Дуел: Апасиев vs. Богојески

Кој беше подобар говорник?

  • Апасиев

    Гласови: 110 90,2%
  • Богојески

    Гласови: 12 9,8%

  • Вкупно гласачи
    122
  • Гласањето е завршено на .
Апасиев да може да е на дебатни емисии секој ден, нема ниедна да пропушти, човеков е заљубен сам во себе, гарант дома лежи гол во кревет си ги гледа настапите и се пипка :icon_lol:

Богојески е измеќарот на Радмила во министерство за одбрана, измеќар во Американска амбасада и до скоро заменик ген-сек на вмро дпмне. Ако тие работи не ви се поклопуваат, ондак тоа е ваша работа.




Може да настане, ама не би било некоја страшна грешка. Имаше една слика пред година и нешто, додека Богојески уште беше ген-сек на вмро дпмне, заедно со Павле сликани негде во Америка на некоја обука финансирана од стратешките пријателе, во некој дуќан за пури како се курчат...ќе повторам, заменик генерален секретар на вмро дпмне беше во тоа време.
Знам од прилика колку лапнаа "реформаторите" од Вмро,поготово оној Александар Михајловски инаку внук на Доста Димовска.
Автоматски споено мислење:

Мене лично овој Апасиев и Никола Поповски што беше за надворешни во време на Грујо ми се најсимпатични од сите што се појавиле на политичка сцена
 
Последно уредено:
Кога му рече каде тоа,у О.К. Крушево? :pos: Штом тогаш не умре Богојевски 100 години ке живее
Автоматски споено мислење:

Иначе овој е Петар Богојевски,да не настане забуна со Павле Богоевски
Ауууууу да беееее. Ете толку ги знам газолизачите кај нас. Ова е она wanna be вмро па кога тоа не му успеа сеа се прошалта про сдс?
И тој не е кој знае колку подобар од Павлета, иако морам да признаам не сум го гледал на дуел. Сум прочитал изјава две ког се правеше со сила патриот.
 
Има добра реторика при настап Апасиев, точно знае кои социјални теми да ги нагласи кои што палат кај народот. Успешно го доловува моментумот со промената на името и Преспанскиот договор, неговата содржина ја обработува со жаргон за народот да ја разбере и секој пат успешно поентира. На оваа тема Мицковски требаше да владее при дуелот со Заев, да го шамара со аргументи, а овој дремеше ко мисир додека Заев се чукаше по гради потенцирајќи ја невидливата корист од договорот.
Исто така, во повеќе наврати не пропушта да ја потенцира социјалната нееднаквост во државата, корумпираното судство, масовното иселување...
Предност му е што знае да се прилагоди на стилот на дискусија на соговорникот. Говори работи што 90% од народот ги мисли и истите ги кажува со доза на дрскост со што приредува сензација при секој настап.

Е сега кои се капацитетите на Левица, програмата, со кој тим во позадина располага - 99% од народот нема поим. Делува како партија сочинета од еден човек кој што настапува како one-man show по телевизиски дебати и толку.
 
Ауууууу да беееее. Ете толку ги знам газолизачите кај нас. Ова е она wanna be вмро па кога тоа не му успеа сеа се прошалта про сдс?
И тој не е кој знае колку подобар од Павлета, иако морам да признаам не сум го гледал на дуел. Сум прочитал изјава две ког се правеше со сила патриот.
Не е Апасиев цвеќе за мирисање, далеку од тоа ама е доволно повеќе пообразован и поначитан од кладилница шема пиуниве како и малку повеќе self - centered да е интересен за гледање како ги нервира :D
 
Ако ништо друго, доволно е ликови како Апасиев да трескаат се и сешто, колку толку да слушне народов нешто поразлично од таа вмронско-комуњарска чипирана курдонијада.
И нормално, бесценето е чувството кога ќе ги видиш како дремат како попарени примероците излезени од двете дебилани и се трудат по секоја цена да излижат, а најдобро е кога се присутни во исто време.
 
Не е Апасиев цвеќе за мирисање, далеку од тоа ама е доволно повеќе пообразован и поначитан од кладилница шема пиуниве како и малку повеќе self - centered да е интересен за гледање како ги нервира :D
Баш така. Би додал и "барем е нов".
Уште нема лапано некој тендер-мендер па на таа основа би можел народ да му даде довееба за во парламент.
Штета што утре ќе коалицира со некој инаку вакви што знаат да лаат добро, ораторски потковани, шибни едно 5-6 комада во парламент има да ги раскурцаат двете партии дур да трепниш.
Затоа мислам дека засега треба да остани "вечита опозиција".

Егото му е пуштено на најјако на типацот и нема шанса да не спомни дека е 10.00 просек типац.
 
Нека пушти некој глас за Богојевски гревота е,ако не јас ке променам глас :pos:
Ова е прва анкета каде што некој ке заврши со нула гласови
 
Сум гледал клипчина каде еден во некое босанско градско собрание или баш во нивниот босански парламент со зборови шамара кого стигне. Баш поради тоа сакам Апасиев да влези во парламент и да биди покренувач на многу теми кои сакале тие или не и од позиција и од опозиција овој ќе им ги бапка мислам во лице. Само па може да има и контра ефект тоа, што ако се е глума за сигурна плата, патни трошоци итн. Многу ликови ја запалиле Македонија во кампања а после влез само си креваат рака и си лапаат дневници...
 
Од Апасиев зијан не може да имаме така да не ве разбирам зашто толку го хејтате
најинтересно е што луѓево се плашат кој ќе победел, кој ќе влезел во собрание, демек случајно заев и костадин манулач да не ги изгубиме, па магаре да се кандитира не треба човек да мисли дали да се гласа за магарето против манулач и копилено муртинско, а не па Апасиев бил ваков таков, не знам кој кур им е на луѓево.
 
Прво, Апасиев како личност е опшествено и правно "милионер" со стабилен и цврст карактер, литература, речник, факти, понашање итн итн..
Друго, политички е нов, со чист и бел грб, без десно/левичарска позадина, без олигархиска поддршка... во кратки црти: е идеална личност што може да се појави на политичката сцена.

Заклучокот е јасен... на државава и фалат многу ама многу "Апасиевци" и тоа е најголемиот проблем.
Неможе тој сам да ја реализира програмата која ја има зацртано. Му требаат луѓе на кои ќе може целосно да се потпре (луѓе од доверба), па ќе му требаат луѓе кои ќе треба да бидат кадар низ сите сфери во извршната власт... и тоа е проблем. Едноставно ги нема... дел усфет фатија, дел не сакаат да учествуваат во нашава политичка трагикомедија, дел се плашат од нестабилноста што ја демне Македонија 3 декади и повеќе... и да не заборавиме најбитното, на Апасиев му е најпотребна финансиска поддршка.

Кога сето ова хипотетички би се остварило, тогаш ќе остане уште делот со балот кој како модерниве младоженци што го прават, Апасиев треба да го изигра со некој "терорист" од албанскиот блок.

Ова е мое скромно мислење...
 
Сум гледал клипчина каде еден во некое босанско градско собрание или баш во нивниот босански парламент со зборови шамара кого стигне. Баш поради тоа сакам Апасиев да влези во парламент и да биди покренувач на многу теми кои сакале тие или не и од позиција и од опозиција овој ќе им ги бапка мислам во лице. Само па може да има и контра ефект тоа, што ако се е глума за сигурна плата, патни трошоци итн. Многу ликови ја запалиле Македонија во кампања а после влез само си креваат рака и си лапаат дневници...
Единствената причина зошто го ругаат овој, покрај еготрипот што го има, е што едно време колку што знам имаше изјави за можна коалиција со ДПМНЕ (во смисла бил со нив па не го играле и ај сега левица) или така нешто во тој стил. Не пратам премногу мкд политичка сцена ради душевно здравје и мир :D но очигледно дека нема некое политичко искуство и тоа го кошта.

Еве и во СЈО се затрча како мува по гомно т.е. со цел да го поеби груевизмот ама во позадина не гледа дека е наместен и изигран со таа постапка пошто од „неопределените“ гласачи од било која политилка голема партија (сдс/вмро) ќе биди перцепиран како приколица во случајот на сдс - бидејќи учествувал во тоа СЈО т.е. бил од тимот, без разлика кои се неговите намери.
Така да, си имаат големите партии и политичарите кои малце поодамна ја играат оваа игра свој начин да оцрнат човек, токму тоа и му го прават бидејќи се плашат од него заради тоа што е еден вид гласник на народот. Затоа и е пуштен по вода со таа постака.

Сепак, ќе влези овој пат во собрание и според мене најдоброто нешто на овој свет што можи да го направи е да излегува секој ден на говорница и КОЈ и да дојде на власт да го критикува до миле волје. Овие што се сега на власт и тие пред нив и онака ќе кркаат критики па така при следни избори ќе има уште толку пратеници и ќе претставува сила. Сега ако освои 2 до 3пратеници (прашање и толку али океј), тогаш би освоил најмалку 7-8 како ништо. Во таа ситуација ќе биди мал фактор и би рекол не незначителен ако влези во влада. Затоа не треба да се припојува после избори со било која владеачка партија пошто си имаат тие начин да го извалкаат и пуштат по вода уште многупати, додека тој во меѓувреме мисли дека оправува држава или дели правдина.

Тоа е мое мислење околу ликот. Баш позитивно што се појавува на политичката сцена, макс еготрип, али и макс начитан - очигледно. НЕ гледам која би била логичката причина некој да не му даде шанса на избори бидејќи досега имаме изнагледано еден мал милион копита од вмро и сдс што имаат дојдено до пратеничка фотеља со капацитет 0.

Понекогаш сами си кукаме на судбината а кога ќе дојди за гласање одиме гласаме против Грујо (минатите избори мнозинство народ) без да размислиме дека му даваме легитимитет на Зајакот да прај глупости, битно туркаме режим. ;) И обратно, сега мнозинството ќе гласа против Зајакот за да го врати на власт кој? Мицко/Грујо??? Еве го Димитрие Велешки, заокружвајте го на ливчиња па вака нека им еби матер потоа во парламент али на дневна основа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom