Каде можам да купам Библија?

  • Креатор на темата Креатор на темата GoRkas o.O
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 јули 2010
Мислења
39
Поени од реакции
14
Локација
Скопје
Ми треба "Стариот" завет или целата на македонски.
Ве молам за одговор!

Благодарам :)
 
Мислам дека треба да побараш во црквите
 
Цела Библија или само новиот завет можиш да го најдиш во Црква, кај што продаваат свеќи најчесто во црковниот двор. Стариот завет не сум го нашла издвоен до сега.
 
Библијата можеш да ја спуштиш на секој паметен телефон,целата библија и тоа на македонски јазик и тоа бесплатно!А бидејќи сите имаме паметни телефони секој може да ја спушти,без разлика дали си на андроид или IOS оперативен систем,одиш во play store за андроид и app store за Iphone и пишуваш во делот за пребарување Свето Писмо и ја спушташ,два чекори се во прашање.
 
Библијата ја имате на многу места на македонски јазик.
На англиски пак можете да најдете сешто...
  1. Свето писмо (веб страница)
  2. Свето писмо - Премин Портал (pdf за симнување, потешко за пребарување, мора latinica, користено е македонски font)
  3. Библија - (веб страница)
 
И Библијата и Куранот можат да се симнат од play store, ги има со македонски превод двете. Ги имав до пред некое време симнато.
 
И Библијата и Куранот можат да се симнат од play store, ги има со македонски превод двете. Ги имав до пред некое време симнато.
По тоа што гледаме дека тука зборуваат православни, католици или некоја друга христијанска црква - битно е која библија се чита.

Исто и на темите за ислам - многу е битно кој е преведувачот, колку добро го разбира јазикот, философијата, симболизмот за да ја долови добро смислата на текстот.

Кој ги преведувал тие книги на Google Apps?
 
Поима немам.
 
На англиски каде можам да ја купам у Скопје?
 
На англиски каде можам да ја купам у Скопје?
Која на англиски?

Ја имаш оваа во Академска Книга.
По тоа дека ја издава Taschen треба да е добро издание.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom