Предозирање

  • Креатор на темата Креатор на темата Loop556
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 април 2019
Мислења
5
Поени од реакции
3
Добра вечер, некои ке помислат дека се шегувам мегутоа моето прашање е дали е можно предозирање на апчиња за спиење? Едноставно ке го поставам ова, сериозни одговори ке ми значат. Ви благодарам.
 
Да другар. Посебно со тие што идат на рецепта.. Нема заебанција со овие работи, сепак се вид на дрога.
 
треба многу да се внимава со тоа,ако се претера се знае на клиника на испирање на желудникот
 
Можно е,дефинитвно.И со Диазепам од 2 мг не треба да се игра.
 
Мој другар има од криза од дрога предозирано со кој знае колку дијазепами и заврши у болница скоро у кома.
Тако да не се заебанција апчињата за спиење. Посебно ако употребуваш Санвал. Он е како анестезија и лесно може со предозирање да не се разбуде човек. Поарно да не ги пробуваш тие срања.
 
Премногу ви благодарам на информацијата. Имајте пријатна ноќ.
 
Добра вечер, некои ке помислат дека се шегувам мегутоа моето прашање е дали е можно предозирање на апчиња за спиење? Едноставно ке го поставам ова, сериозни одговори ке ми значат. Ви благодарам.

Sleeping-pill-overdose.jpg

... ДА! можно е предозирање или подобро речено акутно тровање со лекови кои имаат хипнотичко дејство како што се седативи, хипнотици, антидепресиви, антипсихотици нејчесто од група на бензодиазепини, а уште полошо ако сето тоа е искомбинирано со испиен алкохол!

... доминантен фармаколошки ефект на бензодиазепини е анксиолитички со дополнителен хипнотички ефект, додека депресивниот ефект на кардиоваскуларниот систем (КВС) и централниот нервен систем (ЦНС) е помалку изразен за разлика од другите „лекови за спиење“!
...кога ќе се предозира значи овие ефекти се триплираат и доаѓа до депресија на ЦНС со несвестица, пореметување на срцевиот ритам за да на крај доколку е искомбинирано со алкохол се потенцира дејството на респираторниот систем при што доаѓа до гушење и до несакани атални последици!

Woman-using-a-mobile-phone-in-bed.jpg

... затоа, денес не се посегнува кон тие лекови доколку немаме сон, едноставно седите будни цела ноќ ништо нема да бидне, телото на крај ќе попушти и ќе „заспие“ или едноставно најдете ја причината на вознемиреноста на телото во ноќните часови кога треба да се смири и да спие, дали е тоа преголема испиена количина на кафе ? или можеби моментално покачен крвен притисок од некој стрес? гладност или прејаденост? кога ќе се тргнат тие предспиечки активности телото сигурно до 23ч ќе покаже знак дека треба да се пресоблече во пижами и да заспие ама вие да не терате инат и да се препушите тука на НЕТ на ФБ или Вибер ова она... е па нема спиење после! :)

man-sleeping-on-desk-500.jpg
 
Другар, многу веројатно е предозирањето со апчиња за спиење да резултира со испирање на стомакот, срамно искуство кое ќе те обележи за цел живот. Можеш ли да ни образложиш нам, кои подоцна се вклучивме, од каде ти се ваквите идеации? Ако сакаш анонимно да направиш муабет околу она што те мачи обрати ми се во пп.
 
@Loop556
Со се е можно да се предозираш, особено со апчиња за спиење.
Се што е претерано е штетно по здравјето а и по животот.
Не си играј со овие работи.

Депресијата е гадна работа и најверојатно никој нема да ти помогне во оваа лудница, но затоа сам ќе си помогнеш и ќе најдеш начин да живееш.
На почеток ќе си дадеш сила да го преживееш и овој ден, а потоа и наредниот, па наредниот... А потоа и долгорочно.
Фокусирај се, постави цели, подели ги на подцели, работи нешто, сакај го тоа што го работиш, ако не знаеш како - ќе научиш, тоа ќе ти даде шанса да ги оттргнеш мислите, а и воедно издршка за живот, да не зависиш од никого, плус ќе сретнеш луѓе.

Осознај се и прифати се себе си.

И не ги сваќај лично луѓето, не дека неќат, толку можат... Секоја планина своја тежина, секој си го носи својот товар, разбери ги и прифати ги и нив.
 
Џабе, отиден е веќе веројатно. Не знам кој ми го бришел постот (можеби хејтерката @AlternativeF) тука и зошто, но whatever floats their boat.
 
Последно уредено:
колку самоубиства само се имаат извршено со апчиња за спиење. нема играчка со апчиња па какви и да биле
 
Добро бе, кој ви е проблемот? Имате самите суицидни нагони па одма тоа претпоставувате? Уосталом, може човекот сакаше некого друг да наклука со апчиња :P Ајде сите мајки Терези олабавете малце ;)
 
Добро бе, кој ви е проблемот? Имате самите суицидни нагони па одма тоа претпоставувате? Уосталом, може човекот сакаше некого друг да наклука со апчиња :P Ајде сите мајки Терези олабавете малце ;)
Доста солиден одговор за модератор.
 
Добро бе, кој ви е проблемот? Имате самите суицидни нагони па одма тоа претпоставувате? Уосталом, може човекот сакаше некого друг да наклука со апчиња :P Ајде сите мајки Терези олабавете малце ;)
Не треба да си brainiac па од постот да сфатиш дека некому можеби му му е потребна помош. Are you missing a sensitivity chip or something?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom