тој добива капитација од ФЗОМ, а пациентот останува со никакви анализи во раце како докмумент што не е во ред, ама нема кој да каже,
... исто така, матичните доктори капитацијата треба да ја „заслужат“ не само за здравствената услуга направена како преглед, насочување, упатување, совети, препишување упати и боловања, туку и лечење амбулантски со терапија која би била бесплатна или со симболична партиципација исто како кога би лежел пациентот во болница кога би имал потешки здравствени проблеми, а не целосно лечењето да биде во болнички услови, а матичните само писари и оратори, ама на жалост не се доврши трансформирањето на примарното здравство, кое сега е целосно приватно!
 
Последно уредено:

За клиниките го слушам ова

Во однос на матичните лекари можам да го споделам ова сведоштво на лекарка од Куманово
24.10.2020

Не се рекла-кажала муабети, очи во очи дискутиравме околу ситуацијата со Ковид.
Разговорот не се одвиваше во било какво ширење паника и слично, ми ја опиша реалната слика во нашата држава гледана низ призмата на еден матичен лекар.

Првенствено што ми кажа беше дека бројот на официјално регистрирани е многу помал од реалниот (поради немање термини за тестирање). Истата активно во моментот води 18 активни регистрирани пациенти, додека околу 60 се нерегистрирани односно пациенти кои не успеале да се тестираат, поради пребукираноста на Мој Термин.
На оние пациенти на кои не успева да им закаже тестирање, им вршела лабараториска анализа на Д-Димери, РТГ на бели дробови и секако им препишувала терапија за Ковид односно Сумамед две дози и останато....под постојан телефонски контакт, контрола во нивните домови секојдневно преслушување и останато по потреба....секако по истекот на нејзиното раб. време (за кое вели дека повеќе не постои, туку е постојано).

Ја прашав дали воопшто ќе бидат тестирани пациентите (кои не се регистрирани) за кои немало термин. Ми одговори не, доколку нивната состојба се подобрува и доколку лабараториските контроли покажуваат позитивен резултат. Така да тие оздравуваат но не се воопшто евидентирани, и покрај тоа што сите останати анализи (д-димери, рентген и сл.) се поклопуваат строго со Ковид, не друга болест (настинка, грип, ангина или останато). Сето ова била јавна тајна во здравството, мислеше на Инфективни клиники, Министерство и слично....кои им велеле на матичните лекари продолжете како што работите....нема друго чаре.

Истата докторка имала неколку случаи каде што не можела телефонски да ги исконтактира од Инфективна во Скопје, за лица со влошена клиничка слика, за кои била неопходна хоспитализација. Едноставно не можела да издејствува истите да бидат транспорортирани и хоспитализирани во Скопје. Имала и загубано пациенти поради ненавремена хоспитализација, не од вина на пациентот (како што обично кажуваат на вести, дека касно се јавиле на лекар), туку од катастрофалната организација во здравствениот систем. Исто така имала и позитивен случај на млад пациент, кој се вратил од респиратор и сега е во добра здравствена состојба.
Нагласи дека е премногу тешко да се најде место во Скопје за хоспитализација, веќе дури и речиси невозможно. Тестирање едвај, разочарана со солзи во очите кажа "не можам да ги тестирам....повеќе нема термини никаде".
Работи максимално, вчера имала замена па го искористи денот за да дојде до здив....во меѓувреме телефонот и звонеше на секој 15 минути од пациенти.
Исто така ми кажа дека оваа слика е во сите градови низ Македонија, секако и Скопје но сеуште не до толкава мера како помалите места.
 
Докторка, каде живеете? Персонал нема. Пуштете тв, слушнете вести, директори на клиники јавно зборуваат за тоа. Друго, сте чуле дека и студенти по медицина се мобилизирани?!
Матичните се многу потценети. Од обичниот граѓанин можам да разберам, ама од медицинско лице, никако. Не знам како си давате за право да излегувате со вакви апсурдни тврдења. Матичните лекари се всушност првиот контакт на пациентот со болница. Ептен треба да си во критична фаза (со тешка клиничка слика и екстремно ниска сатурација и лоши параметри), за да успее да се хоспитализира пациентот.

Апсурд.
...види, Кулирис, не мора ТВ и да читам и да слушам, ние многу слушаме, читаме нели, ама јас верувам и на мои очи нели? значи вака сакаш да идеме двете на клиника било која сакаш одбери, да видиш со сопствени очи дека освен некој итен случај тежок, креветите се празни, нема интервенции, нема операции кои можат да почекаат, персоналот комплет на таа клиника, де некој се на одмор, де си седат оти нема пациенти освен по некој, а за разлика од инфективна која е полна, цел персонал заморен измалтретиран и без замена, ова не е пандемија на инфективна, ова е пандемија за сите вработени медицински лица,
еве сега ќе видиш / прочиташ како ќе ги полнат сите тие капацитети на клиники кои сега во моментот се празни...дематологија, нефрологија... ете од сега ти кажувам, а ти утре ќе читаш и ќе слушаш!
... трансформацијата на здравството целосно сум запозната, јас не зборувам за тебе или за некој, зборувам општо како беше замислено и како требаше да се реализира, еве кажи ми кога се приватизира примарното здравство, што се подразбира, што спаѓа во тоа ...штом имам „апсурдни тврдења„... и напротив не можеш да почуствуваш дека јас ја укажувам поголемата улога на матичниот кој требаше да ја има, а не само да препишува и дава усни совети, напротив требаше да лечи амбулатски со државна терпија, да има две три простории каде ги бидат згрижени пациентите 3,4 ч додека му се подобри моменталната ситуација или ако не, ќе се насочат во болница, зошто ме перцепираш дека сум нешто против тебе и општо за матичните, навистина не знам!
 
Ако на 30 новозаболени дневно се воведуваа карантини со изговор "да не се оптовари здравствениот систем", а на 1000+ новозаболени нема карантин, дали тоа значи дека Венко и компанија, според нивна логика, сега свесно сакаат да го оптоварат здравствениот систем?

Дали некој ќе поднесе одговорност за вакво катастрофално менаџирање на кризата и неорганизираност кое ја уништи цела економија, го парализира цело здравство, илјадници луѓе останаа без работа, илјадници бизниси се уништија, илјадници луѓе испоумреа и се доразболеа од други здравствени проблеми заради ненавремена грижа?
Од овие бараш одговорност? Овие кои што главниот им е класичен паталошки лажго?
Рамбабова: Добро менаџираме со корона кризата
 
Сега веќе нема ни што нови мерки да се носат, отиде возот.
Има само едно решение, за да не доживееме најцрно можно сценарио. Никој од нас не го сака. Факинг локдаун.
 
Дали мислите дека детална крвна слика е подобро од пцр тест?

Статистикава дневно што ја објавуваат незнам дали на некој му е од корист, а верувам психички влијае на народот. За разлика од тоа, крвна слика можиш сигурно на различни места да направиш во градот, помалку се чека за резултати и веќе лекарот ќе има некакви индикации кај едноставно гори во организмот и да се прима терапија складно со тоа.
Прилеп моментално е хаос, еден куп луѓе се со симптоми а нема тестови и веќе не е битно дали е Корона или не е, битно е со колку можно полесно да поминиш.
Тестирање за корона само во случаеви кога треба да одиш во болница, надвор од државата итн.
Брат мене на крвну слику ништо не ми покажа, ни крвни зрнца покачено како кд си болан, буквално ништо, слика пуцка а коронаш. Можда и не сам ни бија позитиван, можда лош тест, бем ли га.
 
Има само едно решение, за да не доживееме најцрно можно сценарио. Никој од нас не го сака. Факинг локдаун.
Како го замислуваш ти тој локдаун?

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Како го замислуваш ти тој локдаун?

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Како што беше во Италија, Грција, Шпанија и други......сега моментално како што е во Солун, а ќе биде и во цела Грција.
 
Како што беше во Италија, Грција, Шпанија......сега моментално како што е во Солун, а ќе биде и во цела Грција.
Имаш отприлика идеја колку се далеку финансиски од нас овие држави што ги наброја?
Ние и тоа малку затварање што можевме да си го допуштиме(со задолжувања,се разбира) го искористивме коа имаше по 20тина случаи дневно.
Сеа останува само да се молиме што побрзо да заврши лудилово и максимум што може е да донесат некој глуп полициски час,кој секако ништо нема да смени.

Хипотетички го кажав тоа, како вистинско решение во оваа ситуација. Дека нема да го имаме јасно е.
 
Како го замислуваш ти тој локдаун?

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Taka shareno.

Primer za Skopje, site sedat doma i samo do prodavnica da smee. Da rabotat samo 2-3 prodavnici po naselba za da otidesh licno ako mora i toa so dozvolen termin. Delivery prodavnici da ima po naselbi. Apteki dezurni po naselbi i 1x benzinska.

Dvizenje megju naselbi na minimum, da ima policija sto kontrolira. Samo kriticni dejnosti da rabotat.
Posle 1 mesec, da se popusti.

Vaka praat site drzavi, ili ke praat nabrzo za da ne im se desi krah iako 99% se so podobri sistemi od nashiot. . Samo nie se praime pametni i na kraj pak najglupi ke si ispadneme i ke se cudime od kaj se brojkite visoki kako maloumni. Ne znam sto ocekuvate, ako nema merki samo poloso moze da bide, podobro sigurno ne moze.

Ova pogore vo kraen stadium.

Ustvari i ne mora da se misli mnogu, se sto prai Slovenija treba da se primeni. Isti brojki, isto narod. Sea popismeni se i podobar sistem imaat, ama barem nema da treba da im se objasnuva na narodov zasto brojkite i pocinati ili zarazeni se vo Germanija pogolemi od kaj nas.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom