Делот „кај мене“ одамна нема градежни активности и во моментов е „комплетиран“. Освен ако не го шитнат земјиштето на Воената Академија, нема ништо во постоечкиот ДУП кое навестува дека ќе има згради. Единствено има градежни активности од другата страна на булеварот, каде тазе почнаа да градат Golden Art и Mega (Urban Garden). Иако, тие промени во ДУП-от паднаа на Уставен, ама они си цепаат без престан (затоа што им се може).
Инаку, стварно не сум добил до сега впечаток дека сум се преселил во некакво гето на крајот на градот, затоа што не е така. Единствено нешто што оддава таков впечаток е неажурноста на службите (општински и градски). „Мојот проблем“ (ако мислиш на неасфалтираната улица) не засега само неколку згради, туку околу 1.000 станари кои живеат во сите згради во маало