..еве еден график како би идело срцевиот ритам во ноќните часови, тука има и исклучоци ...како? ако сме преморени во текот на денот и сме претерале при самото легнување покасно тогаш и првите моменти во спиење имаме повисок пулс, за разлика кога би биле смирени во текот на денот, па би легнале во исто време порано и без стрес тогаш пулсот ќе биде понизок.
...распон на пулсот за време на спиење најчесто е од 40 до 60 откуцаи во минута (гледај график) со најнизок пулс таму некаде после 04ч после полноќ за да се покачи потоа нагло при што следи нашето утринско будење!
се смета дека 55 е средна вредност ( од 40 до 60 удари во минута), све што е под 40 или над 60 не мора да е патолошки, но треба да се следи ситуацијата извесен период!
е сега кажуваш дека двапати и дадоа да носи апарат Екг Холтер кој врши 24 ч мониторинг на срцевиот ритам само се вклучува во мерење без разлика, ако јадеме, пешачиме, спиеме значи тоа е дијагностичка процедура која дава слика како ни се движи пулсот во текот на денот , но тука многу е важно да се запише во секој момент тој што го носи екг Холтер што активност прави (дневник на активности)!
што сакам да кажам?
ете на пример носам Холтер екг , тоа во различни интервали сам се уклучува и ми го мери срцевиот ритам/ пулсот, е сега јас треба да ја поминам улицата и наеднаш на зелено светло на пешачки некоја кола залетена за малку ќе ме изгазеше и јас се стрчнав до тротоарот, при што токму тогаш ми се мереше срцевиот ритам, и што мислиш колку ќе биде? 170 во минута? можно дури и повеќе ако се уплашив многу, и ако при тој резултат од 170 кажам дека од лачениот адреналин во мене од страв одбранбениот систем на телото се активира, се покачи и крвниот притисок, и срцебиење и грч на мускули и пот...
и друго... и све тоа е нормална реакција и ДА тоа 170 во моментот е нормално, затоа што за некои 15 минути сето тоа ќе се смири и ќе спадне на нормала ... или ете лежам и гледам некој филм, а тој да ти бил хорор некој и мене срцето бам, бам од страв и тогаш тууууу се вклучува тој Холтер и ми мери 160/ 170/ 180 максимум ауууу ...арно ама јас ќе го затворам ТВ ќе се напијам вода и ќе се смирам и веднаш пулсот во нормала... значи вакви скокови од нормала, се нормални ако се оправдува со ситуации на моментално лачење на адреналин... да речеме стрес, анксиозност може исто да даде такви еписоди, ако се задржат повеќе време...
твојата ќерка слободно може да испие по еден лексилиум од 1,5 мг или диазепам, освен бедоксинот штом малку е слабичко за ваква ситуација...
е сега, ако тоа срцебиење се здржува повеќе време не спаднува мора прво нели да направиме лабораториска знализа за Т4 и ТСХ хормони за да видиме како ни работа штитната жлезда, оти прв показател за срцебиење( тахикардија) е пореметена функција на штитна жлезда.... дали сте и направиле на девојката таква анализа ?