Мистичен
Човек
Кинески џипови и автомобили ќе се произведуваат во Македонија. Се работи за марки на групацијата „Џи-Ем-Си” од Кина. Првите модели стасаа. Веќе е договорено дека возилата ќе се склопуваат во погоните на скопски „Санос”.
Влезот во земјава Кинезите ќе го искористат како регионална база. Освен продажба во Македонија, возилата оттука ќе ги извезуваат и во регионот. Производството треба да стартува следната година.
„Во моментов се изготвува комплетниот бизнис план, значи она што можат македонските и регионалните добавувачи на делови да го понудат за овие типови на возила”, изјави Славе Распашковски, сопственик на Санос”. „Станува збор за возила кои во моментов се изработени од кинески делови, моторите се од „Мицибуши”, меѓутоа ние сметаме на вклопување на мотори од Германија, станува збор за 50-тина проценти поевтини цени од нивната конкуренција на пазарот”, додаде Распашковски.
Овој потег на кинеската автомобилска групација е вовед во зделката за можно спојување со скопски „Санос”. Се преговара за преземање на 50% од фабриката каде веќе се вее кинеското знаме.
„Џи-Ем-Си” групацијата важи за една од најголемите кинески компании која се занимава со производство на автомобили, лесни и тешки товарни возила.
A1