Дали вреди да се поправи/надгради Југо наместо да се купува нова кола?

  • Креатор на темата Креатор на темата NekojBatka
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
234
Локација
Скопје
Имам Југо Корал 45, произведено 1994та година. Видливо е дека е фалично, не пали добро, нема клима, мењачот струга во запчаниците понекогаш, губи здив чат пат, а и не затворено добро како една целосна кабина, па не држи ни топлина.
Едина добра страна е што е возено околу 70000 км, па моторот е релативно млад за староста на колата.

Пошто Скопје е гунгула, некако и не вреди да возиш две коли.

Дали вреди да се фрлат, 1000-2000 евра за да се исправат постоечките дефекти, најмногу фаличното палење на моторот?
Или сепак да си купам нешто посаглам и поново?
И дали може да се поправаат сеуште Југциња? Има ли механичари/електричари што ги знаат Југцињата?
 
Не вреди. до 2000 евра ако планираш да дадеш за кола има одлични количиња низ државава само следи си на фејсбук по групиве за коли или реклама5 со Пазар3. Има увезени има и од тука што им се купени, ќе си направиш есап ќе си видиш со механичар каква и е состојбата ќе возиш удобна кола со клима и да не те мава промаја од џамот.
 
Па не ти требаат 2000 евра да поправиш југо, за 200-300 евра можеш све да средиш. Иначе за 2000 можеш опел корса да земеш бензинец многу добро количе за тие пари.
 
Друже не вреди. За југо 45, 70 000 се како за друга кола бензинец 250 000 илјади. На тие киломтражи 45-ките ремонт ги правеле, а денес делови квалитетни за ремонт прашање е дали и ќе најдеш.


Јас за отприлика тие пари што ти си спремен да ги дадеш купив Цитроен Ксара со автоматска клима, 4 воздушни перници, абс, електрични стакла, итн. Далеку покомотна и постабилна кола од било кое Пунто, Корса, Поло а за со Југо нема споредба.

Макар да за тие пари може да најдеш и помало, поново количе.

Па сега стави прстот на чело и размисли колку се исплати денес да се вози Југо, Лада Самара, Застава 101 и слични на нив коли. Значи потенцирам да се вози...не да тераш мерак да средуваш некоја од овие за на изложба.
 
Ако ти значи нешто.....пред повеќе од 20 години ,,сум докторирал,, на кварови на Југо, а и вчера/денес се мачев да го запалам Југото од стрико ми. како да му објаснам дека колата е при крајот од својот живот...и не вреди даз се инвестира во него.
Ми вели ама купив нови свеќици за 800 денари, палец.....капа....зошто не сака да пали?

па компресијата е падната на испод 8, кој знае какви се вентилите, брегастата.....карбураторот е гној....што да му кажам.....

за истите пари мојот Цитроен Ах.....и на минус 22 степени пали од прва и тоа без туража, плус има електронско дигитално палење и убризгавање без подвижни делови како разводникот на палње и слични глупости. И со своите 117 000 Цитроенот се смета дека тек сега е разработен како што треба. Втора оди до 90...трета до 135.....а има и 5-та брзина

и Сега што ќе правиме муабет за исти пари
 
Не вреди, ако прашаш зошто еве зошто.
Затоа што ќе ти требаат куп пари многу маки и нервози дури го дотераш како една нормална кола што ќе вози уште 5 години да речеме еве и после ќе треба да ја сменуваш. А за истите пари ќе си најдиш количе што ќе си направиш некој сервис едно друго стандард потрошен материјал ако си смениш нешто а можи и ништо зависи колку возиш и како возиш и крај на приказната и можиш истата кола да си ја замениш со друга во секое време што се вика а за Југо денеска купец само ако најдиш некој чичко од 60години што сака споро возило да неможи втора да ја стави и тоа ќе ти ја бара за 250евра. Крај.
 
Однеси го во одпад, ке ти дадат некои 150е. Додади уште 150-200е и купи си некое солидно југо 55, пали-вози. Има старци кои си ги чуваат југцата па лесно ке најдеш некое што ке ти брка работа додека да собереш некоја паричка и да си купиш подобра кола. Е сега не ми е јасен муабетот за што би ги потрошил тие 2000 евра? Во југо нема за што да ги потрошиш а и зошто не си купиш некоја подобра кола кога веќе имаш 2000е? Ако ти е стало до тоа да правиш ,,тркачка,, кола направи го тоа од некоја посолидна кола а не од југо....
 
Однеси го во одпад, ке ти дадат некои 150е. Додади уште 150-200е и купи си некое солидно југо 55, пали-вози. Има старци кои си ги чуваат југцата па лесно ке најдеш некое што ке ти брка работа додека да собереш некоја паричка и да си купиш подобра кола. Е сега не ми е јасен муабетот за што би ги потрошил тие 2000 евра? Во југо нема за што да ги потрошиш а и зошто не си купиш некоја подобра кола кога веќе имаш 2000е? Ако ти е стало до тоа да правиш ,,тркачка,, кола направи го тоа од некоја посолидна кола а не од југо....
Епа спомнав толку дека знам оти поправката ќе биде скапа. Ама ок, изгледа за Југо не е толку многу. Ама веќе и јасно е дека подобро е да си купам нешто почитаво на старо него да си ја лупам главата со Југо.

Под отпад се мисли на оние што собираат старо железо?
 
Штом сме кај Југото.....една ,,прича,, за Југото

-имено при конструирањето на Југото, Застава ја прави истата грешка како што ја направил ФИАТ во далечната 196Х година така што на неговиот предходник ФИАТ 128 или 127 ...не се сеќавам добро, при проектирањето го заборавиле лонгитудиналното укрутување на предницата.

едноставно...го заборавиле

Што е квакака?

Секое тркало треба да е фиксирано во сите три оски....Х, У, и З. Вертикалното фискирање кај сите коли е постигнато со склопот спирала/амортизер. Попречното е со долното рамено/виљушка. Подолжното во ФИАТ го заборавиле, вероватно препозаето во баласното вратило/баласштагна

Но ...баласното вратило има улога да ги уравнотежи висините на двете предни тркала...и не смее да трпи подолжни оптеретувања

затоа на тие Фиати и на сите Застава модели страдаат потпиеањата на балансонто вратило....или гумиците или самите држачи. и ова неможи да се поправи....испуштено е во самата концепција на возилото

затоа сите овие возила имаат расцентриран преден трап...едноставно трапот не е прицврстен и секогаш е подложен на завземање на неодредени параметри при што се јавува неееднакво трошење на гумите , квичење на гумите при кочење, подигнување на предницата при нагло убрзување.....
 
Јас во последно време ретко да имам видено Југо да не му цвилат гумите кога врти на кружен тек, а причината е веројатно ова со предницата.
 
Па не ти требаат 2000 евра да поправиш југо, за 200-300 евра можеш све да средиш. Иначе за 2000 можеш опел корса да земеш бензинец многу добро количе за тие пари.
теоретски да, ама во пракса се се смени... Прво нема квалитетни делови за постарите коли, за Југо ти требал од Фиат да вградува а таки делови о ќе бидат скапи исто и како за поново кола а може и поскапи бидејќи немаш избор на брендови... јас пред 4 години на фиеста 96мк4 менував затегач за ПК каиш комплет ( и тркалце ама и федер), платив за делот 6000мкд... после наидов и на поефтин, 1600мкд, ама кинески, може да ти откаже и да те остаи на пат...

А и тоа Добро количе за 2000 евра е мачка во вреќа, тука добро количе никој не продава, а и од увоз од странство 60% се со некој проблеми, зависи каков проблем ќе ти се западне , колку е решлив и колку смета во возење...
Е има и без проблеми коли, ама извозени по 180000+км, тие што им е одбројано времето за Ремонт, скапа и ниезвесна работа...

а околу Југото има и опција да си бара посалам Југо а ова да му биде ДОНОР за делови, ако има куќа со гаража:cool:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom