Natan 3.0
Bitch Божји
- Член од
- 17 февруари 2019
- Мислења
- 1.598
- Поени од реакции
- 5.064
„Повеќе работи нè плашат, Лусилиј, отколку што нè повредуваат и ние страдаме повеќе во нашите мисли отколку во реалноста“ - Сенека, обраќање во писмо до еден свој пријател.
Возење на клик, познаник преку лајк, секс на "swipe", популарност на дофат на вашата рака. Светот никогаш не бил побрз и поповрзан меѓу себе, а истовремено луѓето никогаш не биле повеќе вознемирени и осамени. Низ целата историја на човештвото, сите проблеми се појавиле како последица на недостигот, додека, пак, проблемите на современиот свет се предизвикани од изобилството. Додека човештвото со децении открива нови начини за поврзување и забрзување на животот, денес сонуваме за моменти на тишина, без звуци на известувањата, неотворени пораки и бескрајни групни разговори.
Затоа и не изненадува што сè повеќе луѓе бараат мир од технологијата и од своите конфузни мисли, а многумина од нив тоа прибежиште го наоѓаат во едно од најголемите и најзначајни антички филозофиски учења - стоицизмот.
Стоицизмот како филозофски правец потекнувал од III век п.н.е., негов основач бил Зенон од Китиум, додека негови најистакнати претставници биле Сенека, Епиктет и Марко Аврелиј, а подоцна бил забранет од царот Јустинијан, кој пошол од својата лична проценка дека како паганско учење, тој бил против христијанството.
Без да навлегуваме во специфичните насоки на стоичката мисла, во самите основи на оваа школа лежи вербата дека човекот треба да живее во склад со природата, дека светот функционира врз принципите на логиката, (монистичката) физика и (натуралистичката) етика и дека тоа богатство бара одрекување од бескрајните нагони и желбите за задоволство, како и стравот. Накратко, според стоиците, ќе бидете среќни и спокојни ако живеете во моментот, ако сте свесни за неминовниот тек на времето, истото не го трошите залудно на грижа за нештата кои сè уште не се случиле и живеете во согласност со највисокото добро - доблеста. Основните стоички доблести се разумноста, умереноста, храброста и праведноста.
Иако терминот „стоик“ деновиве се користи колоквијално за луѓе кои успеваат да останат мирни при соочувањето со предизвиците кои се резултат на стресот, провокацијата и другите надворешни фактори, стоицизмот нуди и многу други попрактични совети.
Постои приказна дека Катон Помладиот т.н. „идеален стоик“, излегувал и се социјализирал во својата секојдневна облека, на тој начин изложувајќи се на потсмев и подбивачки коментари. Притоа, на тој начин тој учел да биде поотпорен на реакциите на околината и да се подготви за некои поголеми потешкотии и предизвици кои неизбежно ги носи животот.
Практичниот совет на стоиците е: „од време на време, доброволно изложувајте се на болка, за да видите дека можете да издржите многу повеќе отколку што мислите и да бидете подготвени за идните животни предизвици.“
На истата линија е и доброволното откажување од, на пример, храната - многу религии исто така содржат практицирање на постот во различни форми и ова е само една форма за подготовка на телото и умот за евентуалната сиромаштија и тешки животни околности.
Стоицизмот исто така содржи и еден исклучително корисен совет: „бирајте ги мудро и рационално вашите битки“. Постојат работи на овој свет коишто можете да ги контролирате и кон кои треба да се стремите, но има и некои кои се апсолутно вон вашата контрола. Разликувањето помеѓу овие две категории може да ви заштеди многу скапоцено време и енергија, а помирувањето со фактот дека над некои работи едноставно не можеме да влијаеме е многу ослободувачко спознание.
Претходните совети звучат прилично очигледно и интуитивно, што во најголем дел коинцидира и со најголемите мудрости во светот. Една таква мудрост, која им се припишува на различни автори во различни верзии, вели дека нашите животи ќе бидат такви какви што се и нашите умови.
Јадрото на таа лекција е исто така содржано во стоичкото учење според кое не треба да имаме илузии за светот околу нас, затоа што тоа нужно води кон разочарување, туку разумно да размислиме за реалноста онаква каква што е. Имено, околу нас постои реалниот свет и постои начин на кој ние размислуваме и го обмислуваме него, а во зависност од реалистичноста на нашите мисли, ќе се чувствуваме добро или лошо, но она што е од суштинско значење е овие чувства да не се темелат на илузии.
Ова е и една од идеите коајшто ја претставува и основата на релативно новиот правец во психотерапијата - рационална емоционално бихејвиористичка терапија (REBT), која станала исклучително влијателна уште од 1950-тите години и во моментов е сè попопуларна и зема сè поголем замав во светот. Нејзиниот основач, Алберт Елис, ја замислил и втемелил РЕБТ во голема мера под влијание на стоицизмот.
Современиот стоицизам (различен од филозофскиот правец на неостоицизмот од XVI век), во разни форми, се развил во XX век, преку обновен интерес за античката школа која се заснова на мислите. Една од најголемите дистинкции со класичниот стоицизам е онаа која се однесува на императивите на животот во природата, кои многу потешко се изведуваат во денешното време, така што, модерниот стоицизам бара да ги помири античките идеи со реалноста на современиот свет.
Современиот стоицизам привлече поголемо внимание на медиумите и јавноста откако започнаа првите големи организирани настани поврзани со него во 2010 година.
Недела на стоицизмот - интернет настан кој собира илјадници луѓе на едно виртуелно место:
Еден од најголемите настани кој ги собира стоиците и сите оние кои се заинтересирани за оваа тема, почнувајќи од 2012 година па наваму, е неделата на стоицизмот. Ова е онлајн работилница која ги предизвикува своите учесници да живеат една недела како стоици. Започнала како курс за студентите по филозофија, но привлекува сè повеќе луѓе од година во година, а многу од нив меѓусебно ги споделуваат своите искуства од стоичкиот начин на живот.
Покрај онлајн заедницата, постојат и офлајн собири - годишните настани на Стоиконот, кои се организираат во Лондон и Њујорк и коишто воглавно се насочени кон примената на стоицизмот во секојдневниот живот.
Реконструкција во колор на Стоа Поикиле или „шарената стоа“, која тука веќе беше спомената, а од чиј назив потекнало и името на овој филозофски правец.

Стоиконот:
Некои од основните постулати на античкиот стоицизам.

Последно уредено: