Gorco
WEHADAHFUKDOWAHNODAT
- Член од
- 29 април 2005
- Мислења
- 556
- Поени од реакции
- 35
За првпат на Клиниката за гинекологија деновиве се вакцинирани две девојки против Хуман Папиломавирус- ХПВ, кој е причина за голем број жени да заболат од цервикален карцином (рак на грлото на матката). Според д-р Адела Стефанија, директор на Клиниката за гинекологија, изненадени се од интересот за вакцинирање кај младата машка популација. Во конкретниов случај тие се преносители на овој вирис кај женската популација, а ХПВ-то кај мажите може да предизвика рак на пенисот.
-Се интересираат девојките за нивните партнери, за заедно да бидат вакцинирани. Многу родители исто така доаѓаат и се распрашуваат за вакцината со цел нивните синови и ќерки да ја примат-вели Стефанија. Таа е задоловна што за кратко време од откривањето на оваа вакцина веќе на Клиниката за гинекологија се обезбедени првите 1.000 парчиња од квадривалентна хуман папиломавирус вакцината од типовите 6, 11, 16 и 18.
Ефектите од вакцината се стопостотна заштита доколку се дава кај девојчиња и жени на возраст од 9 до 26 години и кај момчиња на возраст од 9 до 15 години. Вакцината засега не е задолжителна и трошоците за неа не се на товар на Фондот за здравствено осигурување. Една доза од оваа вакцина чини 8.600 денари (135 евра), а во рок од шест месеци треба да бидат примени три дози за што треба да се плати 405 евра.
-Најдобро е вакцината да се прими по 11-тата година-смета д-р Стефанија. Според неа тоа е најидеалната возраст за девојчињата пред да почнат со сексуалниот живот, а заштитата тогаш е сто отсто. Кај жените што се инфицирани од некој од типовите на ХПВ, вакцината ги штити од останатите типови на вирусот, оти се откриени повеќе од 100 типови на ХПВ.
Инфекцијата се пренесува по сексуален пат, но како ризик фактори за ова инфекција се промискуитетот, пушењето, оралните контрацептиви, како и нарушување на имуниот систем.

Во Јуни 2006 година во САД беше одобрена првата вакцина против ХПВ. Вакцината е позната под називот Gardasil вакцина. Во клиничките испитувања, вакцината се покажа како многу ефикасна во спречување на инфекција со два типа ХПВ вируси од групата со висок ризик, ХПВ 16 и ХПВ 18. Овие вируси се одговорни за 70% од случаите рак на грлото на матката предизвикани од ХПВ. Вакцината исто така заштитува и од инфекција со ХПВ тип 6 и 11, кои предизвикуваат приближно 90% од гениталните брадавици.
ХПВ вакцината е рекомбинантна вакцина, што значи дека во себе не содржи живи вируси. Вирусот во вакцината е протеин добиен со генетски инжењеринг и не може да предизвика ХПВ инфекција. Се дава во серија од три инјекции во мускул во тек на шест месечен период.
Во САД вакцината рутински им се дава на девојчињата на возраст помеѓу 11 и 12 години. Сепак, вакцината може да им се даде и на девојчиња на 9 годишна возраст во соработка со матичниот гинеколог.
Најдобро е ХПВ вакцината да се дава пред девојката да стане сексуално активна. Иако жените кои не биле претходно изложени на ХПВ имаат потполна корист од вакцината, се покажало дека од вакцината имаат корист и жените кои веќе претходно биле сексуално активни и притоа биле изложени на ХПВ. Од тие причини се препорачува жените на возраст меѓу 13 и 26 години исто така да се вакцинираат.
Жените кои примиле вакцина треба да продолжат да се придржуваат кон редовните гинеколошки прегледи и ПАПА тестови. Вакцината не заштитува од останатите полово преносливи болести па жените мораат да се придржуваат кон вообичаените мерки за заштита од овие болести.