Делата на Арсениј Јовков

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Арсени Јовков е роден во с. Селци, Струшко, на 25 март 1884 година.Тоа е едно од најистурените села на Западна Македонија во кое 1875 година се родил и Војдан Чернодрински, основоположникот на македонската драма и театар. Јовков потекнува од видно селско семејство кое се истакнувало со својот углед и политичка воздигнатост. Се школувал во Селци, Дебар и Битола. Поетското творештво го започнал во револуционерната битолска гимназија.

Поетската треска не му ја прекинува Илинденското востание во кое учествува како секретар на реонската чета на Охридско-малесискиот војвода Тасе Христов. Инспириран од болките и страдањата на својот народ, Јовков ги спојувал револуционерниот жар и поетската продуховеност. Својот журналистички пат го започнува веднаш по неговото доаѓање од Македонија во Бугарија. Таму развил широка поетска и општествено-политичка активност, а своите статии и погледи ги изнесувал во весникот "Слободен глас" на охриѓанецот Стефан Петков.

СО МАКЕДОНСКАТА ЕМИГРАЦИЈА ВО БУГАРИЈА

Од плејадата македонски револуционерни литературни борци со перото в рака, на Арсени Јовков му припаѓа посебно место.Тој спаѓа во генерацијата која ги бранеше изворните принципи на самостојноста на македонското дело, за чие остварување ќе ја продолжи борбата веднаш по Првата светска војна. Заедно со преостанатите борци од левицата, тој се вклучува во политичкиот живот на македонската емиграција во Бугарија, најнапред во Обединетата левица на ВМРО на чие чело се наоѓаше Ѓорче Петров, а по неговото убиство, Јовков ќе застане на врвот на едно специфично обединување на борбените сили на Македонците за да ја продолжи оваа борба во мошне тешки и комплицирани услови.

Така, Јовков го одбира оружјето на свој начин, а тоа е перото. Тој се јавува како журналист и уредник во еден ист весник - органот на Илинденската организација, кој поради острата цензура на бугарската Влада, морал да го менува насловот четири пати за да може да опстојува и тоа во: "Илинден", "Пирин", "20 јули" и пак "Илинден". Во овој период журналистиката му служи и како средство низ кое доаѓаа до израз неговите духовни дејности: неговата поезија, критиката и блескавите анализи на настаните од пред и по Илинденското востание, а пред сe статиите за македонското прашање во фазата кога тоа се актуелизира, вендаш по Првата свеска војна.

Арсени Јовков живеел 40 години. Бил убиен во Горна Џумаја, Пиринска Македонија од страна на приврзаниците на врховистичката ВМРО, подарувајќи го делото и идеалите на единствената мајка Македонија.
Sg4705.jpg
 
Арсени Jовков - па он си е бугараш до мозока на коските си. Ако не знаеш - бил е бугарски кмет на гр. Приштина во І-вата светска војна: Арсени Танасков јовков е револјуционер от македоно-одринското револјуционно движение и публицист.

Зав'ршва б'лгарската гимназија в Битолја. Влиза в македоно-одринското револјуционно движение оште като гимназист. Участва в Илинденско-преображенското в'стание като секретар на војводата Тасе Христов, а след см'ртта на брат си Нико е војвода на неговата чета.

Основава Деб'рското македонско братство в Софија и го р'ководи.

Участва в'в војните за национално обединение По време на П'рвата световна војна е кмет на Приштина. След 1921 година Арсени јовков е един от р'ководителите на Илинденската организација и е главен редактор на вестник "Илинден". Протвник на правителството на Стамболијски, Арсени јовков се отнасја положително к'м Мајскија манифест от 1924 година и идејата за сближение на ВМРО с комунистическите сили.

След убијството на Тодор Александров и последвалата к'рвава разправа в редовете на ВМРО е убит от симпатизанти на Иван Михајлов - по време на Горноджумајските с'битија през 1924 година.

Автор е на поемите "Проклетина" (1905) и Лјулебургаз (1912).
 
Арсениј Јовков е голем поборник за Македонската кауза, еден од оние кои и самите се изразувале во своите пишувања за борбата за независна Македонија. Голем Македонски поборник, но не и Бугар.
 
Датум: 08.07.2013, 23:03

ЗАШТИТА НА ФИЛМСKОТО НАСЛЕДСТВО

Делата на Арсениј Јовков и на Манаки први ќе ги видиме дигитализирани

Филмот „Македонија во слики“, за кој истакнатиот писател, публицист и револуционер Арсениј Јовков бил и сценарист и режисер, го прикажува пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делечев од куќата на Михаил Чаков во соборната црква „Света Недела“ во Софија. Во него неколкупати во крупен кадар е прикажан саркофагот на Делчев со натпис во кој се вели: „Ги заветуваме поколенијата што доаѓаат овие свети коски да ги погребаат во престолнината на независна Македонија, август 1923“.

Јовков го снимил овој филм во чест на 20-годишнината од Илинденското востание во 1923 година, само една година пред да биде подмолно убиен во Горна Џумаја (денешен Благоевград). Овој документарен колажен филм, составен од статични снимки и фотографии важни за Македонија, публиката наскоро ќе може да го види во дигитализирана и реставрирана форма.

Документарецот на Јовков, од кој Kинотеката на Македонија го поседува само првиот дел, кој трае вкупно 14 минути (за вториот дел кај нас нема сознанија дали е сочуван и каде се наоѓа) заедно со опусот на браќата Манаки се смета за пионерско дело на македонската кинематографија. Двете дела како најстари го носат епитетот на дела од исклучителна важност во фондот на Kинотеката поради што се и меѓу првите дигитализирани и воедно дигитално реставрирани. Бидејќи кај нас нема ниту соодветна лабораторија ниту кадар за реставрирање на старите филмски материјали, целиот процес е направен во Будимпешата. А за посебноста на таа работа доволно говори податокот дека на филмскиот опус на браќата Манаки, кој е со вкупно траење од 70 минути, се работело цели 6-7 месеци.

Но без дигитализација тие многу брзо би останале недостапни за јавноста, бидејќи поради брзиот секојдневен развој на технологијата, се повлекуваат проекторите за 35-милиматарска филмска лента на која се чуваат овие материјали. Таквата судбина важи и за 15 илјади филмски копии на дела од домашни и странски автори, со колку што располага Kинотеката, која е задолжена за нивната заштита. Во овој фонд сите дела од македонски автори како културно наследство од прва категорија и со особено значење.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F8B67D5929734F49AFD6B375456EEC2F
.
 
Тоа дали ќе го објават?

Лјулебургас от Арсени јовков, 1912 година

О летете виј соколи,
Дивни чада на Балкана;
Вас пет века ви очакват
В таз светинја поругана;
.........................................
ја поглежте к'м Влахерна;
Копе там ст'рчи забито -
Бујних дух на Симеона;
Зов зове ви гр'мовито;
И копмејат зарад вази
Над Ирин Пирин тревите;
На Марица бреговете,
В тиха Мармара водите
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom