Повреда во врат (вратни пршлени и тетива)

Член од
15 септември 2019
Мислења
1
Поени од реакции
0
Возраст
29
Замолувам, доколку некој/а се соочил со слични проблеми во вратот како доленаведените, или знае близок кој се соочува, да ми помогне со информации каде се нашло решение.

Накратко, поради неколку механички повреди во вратот се соочувам со:
1. Спондилоза.
2. Шилци во врат.
3. Отечена тетива на мускул на десна плешка.
4. Дискусхернија.

Поточно, од неколку различни прегледи, документирано е:
Магнетна резонанца:
На ниво c3/c4 се прати дехидратација на интервертебрален диск со субартикуларна протрузија на дискот во десно со компресија на текалниот сак и радиксот десно.
На ниво c5/c6 се прати дехидратација на интервертебрален диск со асиметричен балџинг на дискот во десно со лесна компресија на текалниот сак.
ЕХГ:
Почетна тендинопатија.
Supraspinatus со мали промени во ехогенитетот кој може да оди во прилог на почетна тендинопатија.
Компресии на нервен корен и плексус кај спондилоза.
ЕМГ:
Сѐ е во ред со нервите. Исто и крвна слика е во ред.
 
Да си отидеш фино лепо на доктор. Вакви работи не се за форум.
 
Веројатно ќе те пратат на физиотерапија, ако имаш силни болки поради дискусот може да ти дадат НСАИЛ. По дома можеш некои посебни вежби да правиш или да одиш на пливање.

Се разбира, посети доктор, не се оставај на мислење од форум.
 
Нешто што може да промениш е начинот на живот, изгледај му ги видеата на Џон Бергман тој е еден од најдобрите киропрактичари во САД и има доста добри совети, а околу механичкиот дел ќе мораш на терапии.
 
Замолувам, доколку некој/а се соочил со слични проблеми во вратот како доленаведените, или знае близок кој се соочува, да ми помогне со информации каде се нашло решение.

Накратко, поради неколку механички повреди во вратот се соочувам со:
1. Спондилоза.
2. Шилци во врат.
3. Отечена тетива на мускул на десна плешка.
4. Дискусхернија.

Поточно, од неколку различни прегледи, документирано е:
Магнетна резонанца:
На ниво c3/c4 се прати дехидратација на интервертебрален диск со субартикуларна протрузија на дискот во десно со компресија на текалниот сак и радиксот десно.
На ниво c5/c6 се прати дехидратација на интервертебрален диск со асиметричен балџинг на дискот во десно со лесна компресија на текалниот сак.
ЕХГ:
Почетна тендинопатија.
Supraspinatus со мали промени во ехогенитетот кој може да оди во прилог на почетна тендинопатија.
Компресии на нервен корен и плексус кај спондилоза.
ЕМГ:
Сѐ е во ред со нервите. Исто и крвна слика е во ред.
Јас идев во превентива 99 позади рамсторе, до станица 26.
Имав дискусхернија, после терапијата сее добро. Ти ги препорачувам
 
Накратко, поради неколку механички повреди во вратот
... што подразбираш под механички повреди? и тоа неколку? повредите секогаш се санираат прво со мирување и лекарства против болки (доколку се присутни), па потоа по извесен период се размислува за физикална терапија!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom