CN – Народна Република Кина

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Најјако е што се развржала конверзација на кој ќе му снема попрво проектили а заборавате дека ако Кина тргне на Тајван исто како на САД да тргнала а било кое комбо од Русија вс САД или Кина вс САД е Lose-Lose комбо за цело човештво.

Другари нема да дојде до момент на кој попрво ќе му снема проектили зашто сите нас ќе не снема пред тоа да се деси
 
Мене па најјако ми е што си убеден дека САД ќе направи самоубиство со нуклеарна војна заради кинескиот остров Тајван... Прво Кина нема да направи ништо се додека не се 100% сигурни дека без многу мака ќе си го земат своето, ако треба уште еден век ќе чекаат и ќе прават притисок.

Економски гледано, самиот Тајван ќе стане нерелевантен за пар децении. Воено гледано само ќе има вредност, за Кина и за САД.
 
Озбилно мислиш дека САД ќе влезе во директна војна со Кина?

Доволна штета е да им го пореметат првиот бран, авијацијата ќе среди останатото, иако не верувам ни Кина да го чепне Тајван уште неколку години, т.е барем додека не станат 100% независни од чипови.
Така викаат САД.
А вакви работи се кажуваа и за Русија пред да влези во Украина.

Војните се непредвидливи. Искуството на Кинезите е блиску до никакво. Тајван е една од највооружените земји. И општо регионот.
Кинезите им прават проблеми на сите соседи, а САД ги врзаа во коалиција до одреден степен.
Кинеската авијација е далеку од она што е на пример Руската, а камоли Западната.
Островите отсекогаш биле најтешки за освојување.
За САД од (некои би рекле егзистенцијално, хе хе) клучно прашање е да ја задржи Кина позади првиот обрач од острови околу Кина. Веројатно директно би се вклучиле во војната, нема да изигруваат прокси. Иако мислам дека би биле ограничени само на дефанзивни акции, без напади врз Кинеско тло.
 
Малку познат податок е дека Кина си ги врати сите територии кои ги изгуби за време и после Опиумските војни. Освен од една држава. И тие територии веројатно никогаш не ќе си ги врати.
 
Малку познат податок е дека Кина си ги врати сите територии кои ги изгуби за време и после Опиумските војни. Освен од една држава. И тие територии веројатно никогаш не ќе си ги врати.

Монголија?
 
Малку познат податок е дека Кина си ги врати сите територии кои ги изгуби за време и после Опиумските војни. Освен од една држава. И тие територии веројатно никогаш не ќе си ги врати.
Тексас?
 
GWgQyfgWwAAucpC
 
И Манчурија ќе и ја земале да не биле Јапонците 1905.
Манџурија, Манчурија, Монголија, Северен Сибир, Јужен Сибир... се има да биде Кина :pos: (за Северџистан нема инфо)

Инаку малку е познато дека Монголија за време на СССР повеќе пати барала да влезе во состав на СССР ама Советите не прифатиле (причините според аналистите е дека им била потребна тампон зона према Кина)... малку се познати кај нас политичките прилики во тој дел од Светот.
 
И во летото 1939 таа тампон зона добро им послужила на Советите во пограничните препукувања, но не против Кинезите, туку против Јапонците.

Битката кај Халкин Гол е првата посериозна битка во која Георги Жуков покажал и докажал на дело дека знае да води војска и да извојува победа.

После ќотекот кој го изеле кај Халкин Гол, Јапонците прифатиле да потпишат примирје, а подоцна во 1941 година потпишале и Пакт за неутралност со Советскиот Сојуз.

Јосиф Висарионович Сталин и тогашниот министер за надворешни работи на Јапонија Јосуке Мацуока единствено што не се бакнале пред камерите, кој знае можеби позади камерите споделиле и нешто повеќе од само прегратка и држење за рака. :pos:

soviet-japanese-neutrality-pact.webp

добро само не разбрав на кој дел од мојата зае-банција реплицираш:)
 
Последно уредено:
Kina ja krena penziskata granica. Mazi mesto so 60 ke odat so 63 godini vpenzija. Zeni od 55 odnosno 58 godini namesto od 50 odnosno 55 godini. Demografijata si go pravi svoeto.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom