1. ШАРМ - да се направи некој помалку отпорен на нашите напади, всушност, да не се лажеме, тоа значи да разоружаш некого или некоја.
2. МОЛК - потенцијална глупост.
3. МОЛЧЕЊЕ - кој молчи кога не е во право, тој мудрец. Кој молчи иако е во право - или е оженет, или пуши луле.
4. ТАКСИ - возило во служба на терористичка организација со кое пиратот, возејќи преку непознати патишта ве носи на непознато место, каде што ве ограбува.
5. ТЕОРИЈА - тоа е кога се се знае, а ништо не функционира.
6. ТОЧНОСТ - трошење на вашето време додека чекате некој друг.
7. РАСТОЈАНИЕ - единственото нешто што богаташите сакаат сиромасите да го задржат за себе.
8. ТАКТ - се состои од сознанието коку далеку смееме да одиме предалеку
9. ШАХ - Ѓаволска игра во која двајца паметни седејќи еден наспроти друг на мали столчиња, се обидуваат со поглед да столчат еден друг, а притоа во целосна тишина, десетина лудаци упорно ги набљудуваат.
10. РАКА - единствено орудие монтирано на крајот на човечкиот организам која обично се вовлекува во туѓ џеб.
11. ШАНСА - мошне поволна можност да се грабне разочарување.
12. ШЕПОТ - начин, луѓето да ви поверуваат што и да е, само ако им го кажете тоа шепотејќи.
13. ТАКТ - способност на човека да му се каже дека е сaмo отворен дух, кога тој, всушност, има дупка во главата.