Филм депресија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Zippertrax
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.782
Поени од реакции
2.763
Нели сега е сезона на гледање серии и филмови. Така да, штом завршам со гледање на некој ептен добар филм или серија, ми доаѓа некое ептен бедно чувство, налик депресија.
Некој друг соживува со мене?

Зошто е тоа така? Дали соживуваме со ликовите во истите? Дали ја мешаме реалноста (нашиот досаден eat, work, sleep, reapeat) живот со тој бурен изгланцан во сериите и филмовите? Приказ на скоро совршени моменти кои се невозможни во реален живот? Големи љубови, достоинство, почит, морал, кои ден за ден се повеќе и повеќе бледеат и се губат во материјалното. итн. итн.

Навистина интересно.

Последно го гледав Титаник кој што го имам гледано 3664147 пати, на крај кога заврши се осеќав како гомно, literally.
 
Последно го гледав Титаник кој што го имам гледано 3664147 пати, на крај кога заврши се осеќав како гомно, literally.

Шо предизвика толку за да се чувствуваш вака?

Лично ми се нема вакво нешто случено, можеби и јас ќе осетам нешко како и ти. Шо се однесува до нашите животи, зависи како гледаш на работите, како ги доживуваш, реагираш...Ние сами одредуваме шо и како ќе допре до нас. Напротив се е возможно, ако се има волја и желба за нештото. :)
 
Ако некоја серија ептен ми зема внимание, ме импресионира АМА и во исто време сум се приврзала за ликовите - да. Ми се има случено. Почесто на бинџ серии него од недела за недела шо ги гледам сем за Good Place. Ама сепак таа ми е една од омилените, па разбирливо. Послдно после бинџ серија вака се осеќав после Anne with an E. Цела недела не можев друго да почнам и само цмичев иако заврши на препозитивна нота.
 
Ради тоа што имаме емоции,се внесуваме,емоциите работат,варираат
 
И мене истото чувство сега кога го гледав Титаник на 15ти на Фокс, а филмот сите го имаме гледано милион пати претходно.
 
Имам другар што има спротивно чуство од твоето после гледање филм. Него после гледање на Јужни Ветар филмот и серијата го тера на мафија и зима колата вози во рикверц на паркинг.
 
nemam go gledano titanik sto e tolku emotiven,gledam komedii i se smejam do solzi
 
Тоа дека филм или серија можат да ти пробудат јаки емоции е сосема точно. Само мене никогаш не ме погодил филм како Титаник или слични некои романтики. Знаело порано да ме погоди или растревожи некоја филмска сцена. Сега ми текнува прв пат кога го гледав The Green Mile (бев 11 или 12 години) бев на раб на солзи на сцената каде го егзекутираа Џон Кофи.

Знам да се приврзам и со серии што ги пратам повеќе години и имаат повеќе епизоди а оставиле впечаток на мене. Секогаш чувствувам некоја меланхолија кога ќе заврши таква серија, како да завршила некоја етапа од мојот живот.
 
Шо предизвика толку за да се чувствуваш вака?

Лично ми се нема вакво нешто случено, можеби и јас ќе осетам нешко како и ти. Шо се однесува до нашите животи, зависи како гледаш на работите, како ги доживуваш, реагираш...Ние сами одредуваме шо и како ќе допре до нас. Напротив се е возможно, ако се има волја и желба за нештото. :)
Можи се внесив премногу ... што ти знам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom