Едно не ми е јасно, како си дозволија европскиве земји после пола година да ги користат истите мерки за сузбивање на вирусот од пролет. А сите имаа мирно лето. Ај тогаш беше нова работа, немаа тестови, цела опрема беше у кина прсена. Ама буквално ништо не направија. Нит да зголемат капацитет на болници, ниту капацитет на тестирање. Зарем една индустриска земја ко германија не може да прави милионски тестирања како кина и да ги лоцира сите случаи? Абе чим ова ти трае толку време треба економијата да ја насочиш на тоа. Место да даваат субвенции за туризам, зашто не вработат луѓе да прават тестови, да лоцираат контакти и тестираат. Кинезите цел државен апарат го искористија за ова, овие тука само карантин и чекај магично да помине.