Колку се добри и дали вредат курсевите на CES, Creative Hub, Brainster и тн?

  • Креатор на темата Креатор на темата NekojBatka
  • Време на започнување Време на започнување
само семос ако сакаш некој курс, на овие академии ич неам поверење. Иако најбоље е удеми, имаш све за 10 долари, твое е само да седнеш и да работиш
 
Бреинстер препорачај му ги :icon_lol:
Викаат кандидати на интервју и ако кандидатот им постави незгодни прашања"ќе ти се јавиме" и ги снемуе, после спамираат со пораки. Толку непрофесионалци и толку не ги бива тоа чудесии.
инаку мислам дека и со ит сектор ќе се презасити мн брзо пазаров во македонија,од почетна 24 000 слушам одредени фирми почнале по 18 да нудат, пошто имало програмери.

За Бреинстер се согласувам.

Нема шанси да се презасити, не за џабе странски компании отвораат овде, секогаш можеш да работиш и за странец како аутсорс и одвреме на време onsite.

18,000 денари може да дадат на тестер или ако ти е прво работно искуство, колку сакаш почетна да е за некој што ќе му треба пола саат да отвори AOS? Не заебавај и ти, не сум чула досега некој да останал на 300-400 евра. Да, се стига до суми од 1000+ евра ама и треба да почади главата.
 
За Бреинстер се согласувам.

Нема шанси да се презасити, не за џабе странски компании отвораат овде, секогаш можеш да работиш и за странец како аутсорс и одвреме на време onsite.

18,000 денари може да дадат на тестер или ако ти е прво работно искуство, колку сакаш почетна да е? Не заебавај и ти, не сум чула досега некој да останал на 300-400 евра. Да, се стига до суми од 1000+ евра ама и треба да почади главата.
Не велам дека не се стига, муабетот ми беше дека како и секогаш македонскиве компании тоест газди почнуваат да се понашаат како и секогаш кога нешто ќе мрдне и има мн кадар.
Знам за конкретен пример каде што неколку компании нудат толку,пред година дена стартна беше 24 сега да те видиме да те пробаме стандард муабети.
Инаку убаво спомна некој погоре, не мора да упишува веднаш курс нека седне на удему и нек се проба, ако му фаќа црпката нека идена некоја академија ако не нека учи за вариоц или водоинсталатер.
 
Чисто сумњам да е реален муабетов ама ајде :) без 24,000 денари почетна тешко, само ако пиљара била фирмата за која си прашувал или ако е без работно искуство, значи зборам од факс излезен во мај и во јуни се вработува. Па со искуство ако е некој, од фриленс ќе ги извади толку за помалку од месец. Логика нема муабетов.
 
На секој почетник и не можеш да му дадеш иста плата и платата зависи од буџетот на проектот како и од личните достигнувања. Двајца почетници во една компанија може да земаат различни плати.
За почетник и 15.000 нека е почетна, само ако компанијата е расположена за зголемување на таа плата ако програмерот покажува добри резултати и постојано се надоградува.
 
Не велам дека не се стига, муабетот ми беше дека како и секогаш македонскиве компании тоест газди почнуваат да се понашаат како и секогаш кога нешто ќе мрдне и има мн кадар.
Знам за конкретен пример каде што неколку компании нудат толку,пред година дена стартна беше 24 сега да те видиме да те пробаме стандард муабети.
Инаку убаво спомна некој погоре, не мора да упишува веднаш курс нека седне на удему и нек се проба, ако му фаќа црпката нека идена некоја академија ако не нека учи за вариоц или водоинсталатер.

Македонските газди може да се однесуваат така само спрема почетниците без никакво или со ептен мало искуство, кои прифаќаат секаква плата за да стекнат некакво реално искуство. Ама другите со 2/3+ години искуство и те како добро си наплаќаат за наш стандард, и покрај тоа пак огромен дел бегаат надвор

Така да никогаш нема да се презаситиме од ит кадар, Македонија е едно мало село во светов
 
Мое мислење е дека сертификатите од ваквите „Академии“, кои никнуваат како печурки после дожд се на исто ниво како серфитикатите на Работнички Универзитет Кочо Рацин од 80-тите и 90-тите години од минатиот век. Ќе добиеш некакво основно знаење по забрзана постапка, а пошто си дал брдо пари, најверојатно ќе се обидат да ти го продадат филмот дека си врв! Што и не е лоша работа за самодовербата, но, секогаш постои ризик да забегаш - па можеби ќе почнеш да веруваш дека си до толку способен што можеш да направиш маркетинг стратегија за 5 минути, како ученициве од Creative Hub :)
Прегледај го приврзокот 228014

За што конкретно сакаш да се едуцираш?
Знаеш тие сертификати од Кочо Рацин во 80 тите колку работа му завршија на кандидатите за гастербајтери у немачка?
 
Еден куп академии изникнале, осеќам повеќето немаат никаква академска вредност и се бричење на суво. Истите курсеви ги има на Udemy за помалку пари.
Се сеќавам како Семос беше ваква академија,кога одев на почетокот негде средно,за курс по фотошоп,Бејзик и др ....Ера 2005/2006, газда госпоѓа Црвенковска .... Колку беше скапо само и површно,отидов на последниот за Бејзик и толку беше ....Сеа нешо добри се за сертификат последни години,не пратам .... Коментирам од лично искуство одвојувам,сеа зависи што одбираш ...
 
Чисто сумњам да е реален муабетов ама ајде :) без 24,000 денари почетна тешко, само ако пиљара била фирмата за која си прашувал или ако е без работно искуство, значи зборам од факс излезен во мај и во јуни се вработува. Па со искуство ако е некој, од фриленс ќе ги извади толку за помалку од месец. Логика нема муабетов.
За тестери и големи компании нудат по 20 илјадарки почетна (нормално за почетници со помалку искуство), за програмери од факултет кога излегуваат сега не им даваат ни по 10 000ки во поголем дел од фирмите, па прв договор од 300-350 евра, па по неколку месеци ако се трудат уште 50тина евра покачување за до крај на првата година максимум до кај 500 евра.
Парите кај програмерите се дури после трета година искуство ако се трудат и им фаќа црпката, разликата во однос на голем дел други инженерски професии е што ако се трудиш се напредува брзо и до многу високи суми. Со 6-7 години искуство скоро во сите технологии од програмирање може да се догура од 1.5-2к евра нето плата.

Инаку на муабетот за академиите, ако некој се труди и му фаќа глава може да постави само основа во академиите и после тоа да учи самиот дома. Ама дека од секое дрвце свирче ќе биди малку потешко, а во последно време така се тргнати, имам сретнато дечки кои завршиле туризам, правен, безбедност, социјална политика, педагошка и слично и си прават бајрам со умот дека ќе станат добри програмери со 6 месеци академија со курс од јудеми. Прво немаат инженерска логика, второ немаат појма од математика (за многу работи не треба можеби математиката, ама барем познавање од низи, комбинаторика, теорија на броеви, функции и те како се наоѓа во програмирање), трето појма немаат од алгоритми и податочни структури, никакво познавање од системски протоколи, архитектури и тн и тука доаѓаат разочарувањата. Од таквите прашање дали еден на 100 ќе издржи до крај за да промени професија, како прво никој нема да му даде поголема плата од 20 000ки во првата година (одма иди разочарување на очекувањата за големи плати), второ барем 2 години ќе лута во простор и време да ги научи основите и голем дел само ќе ги наградат академиите со 3-4к евра и пак ќе бараат виза за Немачка и работа во мекдоналдс и бургеркинг.
 
Знам за Семос и за компјутерски курсеви. Пред се идејата ми беше, курсевите да не се поврзани со компјутери, односно програмирање и софтвер, или тестирање на софтвер.
Сигурно има куп теми за софтверски курсеви.

Ако може да не ја каљаме темава со софтверски курсеви и тие Интернет чуда, Удеми и што ги знам, Корсера и слични?

Меѓутоа може да збориме за поправка на компјутери. Ама нема таков, тој што е спомнат таму, е за општа електроника на уреди од бела техника.

Ок. Да не мешаме курсеви што не постојат во приложениот избор на споменатиот веб сајт.
 
Последно уредено:
Муабетот со заситување е од коа ја размислував кај да се запишам ( пред 7 години), ај што не се засити пазарот туку ми се чини и повеќе фирми да има сега. А ние што избравме друга насока, 1 оглас месечно и тоа од државна фирма. Гуд лак :icon_lol:
Автоматски споено мислење:

Или аргон заварувач или инсталатер на клима уреди. По некоја веројатност и сметководство, ама ова намештаљка да не е за работа, си се местат роднини. :)
Заварувач не е некоја премногу атрактивна струка, мислам би ти дале шанса во фирма и без овие сертификати.
 
Последно уредено:
Кога сме кај програмерските курсеви, дали некој има искуство со freecodecamp.com? Доколку има, дали тој курс е доволен за front-end програмирање и колку фирмиве во Македонија го ценат тој курс?
 
Кога сме кај програмерските курсеви, дали некој има искуство со freecodecamp.com? Доколку има, дали тој курс е доволен за front-end програмирање и колку фирмиве во Македонија го ценат тој курс?
да се надоврзам, и дали е признаен во странство?? некој знае ли???
 
да се надоврзам, и дали е признаен во странство?? некој знае ли???
Пробај уште еднаш со "шегава", можеби ќе се насмее некој. Ко да не е загаден воздухот доволно, па уште и на форуми сеете рак.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom