Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Не е дека не го ебе ни 2%...ќе им помагаат доволно за да бидат живи. Целата фора е да не паднат у раце на американците ама и да не станат многу јаки. Кинезите нема да можат да им помогнат многу.
Тоа би било отприлика целта на Русија, ама не е само Русија играч таму.
Настрана фактот што после војната во Нагорно Карабах, Иран се погласно се поставува таму на сметка на Русија, заради влијанието на туркменските народи.

Русија нема сојузници од поголемите играчи таму. Ниту некогаш имале. Ни Иран, ни Турција, никој. Секој игра да го изигра противниот најмногу што може, или онолку колку им одговара.

Иран се обиде да се издигни. Направи свои прокси во Ирак и Сирија. Ги доби Хутите. Го вооружа до заби Хезболах. Изгради своја балистичка програма. Работеше на нуклеарна. Сите овие за да можат полесно да влијаат во регионот, особено против С. Арабија, Турција и ултимативно во иднина Русија. Нуклеарното оружје е моќна алатка за преговарање.

И што се случи? Се изгубија во рок од година. И тоа не од Русија, не од Америка, не од Турција.
Туку од Израел. Од малиот Израел.

Откако увидоа дека се сами во регионот, колку и да изгледаше дека Русија е на нивна страна (особено овде на форумот, каде одеа до таму дека и ќе реагирале ако некој ги нападнел) останаа поразени, без поддршка.

Сега се вртат кон Кина. Кинезите може да им достават напредни оружја, можат да им понудат алатки со кои лесно ќе се справат со внатрешните сили кои сакаат да се отцепат (Балочистанци, Арапи, Курди, Азери) и оружја со кои ќе им пркосат на Турците, Саудијците, па и Израелците.

Ама има catch. Ќе станат прокси на Кина.
 
Па тука е целата трагикомедија со добар дел од земјите-членки во „БРИКС„, кои се зачленија не од мерак, туку со намерата да избегаат од бесконечниот американски притисок од САД кон нив....ама некако „не иде„.
Значи може да се заклучи дека БРИКС+ е пред се економска асоцијација!
И тие и ние знаеме дека без политика (која патем е само висококонцентрирана економија) и безбедност секој обид за економско поврзување е осуден на неизвесност.
И една мала вест која изгледа не ти е позната:
-на прашање од новинар до Путин зошто не му помага на Иран, одговори дека се јавиле им понудиле помош ама овие не сакале.
Ова не беше демантирано од Иран што значи дека е вистина.
Падобранциве на актуелниве политички теми.
Прегледај го приврзокот 451086
Падобранци Северџгани се е тоа исто.
Ирак Иран за нив е едно те исто, дури и еден Иранец на интернет се шегуваше на темава, абе знаете вели овие каубоите не се многу бистри и овој сега што им е на власт не вервам дека прави разлика Ирак-Иран при тоа пишувањето на тоа секојдневните наредбите (или омилена област царини) за напад секогаш може да му се случи наместо Ирак напише Иран :)
 
Значи може да се заклучи дека БРИКС+ е пред се економска асоцијација!
И тие и ние знаеме дека без политика (која патем е само висококонцентрирана економија) и безбедност секој обид за економско поврзување е осуден на неизвесност.
И една мала вест која изгледа не ти е позната:
-на прашање од новинар до Путин зошто не му помага на Иран, одговори дека се јавиле им понудиле помош ама овие не сакале.
Ова не беше демантирано од Иран што значи дека е вистина.

!. Да, „БРИКС„ наликува на пред се‘ „економско„ здружение, кое треба да се „доусоврши„ ако земјите-членки сакаат тоа здружение да фунцкионира во полна сила, а не да биде прибежиште од притисоците од САД или со намера да се „сруши„ доларот. Се‘ додека Кинезите ги сметаат земјите од „БРИКС„ исто како и земјите од Африка, тешко дека нивните односи ќе бидат стабилни и делотворни.

2. Да, се сеќавам на скорешната изјава од Путин дека Иранците „као„ не барале помош од Русија кога Иран беше бомбардиран од чифутините, а Иранците „као„ не го побиле тој руски став. Не верувам дека било баш така, иако Иранците се прилично тврдоглави, непослушни и прилично горди (што и не е лошо...) и не сакаат туку-така да потпаѓааат под туѓо влијание.

Но ајде да гледаме и поинаку; кој е рускиот став за чифутинското бомбардирање на суверена држава, освен црекањето од говорница од ООН дека било нелегитимно?...Кај е реалната руска помош?...Каде се „С-400„ кои Иран ги нарача уште пред санкциите? Каде се „СУ-35„ кои Иран ги превзеде/пренасочи од Египќаните?...
 
Последно уредено:
Прво е ова:
Тешко дека Русија/Кина ги оставиле без ПВО баш за во таков случај. Покољ ќе биде ако пробаат, и да остварат цели барем пола ескадрони нема да се вратат.
Потоа следи ова:
Битно е дека гестот (бомбардирањето) го направиле, и со самото тоа они победиле. Како не разбираш?

Е после е нелогично.
Другото е скроз нелогично, практичното непостоење/некористење на иранско ПВО или целосното супресирање/уништување на истото.
1752941322661.png
 
2. Да, се сеќавам на скорешната изјава од Путин дека Иранците „као„ не барале помош од Русија кога Иран беше бомбардиран од чифутините, а Иранците „као„ не го побиле тој руски став. Не верувам дека било баш така, иако Иранците се прилично тврдоглави, непослушни и прилично горди (што и не е лошо...) и не сакаат туку-така да потпаѓааат под туѓо влијание.

Но ајде да гледаме и поинаку; кој е рускиот став за чифутинското бомбардирање на суверена држава, освен црекањето од говорница од ООН дека било нелегитимно?...Кај е реалната руска помош?...Каде се „С-400„ кои Иран ги нарача уште пред санкциите? Каде се „СУ-35„ кои Иран ги превзеде/пренасочи од Египќаните?...
За “2“ значи има факти кои се познати и има твое “верувам“ , се додека не добиеме други информации да се задржиме на фактите а верувањата да ги оставиме на северџганите-падобранци, може ;)

Околу тоа како сегашната руска политика/став кон Израел е повеќе од јасен само што не е јавно изнесен.
До пред некоја година официелен јазик во израелската армија беше РУСКИ, прогнозите говорат дека над 60% од населението на Израел кои се Јудаисти се по потекло од поранешен СССР, на пример Бибито по потејкло е од Белорусија.
Зради овие работи до некаде е разбирлива заштитничката позиција на Русија кон денес веќе геноцидна творба позната под името Израел.

П.С.
Да не одиме вон тема за БРИКС+ изнесуваш произволни интерпретации кои не можат на ништо да се повикат, освен на западната пропаганда што е разбирливо, сепак сме ние консументи на истата. Денес се надевам е видливо дека западната империја владее преку доларот како инструмент за извлекување на профит и не гледам ништо спорно истиот да биде тргнат.
Но ако толку имаш за БРИКС+ попвели, ми се чини отворив таква баш за нејасните работи да размениме мислења.
 
Нормален човек не треба да го интересира ништо од Босфор натака. Кога би ги снемало ноќва, сабајле ништо никој нема да осетиме.
Ако запукаат нуклеарки на неколку илјади километри од тебе велиш ништо не да осетиш?
Ниту на остров живееме ниту на друга планета. Може да не ти е гајле за луѓето и не велам дека тоа не е валиден слободен избор, но буквално не е точно дека не те засега и дека ништо нема да осетиш од случување на големи срања. Убаво ќе беше да е така, но реалноста е поинаква. Дури да нема нуклеарки, кој ти вели срањата за кои претседан се прави сега таму, дека нема утре да дојдат и кај тебе?
 
Автоматски споено мислење:

Ниту е валиден ниту е слободен, за таков став си има дефиниција!
Јас го валидизирав правото на слободен избор за мислење и став. Самиот став поинаку го искоментирав.
 
Прашувам за пријател, дали Газа (Палестинците) направи геноцид на евреите кога ги извршија нападите на 7ми Октомври?
Ај прочитај што е геноцид, после дојди тука, пак прашај, па кажи му на пријателот!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom