Странски инвестиции

  • Креатор на темата Креатор на темата NonameMacedonia
  • Време на започнување Време на започнување
Сега гледам оти ми ја доловуваш поентата на првичниот пост. Јасно ни е на сите зошто актуелнава власт беше инсталирана. Јасно е дека немаат намера да се занимаваат со економија, ниту пак капацитет. Единствен допир со економијата им беше тоа што го сменаа рамниот данок со прогресивен па се пишманија и го вратија по старо. Толку.

Јас разбирам оти пост-транзиционо ние не бевме во состојба да пребираме странски инвеститори. Политиката на Вмро околу ова прашање имаше еден куп дупки, нејсе, не е спорно дека се донесоа неколку крупни фабрики. Ама до сега требаше да се работи на останатите сегменти од сложувалката. Образованието ни е дно, градиме патишта со децении и пола од нив ни се заглавени по судски лавиринти заради тендерски недоследности, грешки во трасата. Паѓаме надолу на листата на doing business, кредитниот рејтинг ни е се полош, немаме ни попис на население направено а зборуваме за бројки, вадиме статистики од ракав. Да не ја споменувам само корупцијата...
До сега требаше да имаме солидна основа за привлекување на нови инвеститори, далеку поквалитетни. Оти верувај, на фабрики како VW кој што сите овде не одмина и чинам отиде во Турција, му треба пред се стручен кадар, инженери, електричари и.т.н. второстепени се субвенциите. Прати го случајот со Ирска и ќе видиш каде ја однесоа политиките за привлекување на странски инвестиции и кои компании имаат фабрики и седишта таму.

Ако нам репер за успех ни се држави како Виетнам каде што единствен мотив за инвестирање е ефтината работна рака, тогаш секоја чест, сме успеале.
Затоа сон на секој ќе му биде да работи на државно или пак да му ја кидне од тука. Сум работел извесно време во една од тие странски инвестиции, имам доста пријатели кои што се уште работат и апсолутно никој од нив нема намера да работи долгорочно таму, да лепи жици. За повеќето се само попатна станица, додека не му излезе работната виза за Германија или БГ пасошот.

Далеку сме ние и од виетнам, а ирска може да ја сонуваме. Во ред е се што кажа али има многу многу работи што не сложени ниту пак ќе ги сложат овие, прашање е дали и другите можат.

Во куси црти, нема да привлечеме никогаш поквалитетни инвеститори. Смешно беше тоа со VW дури и луда работа би рекол. Којзнае колку Меркел се смеела после состанокот со ЗЗ.

Од овде натака треба поголема соработка со дијаспората, повеќе работење на домашните компании, едукација и инфрастуктура. Нема шанси за подобри странски фирми, немаме адекватен кадар прво, ниту инфраструктура ниту пак сме голем пазар...

Виетнам е светлосни години пред нас, колку да имаш престава они лани привлекоа повеќе од 20 милјарди долари инвестиции... Од една страна амери и кинези инвестираат на големо од друга страна Виетнам лани потпиша договор за безданочна трговија со ЕУ плус имаат таков и со АСЕАН.
 
Има иста ваква тема и надолго и нашироко е дискутирано. Проблемот е што сме останати на истите политики од пред 15 години по ова прашање, апсолутно ништо не е сменето, ниту се работи нешто да се смени. Немаат капацитет ниту овие сега ниту пак наредните, ако евентуално ги заменат.
Се вмешав оти на темава ептен се гледа еднострано. Земјите ги дадов како пример. Мене ми е јасно дека Мајкрософт нема никад да отвори компанија тука, ама затоа можеше да се отворат повеќе од типот на Ван Хол. Едноставно да се направи некаква стратегија по ова прашање. Ама што да очекуваш од земја каде што првиот човек за економија ти вели инвестирај во недвижнини, наместо во бизнис. Се виде колку е саат тука одамна.
 
Доста од нив завршија и неславно, како шведската млекара
Шведска млекара е успешен проект. Објектот на фабриката, машините сето тоа е денешен "Суташ" кој вработува 200 вработени и откупува добри 20-30% од вкупното млекопроизводство во државата. Се здробија од реклами по телевизии, производите им ги има во секој маркет.
 
Hm ne sun znajal
 
Тоа беше криминал од епски размери. Колку само сточари инвестираа во фарми, се задолжија по банки со кредити за на крај да му се деси тотален колапс, ни пари зедоа за предаденото млеко а кравите ги продадоа по багателни цени. Она што беше ТАТ за штедачите Сведмилк беше за сточарите.
 
Рака на срце и како и да се гледа на политиката на претходната влада во овој поглед мора да се признае дека донесоа фирми кои овозможија многу вработувања, а овие освен промена на име, двојазичност и слични идиотски проекти не ги бива да донесат инвеститор што ќе отвори една трафика.

Е сега работите не се така сјајни и убави со тоа што:

  • ако веќе даваш помош за придонеси на странските компании и бесплатни земјишта, давај и на домашните.
  • не рекламирај само ефтина работна сила, туку експертиза, специјализирај го населението во однос на потребите на тие инвеститори, хаосот што е направен во образованието доправа уште повеќе ќе го осетиме, од матурантите 99% се запишуваат на факултет, а од запишаните сигурно преку 80% и завршуваат. Сум видел на технички факултети да завршуваат дечки што немаат капацитет ни за средно налбатско. Иселувањето и рамковниот придонесоа по ова прашање да сме тешка мизерија, со чест на исклучоците ама во државни институции, образовни институции и тн имаме луѓе кои и сами не знаат кај тераат, а не пак да пренесуваат знаење или да носат одлуки и стратегии.
  • правниот систем мора да се испегла за да имаат доверба инвеститорите да инвестираат тука. За жал и претходните и овие судската власт ја направија најкриминалното тело што може да се креира, во комбинација со полицијата служеа/т како тело за рекет и закани.
  • корупцијата, непотизмот и неписмената администрација која ги заглавува бизнисите и не им дава сигурност и експедитивност во решавање на тие бирократки и административни глупости. Во овие кругови може да заглавиш и за глупости да ти запри цел работен процес со месеци.
  • „легалниот рекет“, немаме никакви стандарди, штимани и нарачани инспекции кои еден казнуваат за 5 денари разлика во фискална каса, а друг го пуштаат да работи со години без никакви стандарди. Еден куп работат со фалц дипломи и овластувања, особено на таа страна на Вардар.
  • голем дел од тие странските инвеститори се шаблон за перење на парите кои ги крадеа од државата. Носиш некој чауш од надвор кој за одредена сума глуми инвеститор, а уствари е само управител додека да се свртат црните пари низ легитимен бизнис.
Јас искрено се чудам како и тие инвеститори се одлучиле да инвестираат, јас лично не би инвестирал ни 5 денари во земја каде што екс терористи се министри и се закануваат дека ако немало двојазична табла ќе правеле пролетни офанзиви и акции како тие во 2001ва, земја со неписмен кадар, земја со килава администрација, катастрофално судство, полиција, инфраструктура...

Околу Wizz Air, не знам колку не заглавија со кредити за да го одржуваат тука, али позитивното со него е што мрднавме сите да видиме троа бел свет со ефтини карти, инаку до членките на екс Југославија не можеме да купиме авионски билети, а не пак подалеку.
 
Тоа беше криминал од епски размери. Колку само сточари инвестираа во фарми, се задолжија по банки со кредити за на крај да му се деси тотален колапс, ни пари зедоа за предаденото млеко а кравите ги продадоа по багателни цени. Она што беше ТАТ за штедачите Сведмилк беше за сточарите.
Малку за sweedmilk од моја гледна точка како што јас разбирам. Sweedmilk склучуваше договори со сточарите на секои 3 месеци, при што редовно и го исплакаше млекото. Во еден период млекара наеднаш престана да добива порачки за млечни производи, со други зборови ги изгуби пазарите и нормално насобра залики и почна да работи во загуба. Менаџментот одлучи да ја затвори фабриката и да не ги продолжува договорите. Нема на ни еден сточар што не е испочитуван договорот и што е прекинат. Од друга страна имаше сточари што почнаа со 2 грла крупен добито (крави) а стигнаа до 20 за што земаа кредити од банки на подол рок од 3 месеци, периодот за кои имаат загарантиран откуп.
 
Важат истите услови за странските инвеститори што беа во програмата на вмро. Само странските промотори се укинати и рекламите кои што вртеа на CNN. Поволностите во форма на субвенции и ослободување од давачки се уште важат.

Економската логика не функционира по тие принципи. Затоа и прашувам, дали 10 години подоцна сме во добивка или во загуба? Дали некој направил некаква анализа дали воопшто вреди да се одржи досегашната политика за привлекување на странски инвеститори или треба нешто да менуваме. Оти не се само субвенциите главен мотив некој да дојде да инвестира. Колку воопшто се вложило во образованието, во креирањето на стручен кадар, во инфраструктура - патишта, мостови, пруга, дали имаме добри закони кои што се спроведуваат во пракса, колку ни е ефикасна јавната администрација, како котираме со степенот на корупција...
Има еден куп работи на кои што требаше да се работи ама намерно се изоставија, се турнаа под тепих.

Ме интересира и колкав е степенот на соработка на домашните компании со странските и колкав дел од суровините истите ги набавуваат од кај нас а колкави количини увезуваат од надвор. Оти сите индикатори велат дека извозот во зоните расте паралелно со увозот.

Никогаш не дознавме колкав број луѓе поминаа низ таа фамозна инвестиција во аеродромот и ги искористија субвенционираните летови во еден правец. Уште еден важен индикатор за да дознаеме колкав е импактот на иселувањето врз намалувањето на невработеноста.
Ова колку и да коштале или „битно да се гради“ ме потсеќа на заблудата за „скршени прозорци'. Со ваква економска логика ќе си останеме вукојебина.

П.С За тие што сакаат да разберат што зборам - https://www.investopedia.com/ask/answers/08/broken-window-fallacy.asp
 
За скршени прозорци може да збориме во контекст на приватизацијата кога сегашната гарнитура со БЦ на чело ги скриши буквално сите прозоцорци, си ги собра парите, не изградија ништо, а успат ги ограбија и оние малку штедачите што имаа по некоја марка со ТАТ (ова како втор грабеж после оној со порпаста на Југа).

99% од странските инвестиции се грин филд инвестиции. Не се правеше никаква штета него се градеше од корен. Да делумно беа субвенционирани али како колку и што никој точно неможе да каже. Глупо е да водиме муабет во тој контекст кога оние што ете треба да дадат точни цифри (сегашната гарнитура) и да докаже дека ете било тоа грешна стратегија, ќути и со никаков интензитет пробува да ги копира предходните.

Економската логика е едноставна, му да даде можност на народот да се вработи, да научи нови вештини и да се проба за бизнис и претпримништво. Тоа кој колку се снајде и успеа да заработи или да се вработи е друга приказна ама факт е дека економијата ни мрдна од мртва точка.

Дека имало пропусти, грешки, лош тајминг и ред други работи имало. Не заборавај дека не пресече и GFC и дека имаа неколку откажувања и пропаднати зделки баш ради тоа. Се на се, можеше подобро, како што кажа @Joe Dalton требаше сега многу работи да се надградат и прошират и да има поголем бенефит ама тоа кај нас тешко иде при промена на власт. Ќе се вратам на Виетнам, таму е еднопартиски систем и си работат плански. Овде тоа неможе да биде, еден гради, еден уништува....

Ко незна да направи а уме да уништи?
Наравно комунисти....
 
Ова колку и да коштале или „битно да се гради“ ме потсеќа на заблудата за „скршени прозорци'. Со ваква економска логика ќе си останеме вукојебина.

П.С За тие што сакаат да разберат што зборам - https://www.investopedia.com/ask/answers/08/broken-window-fallacy.asp

Ние немаме веќе ни врз што да градиме економија. Првиот крах ни се случи со криминалната приватизација а вториот со доаѓањето на преродбениците. Првиот беше очигледен грабеж, вториот дојде како завиткана обланда т.н преродба која што се надградуваше десет години и ако имаше за намера нешто суштински да промени сега после толку време поминато требаше да ги бериме плодовите од таквите економски политики. За тоа колку беше ефикасна најдобрата економија во Европа говорат и бројките на економски раст кои што во просек се движеа околу 3% што е пак многу мал раст ако се земе во предвид дека сме економија во развој, а таквите економии, еве да го земеме Виетнам на пример и остала боранија од тој тип, остваруваат раст и над 7% годишно. Нам главен двигател на растот во ерата на Груки ни беше градежништвото, водени од мантрата ,,битно е да се гради што дека се кради'' - ни изгради мал Дизниленд среде Скопје под изговор дека парите ќе се врателе од туризмот за едно 500 години од сега. Толку беа отчетни и транспарентни во трошењата та до ден денес не дознавме колку пари целото тоа лудило чинеше, гледам и бројчаникот на триумфалната не престанува да врти.

Ако гледаме еднонасочно, тогаш да, од социјален аспект странските инвестиции си ја остварија улогата, меѓутоа од економски - тешко. Се плашам дека со толку даночни олеснувања, субвенционирање, единствено што останува е платата од тие 300 евра за кои дури да дојдеш до нив ќе треба да изработиш надчовечки норми во три смени, во месецот да ти се погодат две недели каде што ќе работиш трета смена, да работиш и во саботи за што си дополнително платен, па да стигнеш до плата над 20к. Е сега кој е во состојба тоа долгорочно да го поднесе...плус си во допир со штетни хемикалии, жички премачкани со отров за глувци кои што се дел од автомобилската инсталација.
Ако се гледа на предностите, платено ти е апсолутно се. Превоз, храна, прекувремени...нешто што за голем дел од македонските фирми тоа и ден денес е научна фантастика, а да не правиме муабет за пред тоа.
Сепак, 99,9% ако треба да избираат измеѓу инвестициски гулаг и државна работа, би избрале државно. Што пак одблиску говори за квалитетот на овие инвестиции. Да не почнувам и уште колкумина се иселија од тогаш. Така да малку инвестиции, многу државни вработувања а уште повеќе иселување и доаѓаме до 20% невработеност. Во меѓувреме економскиот раст закотвен во интервал од 2-3%. Па Германија до вчера имаше раст од 2% што е огромна бројка ако се земе обемот на економијата. Ние со вакви стапки, ќе ни требаат едно 50 години да го стигнеме упола од нивниот стандард и тоа под услов во тие 50 години тие да не остваруваат никаков раст.

Инаку на прашањето зошто некој би дошол тука да инвестира:
Филип Ван Хул: Во Белгија еден работник добива 40 евра на час, а во Македонија 4 евра
Еве, дури сме му ја спасиле компанијата која што во Белгија работела со загуби.

Ептен ја издолжив, ова се е некако дежа ву од пред 5-6 години, ама по што имаме меморија на златна рипка упорно се повторуваме. Допринос за тоа има и моменталнава власт, оти треба да си ептен гној за да направиш владеењето на Грујо на некој да му изгледа како успешна приказна. Не е спорно дека на некој и тогаш и сега му е супер, и дека како дечкото од погоре е задоволен од динамиката на инвестирање во минатото и со носталгија се сеќава на тие времиња. Доста луѓе вадат парче леб во тие погони, знам како е од прва рака. Ама се тоа да се претставува како некој колосален економски успех, квантен скок, дека сме биле балкански економски тигар...тоа мало сутра.
 
Od kaj izniknuvate be vakvi eksperti :facepalm:
Prosto i ednostavno da vi kazam. Stranskite investicii se najdobroto nesto sto mu se slucilo na ekonomijata vo republikata od osamostojuvanjeto do den denesen. Toa e fakt. Sekoj koj misli poinaku ili ne zivee tuka ili zivee tuka no nema dopir so realnosta. Ima tuka uste nekoe ili no ovi dvete gi opfakjaat skoro 99% od slucaite.
 
Ние немаме веќе ни врз што да градиме економија. Првиот крах ни се случи со криминалната приватизација а вториот со доаѓањето на преродбениците. Првиот беше очигледен грабеж, вториот дојде како завиткана обланда т.н преродба која што се надградуваше десет години и ако имаше за намера нешто суштински да промени сега после толку време поминато требаше да ги бериме плодовите од таквите економски политики. За тоа колку беше ефикасна најдобрата економија во Европа говорат и бројките на економски раст кои што во просек се движеа околу 3% што е пак многу мал раст ако се земе во предвид дека сме економија во развој, а таквите економии, еве да го земеме Виетнам на пример и остала боранија од тој тип, остваруваат раст и над 7% годишно. Нам главен двигател на растот во ерата на Груки ни беше градежништвото, водени од мантрата ,,битно е да се гради што дека се кради'' - ни изгради мал Дизниленд среде Скопје под изговор дека парите ќе се врателе од туризмот за едно 500 години од сега. Толку беа отчетни и транспарентни во трошењата та до ден денес не дознавме колку пари целото тоа лудило чинеше, гледам и бројчаникот на триумфалната не престанува да врти.

Ако гледаме еднонасочно, тогаш да, од социјален аспект странските инвестиции си ја остварија улогата, меѓутоа од економски - тешко. Се плашам дека со толку даночни олеснувања, субвенционирање, единствено што останува е платата од тие 300 евра за кои дури да дојдеш до нив ќе треба да изработиш надчовечки норми во три смени, во месецот да ти се погодат две недели каде што ќе работиш трета смена, да работиш и во саботи за што си дополнително платен, па да стигнеш до плата над 20к. Е сега кој е во состојба тоа долгорочно да го поднесе...плус си во допир со штетни хемикалии, жички премачкани со отров за глувци кои што се дел од автомобилската инсталација.
Ако се гледа на предностите, платено ти е апсолутно се. Превоз, храна, прекувремени...нешто што за голем дел од македонските фирми тоа и ден денес е научна фантастика, а да не правиме муабет за пред тоа.
Сепак, 99,9% ако треба да избираат измеѓу инвестициски гулаг и државна работа, би избрале државно. Што пак одблиску говори за квалитетот на овие инвестиции. Да не почнувам и уште колкумина се иселија од тогаш. Така да малку инвестиции, многу државни вработувања а уште повеќе иселување и доаѓаме до 20% невработеност. Во меѓувреме економскиот раст закотвен во интервал од 2-3%. Па Германија до вчера имаше раст од 2% што е огромна бројка ако се земе обемот на економијата. Ние со вакви стапки, ќе ни требаат едно 50 години да го стигнеме упола од нивниот стандард и тоа под услов во тие 50 години тие да не остваруваат никаков раст.

Инаку на прашањето зошто некој би дошол тука да инвестира:
Филип Ван Хул: Во Белгија еден работник добива 40 евра на час, а во Македонија 4 евра
Еве, дури сме му ја спасиле компанијата која што во Белгија работела со загуби.

Ептен ја издолжив, ова се е некако дежа ву од пред 5-6 години, ама по што имаме меморија на златна рипка упорно се повторуваме. Допринос за тоа има и моменталнава власт, оти треба да си ептен гној за да направиш владеењето на Грујо на некој да му изгледа како успешна приказна. Не е спорно дека на некој и тогаш и сега му е супер, и дека како дечкото од погоре е задоволен од динамиката на инвестирање во минатото и со носталгија се сеќава на тие времиња. Доста луѓе вадат парче леб во тие погони, знам како е од прва рака. Ама се тоа да се претставува како некој колосален економски успех, квантен скок, дека сме биле балкански економски тигар...тоа мало сутра.

Абеее.... Ајде дај кажете ја алтернативата. Значи наоѓаш ограбена и уништена економија со 50% невработеност со никаква инфраструктура, никаков даночен систем (СК ја полнеше државната каса над 70% во тоа време) без пари и ајде изгради направи економија.

Лесно е да се кука дека се фрлале пари за да се донесат инвеститори ама ајде иди и најди некој да инвестира во МКД. Што можевме да понудиме во тоа време, па и сега? Таа постара генерација со некакви вештини од бившите фабрики беше збришана, времето ги изеде стечајците и тие фабрики никогаш не се обновија со исклучок баш на Ван Хул. Пропаднаа цел куп гиганти од социјализмот затоа што не се најде адекватна замена. Можам да ти кажам дека Орика на пример беше заинтересирана за Охис. Се откажаа откако сфатија дека НЕМАМЕ кадар да произведуваме тоа што им треба. За Дрексклаимер да се донесе го молеа Зоран Ангеловски од АУС да дојде. Буквално политичари го бркаа зашто немало кадар во МКД со кој германците би биле задоволни. Ај тоа ама и мид менаџмемент од дијаспората се носеше.

Незнам како си замислувате ама реално ние како држава не можеме многу да понудиме. Она малку асален кадар што го имаме е веќе одамна надвор. Затоа е и битно да се одржуваат и градат добри односи со дијаспората ама и тоа не ни иде баш како треба.
 
Во 2005 јавниот долг изнесуваше 36% од БДП за до крајот на владеењето на вмро надмине 50%. Ме интересира во што се вложија тие пари од позајмици а тоа да не беше барок и роднински тендери. Колку од капиталните инвестиции се остварија во тие десет години владеење, дали постои некаде некаков отчет за трошењето на тие пари или пак некаква анализа за економскиот бенефит за економијата и целокупниот стандард?
Да ве слуша некој ќе си помисли дека во Дрекселмаер, Гентерм, Кромберг се составуваат вселенски летала и таму работат вселенски инженери а не плеткачи на жици со осмо.
Да се водеше некаква реална политика по ова прашање а не само гол популизам сега веќе ќе бевме во втора фаза на инвестирање. Факт е дека на толку пари фрлени на промотори, реклами, субвенции во континуитет бевме последни во регионот по висина на бруто инвестиции од странство по глава на жител. Може да се релативизира сега до бескрај, на крајот во економијата важни се само бројките.
Али гледам се збори за избори, па на форумов почнаа да никнуваат некои ликови ко печурки кои што до вчера стоеа во нафталин. Гледам во која насока понатаму ќе се движи дискусијава и немам намера понатаму да исправам партиски демагогии.
 
Ова СДСМ го збореше пред 4 години.
 
Гледам во која насока понатаму ќе се движи дискусијава и немам намера понатаму да исправам партиски демагогии
Pametno, nema potreba dopolnitelno da ni objasnuvas kolku vsusnost nemas dopir so realnosta.
Sfativme uste od prva (y)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom