TpH_Bo_OkO
Трноризец
Арсени Јовков е роден во с. Селци, Струшко, на 25 март 1884 година.Тоа е едно од најистурените села на Западна Македонија во кое 1875 година се родил и Војдан Чернодрински, основоположникот на македонската драма и театар. Јовков потекнува од видно селско семејство кое се истакнувало со својот углед и политичка воздигнатост. Се школувал во Селци, Дебар и Битола. Поетското творештво го започнал во револуционерната битолска гимназија.
Поетската треска не му ја прекинува Илинденското востание во кое учествува како секретар на реонската чета на Охридско-малесискиот војвода Тасе Христов. Инспириран од болките и страдањата на својот народ, Јовков ги спојувал револуционерниот жар и поетската продуховеност. Својот журналистички пат го започнува веднаш по неговото доаѓање од Македонија во Бугарија. Таму развил широка поетска и општествено-политичка активност, а своите статии и погледи ги изнесувал во весникот "Слободен глас" на охриѓанецот Стефан Петков.
СО МАКЕДОНСКАТА ЕМИГРАЦИЈА ВО БУГАРИЈА
Од плејадата македонски револуционерни литературни борци со перото в рака, на Арсени Јовков му припаѓа посебно место.Тој спаѓа во генерацијата која ги бранеше изворните принципи на самостојноста на македонското дело, за чие остварување ќе ја продолжи борбата веднаш по Првата светска војна. Заедно со преостанатите борци од левицата, тој се вклучува во политичкиот живот на македонската емиграција во Бугарија, најнапред во Обединетата левица на ВМРО на чие чело се наоѓаше Ѓорче Петров, а по неговото убиство, Јовков ќе застане на врвот на едно специфично обединување на борбените сили на Македонците за да ја продолжи оваа борба во мошне тешки и комплицирани услови.
Така, Јовков го одбира оружјето на свој начин, а тоа е перото. Тој се јавува како журналист и уредник во еден ист весник - органот на Илинденската организација, кој поради острата цензура на бугарската Влада, морал да го менува насловот четири пати за да може да опстојува и тоа во: "Илинден", "Пирин", "20 јули" и пак "Илинден". Во овој период журналистиката му служи и како средство низ кое доаѓаа до израз неговите духовни дејности: неговата поезија, критиката и блескавите анализи на настаните од пред и по Илинденското востание, а пред сe статиите за македонското прашање во фазата кога тоа се актуелизира, вендаш по Првата свеска војна.
Арсени Јовков живеел 40 години. Бил убиен во Горна Џумаја, Пиринска Македонија од страна на приврзаниците на врховистичката ВМРО, подарувајќи го делото и идеалите на единствената мајка Македонија.