Мистичен
Човек
Првата сертифицирана рафинерија на „Макпетрол“ за производство на биогорива во Македонија ќе биде свечено отворена вечерва. Биорафинеријата е лоцирана во општина Илинден во близината на Скопје. Таа е со капацитет за производство на биодизел гориво од 30 илјади тони годишно.
Компанијата соопшти дека инвестирала осум милиони евра само во опрема, а вкупната инвестиција изнесува 12 милиони евра. Рафинеријата е целосно автоматизирана и во неа веќе работат 20 млади и стручни кадри. Рафинеријата ќе произведува биогориво според светскиот стандард ЕН 14214 со што се овозможува негово мешање со фосилното дизел гориво.