Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Едно време со дрва и камења се фрлаше на тие на одмор што одеа, слики од колони со возила се шеруваа на формуов и каде не, таа докторката шо беше на зимовање и тие скијачите пуздер цела јавност ги стори со клетви. Паралела тогаш-сега, проблем излегоа келнерите маски што не носат. Многу ниско критериумиве се спуштиле од пред шест месеци. Од маски не знам какви, со филтри, анализи на припустливост, компарации, сега сме дошле до тоа океј да биде под рака ако се носеле маските. Порано хејт се маваше инстантно ако некој ја носи под нос или не дај Боже на врат, кое богохулие само тоа беше.
Еее времиња, порано имаше по 100 мислења дневно на форумот сега едвај две :)
Почекај ене кај е Октомври, пак ќе се врати по старо
 
Шо се акаш, во Охрид и Скопските населби Чаир маир маска е научна фантастика, тука ќе видиш секој втор со маска, ќе ја носи на рака, во продавница или во затворен објект ќе ја стави на уста.
 
Не е само чаир, насекаде низ скопје веќе маски не носат, а имам забележено дури и низ ресторани, кафичи по град на некои места на маса не ставаат гелови за дезинфекција. А да активноста на темата е доста опадната. А начинот на кој напиша дека ете го кај и да е ќе фати Октомври како да ти недостигаат тие денови..
 
Постот ми беше саркастичен, муабетот е дека сега со летото се опушти народот, не се дома луѓето свртени, не гледаат вести, паниката е намалена, сега кога ќе залади кога ќе завршат одморите, кога ќе се приберат дома, пак иста песна ќе се пее, дај Боже да грешам
 
Мене ми фали тоа прекрасно временце. Фиромчето исплашено талка со тоалетните под мишка, шипурката скриена од респиратор умира дома, а јас уживам со кутрината в парк. Полициски, тишина, убајна... ех да се врати пак.
 
Се спрема сега тоа пак од Септември.
 
Најреално маски се стават ако веќе морат, ја речиси секат имам маска во џебот кога се движам низ гужва, тоа колку е чиста е друга работа, оти ја факам со секакви раце, качам симнам, дома ја фрлам некаде, утрето пак ја стуткам во џебот и така додека не земам друга,
имам ви кажувано дека мајка ми ептен се плаши од короната, 100 маски има купено шо се вика, пред некој ден купила N95 150 денари ја платила (од тие без филтри шо се) и ми се фали гледај каква маска купив квалитетна, оваква, онаква и ја отвара, цап ластикот се скина, :pos: леле како сум се изнасмејал:pos:.

И една анегдота да кажам (не бива а да не кажам кога е поврзана со темата).
Пред некоја недела, одам за Шкуп со едни од една локална фирма (немавме превоз до скоро, а и не е битно тоа кој се и што се) и се качимвме во комбето и шефот од надвор не прашува, маски имате ли, ја мојата ја бев стуткал во џебот, ама овие двајцата бркат у фијоката и вадат 2 испреплетени изгужвани никат неиспрани, и шефот и вика, ако ве сопрат цајкани да не ве казнат, не за друго.:facepalm::ojeaa:
 
Еее времиња, порано имаше по 100 мислења дневно на форумот сега едвај две :)
Почекај ене кај е Октомври, пак ќе се врати по старо
Не верувам дека ќе се врати по старо, барем не односот на народот кон вирусот. По таа логика и овие бројки што денес ги имаме сега ќе требаше да владее масовна хистерија, улиците ќе требаше да изгледаат ко сцени од The Walking Dead, а ваму велиш си била на одмор како и грото од народот. После овој летен период и тоа како помина дури и најголемите хипохондрици гледам полека стануваат скептици.
Јас би рекол дека фер е да се признае дека пар ликови на форумов, кои што реално ја согледаа ситуацијата околу карантините и сите тие мерки беа во право. Ние сме сите робови на сопствените навики и природно вродени инстикти. Тоа би рекол и дека е генералниот заклучок од целава оваа ситуација.
 
Па се знаеше дека 2000евра од чоек е неодржливо и хистеријава кога тогаш мора да заврши. Пред една недела на баба ми и понудиле 800евра да ја стават на респиратор и парите да одат за внуците. До март 2021 че бида 300-400евра и никој нема да се нафајча и тогаш имаш колапс на шемава и че го снема вирусов. А копилето Вил Геј џабе ја купи Светска банка сега можи само да го поцица.
 
Постот ми беше саркастичен, муабетот е дека сега со летото се опушти народот, не се дома луѓето свртени, не гледаат вести, паниката е намалена, сега кога ќе залади кога ќе завршат одморите, кога ќе се приберат дома, пак иста песна ќе се пее, дај Боже да грешам
Не. Постот ти беше карактеристична, за тебе, реакција со релативизација на пишаното во постот претходно, пред тебе, во кој се презентира работата на Албански угостителски субјект, кој карактеристично за нив, во коментарите го потврдуваат јавно, она што го прават - Да, не важат законите и правилата кај нас и за нас, еве јавно кажуваме по кој знае кој пат и кој ве ебе вас.
Тоа беше поентата на постот претходно, на кој ти не издржа да изрелативизираш, со она што патетично веќе, го правиш кога било кој ќе укаже на било која од албанските хирови, па вообичаено велиш нешто во стилот на - Еве и кај нас така прават, не се само они. Еве и у Охрид и у Битола и така натаму...

Никаква друга поента, ниту значење немаше твојот пост, освен да се обидеш да изрелативизираш некоја албанска кур-ме-боли-за-корона-не-ве-ебам-што-сакам-ќе-правам ујдурма. Во случајов - постот пред тебе.

Инаку, има ли некоја сендвичара или ресторан у Битола или Охрид, у кој никој не носи маска, ни вработени, ни гости и кој кога ќе го посочат на интернет им одговара - Да бе, не носме, ми можеш нешто?
 
Рано е уште, неофицијално од крај на Септември.
13 Oктомври неофицијално почнува јакото.
Купувајте космонаутски скафандери со време.Само тоа е спасот.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
13 Oктомври неофицијално почнува јакото.
Купувајте космонаутски скафандери со време.Само тоа е спасот.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Ја знам таа форумска корона-школа на точни датуми и одбројување денови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom