Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам како е во други градови ама инспекции ршум прават по кафани и кафичи во Скопје. Влагаат со камери за да не можеш да се извадиш со мито. Наоѓаат замерки дури и ако една од масите ти е на метро и 30 наместо на метро и пол.

Малку ми е претерано тоа дека не се почитуваат мерките, сем во Чаир нели.
Јас за ова прв пат слушам. Овде во нескопје до неодамна се си функционираше како ништо да нема. Не дека ноќниот живот го имаше пред пандемијата, ама летово во тој едниот клуб кој што е поактуелен и има услови за забави на отворен простор секој викенд се одржуваа собиранки. Во радиус од пет минути пешачење ги имаш сите државни институции, од полиција, општина и се редум и наочиглед се правеа недоветни, по што сите угостителски објекти, кафулиња овде се во сопственост на два-тројца кои што одржуваат тесни релации со актуелната власт.
 
Запнале едно те исто,нема многу како Каталина со средно фризерско да работат у здравство преку партија,да лапаат плата и мито,да крадат антибактериски сапун од работа и да се залагаат за карантин и затварање по дома.Луѓе вистински работат и им е потребно да го сочуваат работното место
Vistinski rabotele, daaa, so Karleusa na masa I ludilo do besvest...daj molimte:facepalm:
 
Немаат престава дека ланец на ресторани од 290 вработени на платен список,се сведоа на 70 луѓе.Што ке јадат тие 220 души кур ги боли нив,важно да се затворат кафичите
Можеби треба да се размисли за промена те намалување на кафанската култура и луѓето кои зависат од неа и адаптација со новото време, коронава којзнае колку време ќе трае, па после тоа може и друг некој вирус да фати, нема ваљда пак да се вергла зошто кафичите или туристичките работници немаат можност за работа како и порано.:)
 
Јас за ова прв пат слушам. Овде во нескопје до неодамна се си функционираше како ништо да нема. Не дека ноќниот живот го имаше пред пандемијата, ама летово во тој едниот клуб кој што е поактуелен и има услови за забави на отворен простор секој викенд се одржуваа собиранки. Во радиус од пет минути пешачење ги имаш сите државни институции, од полиција, општина и се редум и наочиглед се правеа недоветни, по што сите угостителски објекти, кафулиња овде се во сопственост на два-тројца кои што одржуваат тесни релации со актуелната власт.
Затоа кажав, секој град со своето. Три локали кои ги посетував додека бев во СК се предмет на инспекции секои 3-4 дена со инспектори со камери и метро што шетаат.
Испаѓа како скечот од К15 со инспекцијата, собава сакавме шпајз да биде ама чим често идете може и за вас да ви ја средиме...
 
Можеби треба да се размисли за промена те намалување на кафанската култура и луѓето кои зависат од неа и адаптација со новото време, коронава којзнае колку време ќе трае, па после тоа може и друг некој вирус да фати, нема ваљда пак да се вергла зошто кафичите или туристичките работници немаат можност за работа како и порано.:)
Може.А знаеш дека и хартија човек може да јаде и да преживее? Може е време да се намали културата да се купува храна по маркети и да се јаде вода и хартија.Којзнае каков вирус следно ке се појави :)
 
Не знам како е во други градови ама инспекции ршум прават по кафани и кафичи во Скопје. Влагаат со камери за да не можеш да се извадиш со мито. Наоѓаат замерки дури и ако една од масите ти е на метро и 30 наместо на метро и пол.

Малку ми е претерано тоа дека не се почитуваат мерките, сем во Чаир нели.
Извадок од протоколите за отворање и работа на угостителските објекти:

"На отворениот простор за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци...
Протоколот дозволува максимален број од 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1,5 метри."

Формално правно инспекторите се ДОЛЖНИ да ги казнат угостителите доколку растојанието е како што велиш 130 цм, па дури и да е 149 цм! Инаку, доколку им прогледаат низ прсти тогаш инспекторите ја злоупотебуваат својата функција и овластувања. Исто како да речеш дека не треба да се казни оној кој ти наплатил 150 евра, а ти издал сметка на 130 евра.
А во однос на вториот дел од цитатот, јас не сум видел ресторан или кафана каде на споени маси за 12 особи растојанието помеѓу гостите да биде 1,5 метри! Поправи ме ако грешам.
 
Можеби треба да се размисли за промена те намалување на кафанската култура и луѓето кои зависат од неа и адаптација со новото време, коронава којзнае колку време ќе трае, па после тоа може и друг некој вирус да фати, нема ваљда пак да се вергла зошто кафичите или туристичките работници немаат можност за работа како и порано.:)

Можеби треба и да се размисли за намалување на контактите воопшто со луѓето. Кој знае колку короната ќе трае. Размисли и за имањето секс, глупо е да направиш дете во време на корона, може да се разболи и да умре.

Ебаве тоа мороните тапоглави.
 
Извадок од протоколите за отворање и работа на угостителските објекти:

"На отворениот простор за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци...
Протоколот дозволува максимален број од 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1,5 метри."

Формално правно инспекторите се ДОЛЖНИ да ги казнат угостителите доколку растојанието е како што велиш 130 цм, па дури и да е 149 цм! Инаку, доколку им прогледаат низ прсти тогаш инспекторите ја злоупотебуваат својата функција и овластувања. Исто како да речеш дека не треба да се казни оној кој ти наплатил 150 евра, а ти издал сметка на 130 евра.
А во однос на вториот дел од цитатот, јас не сум видел ресторан или кафана каде на споени маси за 12 особи растојанието помеѓу гостите да биде 1,5 метри! Поправи ме ако грешам.
Со тоа само сакав да инсинуирам дека строгоста се запазува и не е баш така дека во угостителствово ништо не се почитува.

Секаде каде што сопственикот или не е од ДУИ или прв братучед на Заев, се запазува протоколот, на никој не му се јаде казна колку една кола. :)
 
Затоа кажав, секој град со своето. Три локали кои ги посетував додека бев во СК се предмет на инспекции секои 3-4 дена со инспектори со камери и метро што шетаат.
Испаѓа како скечот од К15 со инспекцијата, собава сакавме шпајз да биде ама чим често идете може и за вас да ви ја средиме...
Овде да беше така ништо не викав, ама не е. Полиција запира стандард како порано, за да те казни рандом за нешто. Просторот во кафулињата помеѓу масите од иницијалните два метра растојание со тек на време си се врати на старо. Единствен знак дека нешто се дешава е дезинфекционото на маса и келнерот што носи маска под нос, толку.
 
Може.А знаеш дека и хартија човек може да јаде и да преживее? Може е време да се намали културата да се купува храна по маркети и да се јаде вода и хартија.Којзнае каков вирус следно ке се појави :)
Mene uste ne mi e jasno kako ke se zarazi ako preventivno se samoizolira. Sto voopsto bara da izleguva bilo kade i od so maka. Zdravjeto pred se.
 
Овде да беше така ништо не викав, ама не е. Полиција запира стандард како порано, за да те казни рандом за нешто. Просторот во кафулињата помеѓу масите од иницијалните два метра растојание со тек на време си се врати на старо. Единствен знак дека нешто се дешава е дезинфекционото на маса и келнерот што носи маска под нос, толку.
Абе другар у право си ти за муабетот.Него запрашај се каква челична дисциплина е потребна за да се стави под контрола вирусов,колку големи жртви треба да се дадат и колку време,а една грешка која сигурно ке ја направиме и ке се вратиме на почеток.Нема одговор човекот за вирусов сега за сега.
 
Mnogu malku testiranja imame nie vo dravata na dnevno nivo samo 2000, sto e sramota, dosega barem mozea da napravat sistem so najmalce 4-5 iladi testiranja dnevno za pobrzo lokaliziranje i pronaoganje na zarazenite. I kako vtoro nie sme goveda od luge, ako 1 od semejstvoto ti e zarazen i potvrden na Korona ostanatite od semejstvoto si setat slobodno 3-4 dena se dodeka ne im dadat resenie za izolacija.
 
Последно уредено:
Абе другар у право си ти за муабетот.Него запрашај се каква челична дисциплина е потребна за да се стави под контрола вирусов,колку големи жртви треба да се дадат и колку време,а една грешка која сигурно ке ја направиме и ке се вратиме на почеток.Нема одговор човекот за вирусов сега за сега.
Мене единствена поента ми е ако се прават мерки нека ги прават како што треба, а не напамет пет до дванеесе. Ај на почетокот врска немавме што е вирусот, како се пренесува. Некој ги дезинфицираше и конзервите со паштета од продавница. Од ова што гледам не се ама ништо поспремни од она што беа пред да почне лудилово. Од таа дистанца гледано, извесно е дека ќе не чекаат нови дебакли и куп селективност при спроведување на било какви мерки. Овде, барем во градов, од тоа што слушам најмногу од заболените се од фабрички погони и во автобусите со кои што одат на работа, а работат турбо, не се престанати цело лето еве.
Подобро нека си седи работата статус кво отколку да воведат некои глупости како што најавуваа, со скратено работно време и што ти јас знам, оти се тоа повторно ќе падне врз грбот на обичниот работник, оној што е најизложен и истовремено живее под најголем стрес и неизвесност, по што егзистенцијата му виси на конец заедно со здравјето.
 
Можеби треба да се размисли за промена те намалување на кафанската култура и луѓето кои зависат од неа и адаптација со новото време, коронава којзнае колку време ќе трае, па после тоа може и друг некој вирус да фати, нема ваљда пак да се вергла зошто кафичите или туристичките работници немаат можност за работа како и порано.:)
Трк по тоалетни и одма во бункер и излегување од таму некаде околу 2025 или 2030 за секој случај, да не има уште по некој случај со корона. Или остани таму засекогаш пошто никогаш не знаеш кога може да има следна пандемија.

Какви се не ликови трпи темава еј. :facepalm:
 
Во право е далтонот скроз кога вика дека не знаат кај тераат со мерките.
Оваа најпресна мерка која ја предложија комисијата е резил, да нема движење после 23 часот, алоо живо пиле не пее по улици преку неделата тоа време, се знае гужвите кога се.
И шо демек ако јас излезам во кафана, се гужвам до 23 часот и после дома ако си заминам ќе ме заобиколи мене вирусот или како ?
Не сум за тотално затворање на кафичи и ресторани од аспект шо стварно ќе пропаднат ама оние кои ќе бидат фатени дека не почитуваат основни протоколи нека ги затворат за на век, оти заради таквите трпи цел сектор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom