Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Индустријализацијата ако мислиш дека толку големо добро ни направила, тогаш зошто се поголем е процентот на хронични незаразни болести во светот? Процентот на морбидитет и морталитет од овие болести е загрижувачки во развиените земји, а се поголем и во земјите во развој. Секој втор човек има проблем со притисок, дијабет, астма итн.

Сериозно ова го напиша ... Одбиваш да прифатиш факти дека индустриско технолошки развој е причина за зголемена популација и подолг животен век, ја обвинуваш индустријализацијата за хронични незаразни болести, а "заразните" не ги ни спомнуваш, нема проблем (y).
1. Стрес
2. Неправилна/нездрава исхрана
3. Токсини во кои влегуваат: антибиотици, вакцини, секакви лекарства (со 1000 нус последици) кои докторите ги препишуваат како бомбончиња, разните хемиски елементи во кондиторските прехранбени продукти, се што ја уништуваш "нормалната" бактериолошка состојба кај човекот.

Во неразвиените зашто сеуште ги имаат болестите кои во развиениот свет ги нема, во Индија, Африка зашто има се повеќе парализирани деца ... @Peja989 проба да биде смешен, ама му проработи логиката ваљда.

Дали е психолошки феномен кај вас медицинските лица или не знам што, ама до толку со логика да сте скарани, лично се да земате, за да тресете зелени/спинови или па суетата ви е до плафон, а никој директно не ве обвинува ниту напаѓа ... :toe:
Системот што го злоупотребуваат одредени групи е тоа што го критикуваме, јасно ми е дека вие само следите наредби, ама па ако се правите слепи, тогаш ова што сега ви се случува (изнемоштеност од прекувремена работа, реално слабо платени, никакви услови за работа) и си го заслужувате.

Затоа што претходните САРС и МЕРС, успеале да ги стават под контрола. Помал процент на луѓе се заразил со истите и многу полесно било да се контролира.

Како успеале ... со што успеале кога ниту има лек, ниту вакцина, ниту ништо.
Помал % дека се заразил ќе ти држеше вода, доколку немаше толкава динамика/проток на луѓе, т.е. да се случило пред 100 години.

Документарците за Шпански грип ти даваат објаснување зашто младите биле на удар, зашто тие што се грижеле за нив, не се заразувале или приказни и бајки. Ти кажуваат ли кога започнува, кога и зашто завршува, колку вакцини примиле претходно тие млади луѓе, зашто не се повтори, итн итн ....
 
104866700_10221605070528534_2534767804116921521_n.jpg
 
проба да биде смешен, ама му проработи логиката ваљда.

Друже, кога станува збор за хумор за тебе сум Дејв Шапел лично и персонално.
Во врска со твоето бладање, се заебав што воопшто ти реплицирав.
 
Све све,aмa кoгa ке видaм Шуткa сo сaмo 72зaбoлени,стрaв ме фaќa кoлку не лaжaт и кријaт зa вистинските брoјки.Тaму мoже нa дневнo нивo тaквa брoјкa дa имa
 
Друже, кога станува збор за хумор за тебе сум Дејв Шапел лично и персонално.
Во врска со твоето бладање, се заебав што воопшто ти реплицирав.

Па тоа кажав де, дека си комичар, многу смешни постови имаш.
Реплицираше, сакаше нешто да кажеш и те снема, за да не видат другите колку си :noze: .
 
Кај нас нема прв, втор, трет....бран. Ние сега сме како залутан чамец во невреме на отворено море.....постојано разбранувано....
Сега на сето тоа дополнителен ветер.....отворени граници без тест или изолација, избори.
Медицински кадар немаме, џабе бројат кревети.....
Недај боже да му притреба на човек итно специјалист, хируршка интервенција......ако нема пари за приватно....тешко него.
Ова е позната приказна, каде што кој ја шиша комисијата....им требаат за да гласаат на избори, друго не ги интересира.
 
Немој да се срамиш ако имаш проблеми со изразување, ќе ти помогнеме, само во друг подфорум, не тука.

Важи, кога ќе имам потреба да усовршам хуморот, секако ќе те/ве побарам. Фала на понудата, драго ми е што сте група комичари. (y)
 
Да ја спомниш Индустријализацијата а да не го спомниш напредокот на медицината во 20ти век ти е во најмала рака селективно...
Да, Сапунот, пронајдените факти истражувања за режимот на исхрана, Медицината се главни фактори зошто сме во 2020 8 милијарди спрема 3 милијарди во 1920.
Продолжете со полувистини да се докажувате. whatever flows that boat.
 
Ова што трети ден се опседнавме со Ѓоковиќ додека последните капацитети се пополнуваат по болниците,од слепо црево ке се умира како пред 100 години,укажува уствари зашто сме ние таму каде што сме.Ние сме дното.
jas od pocetok ne sfativ za kogo se raboti...Nole pa Nole...se si mislev za onaa NONE mubetite,onaa meraklija na crni klasja.
 
Кај нас нема прв, втор, трет....бран. Ние сега сме како залутан чамец во невреме на отворено море.....постојано разбранувано....
Сега на сето тоа дополнителен ветер.....отворени граници без тест или изолација, избори.
Медицински кадар немаме, џабе бројат кревети.....
Недај боже да му притреба на човек итно специјалист, хируршка интервенција......ако нема пари за приватно....тешко него.
Ова е позната приказна, каде што кој ја шиша комисијата....им требаат за да гласаат на избори, друго не ги интересира.


Овие и кога лажат не можат да се синхронизираат едни со други. Не знам зошто воопшто и таа комисија постои, ако држат до себе нека се распуштат, оти очигледно спроти нив стои друга комисија од "експерти" составена од овој што го викате Обиџуко, Зајко и остала багра што работи во консултација со духовни водачи, врачови, Али Ахмети, вуду, шамани, Бујар Османи, езотерија, окултизам...па после баба рада следи можда некој лекар од дуи со диплома шверцована од Косово.
 
Сериозно ова го напиша ... Одбиваш да прифатиш факти дека индустриско технолошки развој е причина за зголемена популација и подолг животен век, ја обвинуваш индустријализацијата за хронични незаразни болести, а "заразните" не ги ни спомнуваш, нема проблем (y).
1. Стрес
2. Неправилна/нездрава исхрана
3. Токсини во кои влегуваат: антибиотици, вакцини, секакви лекарства (со 1000 нус последици) кои докторите ги препишуваат како бомбончиња, разните хемиски елементи во кондиторските прехранбени продукти, се што ја уништуваш "нормалната" бактериолошка состојба кај човекот.
Да, сериозно тоа го напишав. Еве пак ќе повторам (за оние кои уживаат да испревртуваат зборови). Со развојот на вакцините, како дел од примарна превенција (спречување на болести кај здраво лице), огромен број на човечки животи се спасени. Јас лично, имам двајца дедовци од на мајка ми страната починати од дифтерија, а од на татко ми еден. И не негирам дека технолошко индустрискиот развој и подобрувањето на хигиената и условите на живеење придонесуваат за тоа. Квалитетот на живот е далеку подобар!

Но, како што кажав, секое време си има свои предности и недостатоци. Брзиот начин на живот и сите тие фактори што си ги набројал погоре, освен АНТИБИОТИЦИТЕ, кои патем се лекови кои ги уништуваат бактериите, сите тие фактори се последица од индустријализацијата и причина за се поголемиот број на хронични незаразни болести.

Во неразвиените зашто сеуште ги имаат болестите кои во развиениот свет ги нема, во Индија, Африка зашто има се повеќе парализирани деца ... @Peja989 проба да биде смешен, ама му проработи логиката ваљда.
Затоа што процентот на вакцинација во овие земји е многу мал. Само за споредба, процентот на вакцинација за морбили во Македонија, пред една година беше на пониско ниво од потребното, па имавме епидемија на морбили. Колку дечиња го изгубија животот, знаеш? Што би му кажал ти на ваквите родители, м? Дали мислиш дека не е себично, да си ги вакцинираат домашните миленици, а децата да бидат оставени на милост или немилост?

Дали е психолошки феномен кај вас медицинските лица или не знам што, ама до толку со логика да сте скарани, лично се да земате, за да тресете зелени/спинови или па суетата ви е до плафон, а никој директно не ве обвинува ниту напаѓа ... :toe:
Системот што го злоупотребуваат одредени групи е тоа што го критикуваме, јасно ми е дека вие само следите наредби, ама па ако се правите слепи, тогаш ова што сега ви се случува (изнемоштеност од прекувремена работа, реално слабо платени, никак
Ќе бидам нескромна и ќе кажам дека сум стварно приземна личност, знам што зборувам и не тресам зелени на памет. Тоа што сум го читала се вика Kuby и Janeway. Тоа е наука. Може да истражиш низ интернет.

Како успеале ... со што успеале кога ниту има лек, ниту вакцина, ниту ништо.
Помал % дека се заразил ќе ти држеше вода, доколку немаше толкава динамика/проток на луѓе, т.е. да се случило пред 100 години.
Со најстарата и примитивна техника. Карантин!
 
Ova e klasicno monty python scenario i didnt vote for you. A toa so kazal ili ne gjokovik i ne e bas bitno, on ke bide i ponatamu etikiran kako moron bez razlika so negovata zena leci kivanje so zelka, toj prisustvuval na event kade ima masovno zbiranje i pridonel sirenje na bolest vo ek na pandemija.

4@0
not sure, овде мислиш на зелка или желка?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom