Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Од родниниве, уште две фамилии останавме во кои немало ниту еден случај или не сме дознале :D
ти си сумњив
имаше некои чудни симптоми пред едно три-четири месеца
 
ти си сумњив
имаше некои чудни симптоми пред едно три-четири месеца
Одамна беше тоа, во април месец. Дури и да сум имал, немам антитела веќе. Имав температура 25 денови и главоболка, ништо пропратно :D
Тестот ми беше негативен, а и никој во мое најблиско опкружување не пројави симптоми. Да не заречам, ама 10-те луѓе со кои сум во постојан контакт, ниту еднаш не пројавиле симптоми. Ама затоа од поширок круг и роднини, сите испоболеа.
 
Хроничните болни и така не добиваа соодветна него преку нашиот здравствен систем, кој без врски, со децении, функционира само до настинка (а понекогаш и со врски). За повеќе, на приватно ќе си платиш, ако сакаш некакво решение.И не е никаква тајна тоа, за жал.Епидемијава само го појача тој и така горлив проблем.
...пааа, дискутабилно, не е баш така, јас имам примери кои токму такви хронични пациенти „лечени“ по приватните болници повеќе им се влошила ситуацијата, па повторно препратени по јавните болници, да не спомнам тоталното финасиско исцедување на истите по приватните болници, што голем број пациенти дури подигнале кредит токму поради лечењето,

...еве еден пример, не можам да се помирам дека денес во 21 век, жена третирана после хистероктомија (остранување на матката), во приватна болница подигнала кредит сето тоа да го плати, но задоволна дека здравјето и’ се подобрило, а парите ќе ги заработи, после следи краток период на давање на цитостатска терапија, за да неколку месеци повторно и се слошило, го посетила дотичниот што ја водел во приватната болница, као ја прегледал и дал терапија и демек ќе се подобрело, но напротив младата жена уште полош период ја фати, па кога „виша сила“ ги мести работите, се сретнавме и ми се пожали барајќи мислење, и’ предложив да ги провери бубрезите, но не во приватната болница кај истиот лекар кој ја водел, туку во државно на клиника, зошто веќе била финасиски исцрпена и така направила, на ехо познат специјалист гласно кажувал што гледал, овде јајник, овде израсток во матка, овде циста на бубрег...а она, као ,,докторе мене ми е остранета целосно матката, еве ги документите, тој ги погледнал го свртел мониторот и рекол, ...,, јас кажувам што гледам, еве го јајникот, еве ја матката...тоа што и кој пишува , не знам“... да скратам, жената дала голема сума на пари за операција која не и била направена, односно била „отворена и затворена“ и што е најлошо дадена цитостатска терапија која само ја фаворизира лошата состојба, сирота подигнала уште еден кредит, па се на суд, ама што може единка наспроти гиганти од привантите болници, ова само пример, да се нема поверење во никого, за сопствено здравје мислење од повеќе доктори од различни бранши и болници,
 
Знам дека те крадат по приватниве. Посебно во Систина.
Но, на државно без врски, ништо поголемо од настинка не можеш да решиш, веќе триесет години.
... врските се само ако треба дијагностика со апаратура, инаку врска со познанство не ти треба, барем еве јас кога одам повеќе тие се жалат од здравствени проблеми отколку да ислушаат и си велиш, уффффф овие самите не можат да се излечат, а не пак другите...ама тоа е друга тема!
 
Искрено никогаш во животот не сум видел нешто корист од државно здравство освен плаќање 700 ден за магнетна за која требаше да чекам 8 месеци и за која изгубив нерви соочувајки се со нашиве доктори кој те препраќаат од едно на друго место несакајки да го потрошат својот упут за магнетна... Поарно 15000 на приватно ке беше .

Па што фајде ако јас плаќам 3000 денари здраствено секој месец кога треба да завршам работа пак мора на приватно , исти случај и со татко ми потроши 5000 евра во Систина за да остане жив....нека направат здраствено да биде на доброволна база кој сака нека си плаќа јас одма се откажувам, ке си терам работа на приватно, изгор скапо ама добиваш услуга за која си плаќаш , секако дупло сите плаќаме ако сакаш квалитетна услуга.
 
Проблемот е, што здравството е толку утепано, што понекогаш и со врски не можеш да завршиш нормална работа, која на приватно ќе ја завршиш.

Како беше статистиката на нашето министерство за здравство - на секој лекар/медицинска сестра доаѓаат 9 администрација, или слично нешто беше. Епа тоа е доволен показател.
И сега кога јајцето на газот ќе дојде - срање е, епа срање е, нормално.

Лекарите кои се напикале со врски, верувам дека поуспешно вадат разни оправданија и во моментов си зимаат боловање, накалемено на одмор, накалемено на неплатен, или кои и да им се модалитетите за отсуство. Оние кои чекаат решение, веројатно гинат на работа сега.
После пандемијава, исто така не верувам дека тие кои гинеле, соодветно ќе бидат третирани, за разлика од тие кои забушавале, а се преку врски на работа. (добро, сите се преку врски кај нас, само кој има појаки)
 
Искрено никогаш во животот не сум видел нешто корист од државно здравство освен плаќање 700 ден за магнетна за која требаше да чекам 8 месеци и за која изгубив нерви соочувајки се со нашиве доктори кој те препраќаат од едно на друго место несакајки да го потрошат својот упут за магнетна... Поарно 15000 на приватно ке беше .
Па што фајде ако јас плаќам 3000 денари здраствено секој месец кога треба да завршам работа пак мора на приватно , исти случај и со татко ми потроши 5000 евра во Систина за да остане жив....нека направат здраствено да биде на доброволна база кој сака нека си плаќа јас одма се откажувам, ке си терам работа на приватно, изгор скапо ама добиваш услуга за која си плаќаш , секако дупло сите плаќаме ако сакаш квалитетна услуга.
... види, многу е лошо кога мислиш дека добиваш квалитетна услуга, ама тоа не е кафана, па ќе ти донесат скара и пиво, па ќе се знае дали е квалитетно или не, сите дијагностички анализи би рекла кој ги проверува дали се предложени и направени поради токму тој комерцијален бенефит или навистина имало таква потреба состојбата на пациентот? ...прв пат одиш на специјалист се жалиш од некоја здравствена состојба, а тој веднаш „да направиме магнетна“ ... тоа ли е квалитетна услуга?
еве кажи твојата магнетна што си ја направил и си изгубил толку време и нерви дали била неопходна и во што конкретно кај тебе помогна, освен што си платил?
 
Не знам зошто се инаетат, ако не можат да се справат, зошто не ги вклучат така да ги наречам "опозициските" доктори, барем оние на кои ова им е специјалност и се познати и признати. Ниту Марковски ниту Даниловски (веројатно и други) се дел од Комисијата.
 
нека направат здраствено да биде на доброволна база кој сака нека си плаќа јас одма се откажувам

Апсолутно се согласувам! Зошто некој здрав кој иде еднаш во 10 години на лекар да плаќа за некој неодговорни косовари да се лечат преку врски.

Па и како што викате и еднаш да отидеш у 10 години пак нема да те услужат како што треба или ќе чекаш со недели па на крај пак ќе завршиш во приватна..

Нема никаква основа плаќањето на здравствено да биде задолжително.
 
Здравството ни е катастрофа многу одамна. Последен пример пред да започне пандемијава.
Девојче со камења во жолчка, силно воспалена....неопходно хируршко лекување. Хоспитализирана во стара градска, лежи четири дена без да влезе на програм за операција кај хирургот кој ја примил. Ден потоа преку врски доаѓа аберот дека требало мито да се даде....нели за да биде се како што треба. Но не се лапароскопска метода, туку класична. Мрсно мито.
Се одлучуваат да одат во приватна клиника, каде што истата интервенција се завршува лапароскопски, секако по итна постапка.....итно и морало да биде (пред прснување било).

Прекрасно би било кога нашите пари кои месечно ни се одбиваат од плата како "придонес по основ на здравствено осигурување", да имаме право да ги користиме ние каде што сакаме (приватно или државно).
Тогаш мислам дека и во државното здравство би се подобрило нешто, можеби ќе бидат мотивирани повеќе да работат. Но под услов и они да бидат на некаков процент по заслуга и слично....не клати врата, земај плата....така ќе продолжат да уживаат.

Сега Ковид-от ја дигна прашината од подовите на државното здравство....секој да види колку е ефективно.
 
Некои од лекариве и сестриве ангажирани во државно треба по кратка постапка да се успијат. Толку ароганција и неспособност во комбинација со корумпираност има само уште во политиката (не е чудно што многу од нив се префрлија баш таму). Искрено, кога се работи за животнозагрозувачки здравствени состојби, човек е подготвен, ако може да си дозволи, и да биде „ограбен“, за да се спаси себе или некој најблизок. Моето искуство, не така далечно, упатува на тоа дека ако веќе се лечи човек и се „фрлаат“ (иако за здравје никако не се “фрлаат“) пари подобро, побрзо и поквалитетно ќе се заврши работа во некоја од попознативе приватни клиники, отколку во некое државно дувло.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom