- Член од
- 8 мај 2007
- Мислења
- 250
- Поени од реакции
- 1
Ова го пишува денешниот (30/06/2007) „Дневник“
завод за статистика
Индустриското производство падна за 5,8 отсто
Производството во индустријата се намали. Државниот завод за статистика во мај регистрира пад од 5,8 отсто во однос на истиот месец лани и од четири отсто во однос на април годинава.
Намалување на производството на годишно ниво има во сите сектори, освен во рударството, каде што има пораст од 25 отсто. Производството на енергија е намалено за 37,2 отсто, а падот во преработувачката индустрија изнесува 4,6 отсто. За 25,6 отсто е намалено и производството на електрична енергија, гас и на вода.
Според статистичките податоци, најлош е трендот во нафтената индустрија, каде што во мај има пад на производството на кокс и на нафтени деривати од 81,7 отсто. Големо намалување од 67,6 отсто има и кај производството на електрични машини и апарати. Од сите индустриски гранки, најстрмна нагорна линија има кај вадењето руди на метали, каде што има годишен раст од 165,5 отсто. Ова придонесе и за намалување на вкупниот пораст во индустријата во првите пет месеци од годинава на 6,3 отсто од 16 отсто во првиот квартал.
Овие статистички податоци доаѓаат неколку дена по објавувањето на информацијата за рекордниот раст од седум отсто на бруто-домашниот производ во првиот квартал годинава.
Премиерот Никола Груевски во минатата недела објасни дека тоа се должи на растот во речиси сите индустриски сектори, рударство, транспорт, трговија, банкарство, услуги. Во Владата истакнаа дека позитивните трендови продолжуваат и во четвртиот месец од годинава.
Вчера портпаролот Ивица Боцевски не беше достапен за да го пренесе владиниот став за најновите информации во врска со состојбите во индустријата. Експертите коментираат дека податоците за првите три месеци беа добри поради лошата споредбена основа, односно исклучително лошите состојби во индустријата во истиот период лани.
Според податоците од Државниот завод за статистика, производството бележи пораст од 0,4 отсто во споредба со просекот од 2005 година, кој се зема како база при утврдувањето на состојбите во реалниот сектор. Во однос на просекот од 2005 година поголемо производство има во сите индустриски групи, со исклучок на групата енергија и на трајните производи за широка потрошувачка.
Значи бројките се од истата институција и овој пат имаме споредба во однос на претходната година како и во однос на претходниот месец нешто што го немаше при презентацијата на економскиот раст).
Дали изјавата на Груевски сега паѓа во вода?
Зашто овојпат немаме 10 министри пред говорница и да го објаснат ова туку сега и порпаролот се крие за изјава???
И сега повторно треба да им веруваме кога ќе не бомбардираат со нови бројки за раст???