Да е жива и здрава ЕУ ќе се шлепаме на нив

кога една Бугарија стигна до невработеност од 6% се ти станува јасно
Ами стигна до толкава невработеност со тоа што од Бугарија последниве 15-20 години се иселени 1,7 милиони жители... Пред 20 и кусур години Бугарија имаше преку 9 милиони жители сега ги има едвај 7.
Кај нас невработеноста се намалува со вештачки начини... Ако ја одбиеш работата што ќе ти ја понудат од Заводот за вработување одма те бришат од списокот за невработени, или пак еден ден ако закасниш да се пријавиш во заводот исто така одма те бришат...
Друга работа кај нас невработеноста се решава со превработеност. Како на пример измислување на нови агенции, бироа, дирекции, сојузи, штабови...Што дури ни самите не знаат што работат.
Кај нас имаш 3 институции со иста дејност - Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи, штабот на кризен менаџмент...
Комисија за заштита од дискриминација - Потакај ќе отворат и комисии за заштита од верска дискриминација, Комисија за заштита од национална дискриминација, комисија за заштита од расна и комисија за заштита од сексуална дискриминација...
Агенција за храна и ветеринарство - Потакај ќе отворат агенција за пијалоци.
Агенција за пасишта - Потакај ќе отворат и Агенција за ливади...
И вработување на доста координатори, аналитичари, консултанти. Пример во ЈП Водовод и канализација, Нискоградба. казмокопач втеран во еднек 2 метри длабок самиот, а останатите 6-7 души му прават надзор...Или во Македонија ПАТ фрла жежок асфалт со лопатата, а останите гледаат...