Чекај малку ти нели беше докторка??? Сериозно каде студира кажи ми да одам да го запалам тој факултет и сите професори треба одма отказ да јадат зашто ти дале диплома.
... за да не станеш пироман и насилно да се однесуваш кон недолжни луѓе, еве ќе спомнам некои ситуации, не поради тебе, ти остани онаков каков си со твое знаење, туку во интерес на другите што читаат и ете може ги интересираат :
зголемување на телесна тежина:
-... можно при Кушингов синдром (Cushing's syndrome) предизвикан од високо ниво на хормон кортизол, од различни причини последица да не набројувам,
... можно при стрес (психолошки проблеми) кој се задржува подолго време (хроничен стрес) поврзано со лачење на хормонот кортизол како физиолошки механизам за координација и одговор на сите типови физички и психички стрес што доведува до зголемување на телесната маса,
... можно при примена на лекарства, кортикостеридни лекови, примена на стероиди,
... можно при синдром на полицистични јајници, (поврзано со премногу лачење на инсулин и тестостерон) со што се манифестира со неправилни менструации, проблеми со забременување, растење на вишокот коса и зголемување на телесната тежина,
... можно при задржување на течности, поради различни причини, може лоцирано на некое место или општо телесно,
... можно при несоница,(insomnia) тие кои спијат помалку имаат поголема веројатност да бидат со прекумерна тежина од оние кои спијат повеќе,тие што немаат сон имаат намалено ниво на лептин супстанца одговорна за ситост, а повисоки количини се лачат на грелин, хормонот „стимулирачки глад“.
... со стареење (возраст) постепено се губи на мускулната маса,
... дијабетес, инсулинска терапија
... хипотиреоидизам, намалена функција на штитната жлезда,
и кога некој ќе ви рече дека „ништо не јаде“, а сепак се здебелува и обратно кога некој ќе каже дека „цел ден јаде“ и пак е слаб, верувајте му...не ве лаже, зависно од овие ситуации, а не од начинот на исхрана, човек што има хипертиреоидизам и слон да изеде ќе слабее поради бурниот метаболизам се додека не ја среди хипер активноста на тирео хормоните, како и обратно при хипотиреоидизам со денови ништо да не јаде ќе се здебели напротив од спориот метаболизам од нелачење на тироидни хормони,
... при болеста КОВИД19 важно да се има контрола на сите споредни хронични болести, така да не треба да се дига паника, тие што се со коморбидитети треба само да ја следат својата хронична болест со соодветно пиење терапија,
поголем проблем за самата болест КОВИД19 е имунолошкиот одговор и создадената антитела кога е претерано активирано малтене патолошки и делува не само да го уништи коронавирусот туку и сопствените клетки, од тука опасноста на млади особи без коморбидитети што имаат смртна последица со заразување со коронавирус поради ваков имунолошки одговор и создавање на цитокинска бура со фатални последици за кратко време, телото ќе се „самоуништи“ со сопствениот одбранбен имунитет чиј кривец и провокатор е коронавирусот!