Ајде сега биди реален, би верувал на РТ или Киев Пост? Секако дека ќе минимизираат нивни загуби и ќе преувеличуваат страни, па така и со Тајмс оф Израел, апсурдно е да се очекува објективност од нив барем за штетата нанесена на иранската страна.
Впечатокот што го добивам од дискусијава со тебе е дека САД интервенирал да го заштити Иран од Израел, зошто се вмешаа Американците кога Израелциве го исплескале Иран на секое можно поле а и на власт во САД се луѓе на кои животна желба им е војна со Иран? Во право си нема да се согласиме и тоа е тоа.
Не им верувам ни на едните ни на другите.
Ниту следам класични медиуми.
Но има доволно работи од кои што може да се извлечат заклучоци, нормално, ако имаш доволно познавања.
12 дена Израелците непречено бомбардираа цели во Иран.
"Големиот" Иран, со својата славна балистичка програма, (некои тука пишуваа дека немало шанси непријателски авион да лета над Иран), не успеа никако да ги спречи Израелците, оддалечени 1000+ километри, преку 2 земји да им ги бомбардираат клучните нуклеарни и воени објекти, притоа елиминирајќи голем број високи лица.
Од самото тоа, што Иран не успеа да спречи да биде континуирано бомбардиран, говори јасно кој ја доби рундата. Без да навлегуваме до детали, што е уништено, што не.
За другито дел, си добил сосем погрешен впечаток.
Како што пишав претходно, многу од интересите на САД и Израел се поклопуваат, но не сите.
САД сакаа да избегнат поширок конфликт кои би ги вклучил и нив и можеби некои Арапски земји, бидејќи САД веќе една деценија пробуваат да го смират Блискиот Исток и да заминат тивко оттаму.
Оттука, притисокот од САД беше кон Израел да ги прекини офанзивните дејствија.