УЈП за седум пати ја зголеми наплатата на јавни приходи во изминативе шест месеци

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Управата за јавни приходи во првите шест месеци од годинава наплатила вкупно 424 милиони денари што е за седум пати или 664 отсто повеќе од наплатените приходи од надворешната контрола за истиот период минатата година.
Според статистиката на УЈП, даночните инспектори извршиле 686 контроли што е помалку во однос на истиот период лани, кога инспекторите извршиле 984 контоли, но биле наплатени повеќе јавни приходи, соопшти денеска Директорот на УЈП, Горан Трајковски.
“Остварен е Данок на Добивка за 52,36 отсто повеќе од планираното, што значи дека за 23,89 отсто е реализирано повеќе од 2006, а 88,31 отсто повеќе од 2005 година, што не значи олабавување внатре во службуите на Управата“, рече Трајковски.
За изминативе шест месеци УЈП реализирала 9,60 отсто повеќе од она што испланирала што е за 15,44 отсто повеќе од 2006 година, што претставува 52,47 отсто од годишно планираното, веќе реализирано.
Данокот на додадена вредност иако бележи мал процент односно 5,57 отсто, според Трајковски претставува задоволство на Управата согласно буџетот за оваа година во однос на лани, бидејќи 50,02 отсто од годишното планирано било реализирано во првите шест месеци.
И персоналниот данок на добивка со 7,75 отсто е реализиран повеќе од планираното, но за 4.52 отсто бележи опаѓање во однос на 2006 година.

Според резултатите на независната агенција за истражување “Стратеџик Маркетинг“, за работењето на даночната администрација, 70 отсто од испитаните потврдно одговориле дека службениците на УЈП имале партнерски и флексибилен пристап, а 91 отсто дека инспекторите биле објективни при вршењето на контролата. Анкетирани биле 700 даночни обврзници низ цела држава.
“За да се добијат вакви резултати заслужни се сите вработени на УЈП, на отворениот пристап и техничката помош од меѓународниоит монетарен Фонд и од заедничката соработка. Од 44.960 даночни пријави, управата поднела 3.466 пријави, а според информавциите на УЈП, 30.087 физички лица оствариле приход без даночни пријави“, истакна Трајковски.

На прашањето од новинарите на што се должи високиот процент за наплата на добивките, Трајковски рече:
“И Управата е изненеадена, но тоа се должи на поголемата контрола на инспекторите, на новите методолгии и контактите со даночните обврзници допринесоа за зголемен наплатен приход“.
 
Многу нормално и реално дека би требало да биде таа, па дури и поголем приход треба да има...Затоа што почнаа да ги чешлаат големите претпријатија...оние кои до 2006 беа заборавени а кои тепаа пари на црно како да се на норма...до 2006 проверувани беа само ситни фирми дуќанчиња и објекти во кои некој едвај крпи за живот...
 
Напротив само по ситните одат !
Не е само 2006г. ка се проверуват маленките фирми туку и таа година е исто. Во Струмица затвории 20 и некоо фирма на кои просечен дневен пазар им е од 300 до 2000 ден. а им забодее казна од 100.000ден. а тај шо ваде 10.000-20.000ден пазар на ден и он толкава казна е декаа тука логиката.
 
Напротив само по ситните одат !
Не е само 2006г. ка се проверуват маленките фирми туку и таа година е исто. Во Струмица затвории 20 и некоо фирма на кои просечен дневен пазар им е од 300 до 2000 ден. а им забодее казна од 100.000ден. а тај шо ваде 10.000-20.000ден пазар на ден и он толкава казна е декаа тука логиката.
Амам бе, ако одат само по ситни колку фирми ќе им требаат, ќе се изнаодат за да има толкав пораст на наплата на даноците, хехе.

Што се 20 фирми за град како Струмица во кој сигурно има преку 2.000 фирми (харикирам)? Ако не плаќале данок, нормално ќе ги затворат и ќе им стегнат пријави.

На што се должи наплатата според мое мислење:

- Kaко прво, фирмите видоа дека нема многу трте-мрте, дека се засилени контролите, дека се пуштаат пријави и фрчат казни, па почнаа малку пореално да ги прикажуваат своите добивки, наместо да ги штимаат како им одговара и во завршните сметки да прикажуваат некои симболични добивки.
- Второ, умре времето кога големите фирми беа толерирани од власта и кога наместо да плаќаат големи давачки кон државата од данокот на добивка, со тие пари спонзорираа одредени партии. Наместо во државен буџет, дел од добивката се конвертираа во партиски пари.
- Трето, ваљда почнала да работи и свеста на оние кои не се партиски фирми. Чиста сметка, долга љубов. Чесен човек кој има бизнис и на кого добро му оди, свеста му вика дека подобро е да си плати, наместо да се моли да не му дојдат и да му стават катанец.
 
Грамат, дури ни семкар нема помалку од 2000 денари дневен промет...Процесот на работење има повеќе принципи, доаѓаат или по пријава или по тековно следење на работата на фирмата, колку донел, колку изнел а колку пријавил, разбираш?

Најчесто малите дуќанчиња и сл. се пријавувани од конкурентните дуќани или од „да му умре козата на комшијата“ лекоумници...

А казните се за сите исти затоа што пред законот сме сите исти!
 
Грамат, дури ни семкар нема помалку од 2000 денари дневен промет...
Тука е лезетот, на мали суми. на 2.000 промет, може да има 1.000 чист ќар. Некој на 10.000 промет може да има 500 денари ќар. Ко пазарџиине што се бунат за фискализацијата, штрафовска роба - купи денар продај 10. И после одбивале да се фискализираат, па ќе одбиваат нормално.
 
Јас ти кажувам за мој личен пример,неможам да си отворам фирмата одново, со дневен пазар од 500-1500 ден. Имам казна 100.000ден струја 6.500 Кирии 12.000 Комуналии- и +30 дена клуч. со еден збор ме уништии.

Па у Македонија нема милион големи фирми, на прсти се бројат.
Тука секојпат маленкио ке оддеба :smir:

et: Незнам как одат семките у Скопје ама тука сигурно не прават многу :)
 
Јас ти кажувам за мој личен пример,неможам да си отворам фирмата одново, со дневен пазар од 500-1500 ден. Имам казна 100.000ден струја 6.500 Кирии 12.000 Комуналии- и +30 дена клуч. со еден збор ме уништии.
Незнам друже, мислам глупо би било од моја страна да донесувам заклучоци за твојата фирма и што си правел со неа за да дојде до казната нели, но ако велиш дека правиш дневен пазар од 500-1500 (15.000-45.000 месечно), а трошоците ти се скоро колку и прометот кој го правиш, незнам кај ти е ќарот, бидејќи робата која ја набавуваш ја плаќаш, иако незнам со колкава маржа одиш, но за да си во добивка според прометов кој викаш дека го правиш треба да одиш со 100%.
Незнам как одат семките у Скопје ама тука сигурно не прават многу :)
Ако си бил во Скопје, сигурно на улицата од Парламентот накај "Рекорд" си ги приметил тие кај "Фреш" на улицата што печат и продаваат кикирики. Имав можност да поразговарам со едниот. 100 денари е кило печени, 60 денари му е набавна. Во просек дневно продава околу 50 кила (работи 24 часа). Колку чист ќар е тоа месечно? :)
 
Од една страна сум крив 100% (немам фискална) :kesa: ама на кој пазар да ставам каса?! од друга страна требаше барем некаква опомена. Иде инспекторот и ми вика у тебе се падна паричката, аман бе човек.

Брат Скопје е друго има пазар се вртат многу пари.
 
не бери гајле и во скопје многу продавници си седеа по 30 дена со печат, а за опомените, па не ли доволно се дигна бука по медиумиве со тоа тогаш популарното дека ако ен ти дадат фискална немора да платиш? Иако нормално тоа се коси со капиталистичкото општество, па ако во моментот не добиеш фискална можеш да се јавиш на тој телефонот 198 ли беше или како и да беше и веднаш да дојдат инспектори.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom