jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.640
- Поени од реакции
- 27.598
Не оди подалеку, еве го најблискиот север Србија, збориме за пред 11 години. Памтиме што се случи. Да не одиме воопшто назад 70 години, кога сме осетиле на сопствена кожа како помагаат браќата Руси. Како што ја продадоа Аљаска. така не продадоа нас, Бугарите, Србите .... А да беше Русија тоа што треба да биде, сега знаеш што ќе беше тука ? Рај! Ама сега како што кажа од пустата помош од браќа Руси, ние сме дојдени до дереџе да преговараме за сопственото име. На секој нормален човек и народ му е доста од таква „помош“. Што покољ успеале Русите да изрежираат тука од 1912 до 1949 на Турците не им успеало за 5 и пол векови.Подигањето на Руската црква во патријаршија, главното лобирање го има извршено Охридската архепископија.
Верската едукација, силни делегации на македонски црковни лица работат во Русија.
итн итн...
Нормален човек и народ тоа ќе го користи во насока на развивање на културните и други врски со таа голема земја, ама нашиот комплекс и фрустрираност ни ствара многу невољи.
Затоа денеска ние дојдовме до дереџе да преговараме за сопственото име, ненормална состојба.
--- надополнето ---
Абе хеленизмот е не само култура туку целосна религија и начин на живот, само едно не ми е јасно тука, зошто мораш да речеш „производ на пелагизксата култура“, кога Александар бил тој што го наметнувал. Толку ли ти е тешко да речеш дека е тоа Македонски производ, или тоа ти звучи премногу за да можеме ние да го произведеме. Или ти си по онаа народната „наведната глава сабја не ја сече“. Кога ќе треба да се спомне Македонија, магично све се врти околу Словенството, Венетизмот, Пелагзиството, Бриги-Фриги, никако да се спомне Македонија. И после на крај, ние да им паднеме на колена на Русите за да они се изборат за нас. Епа ние немамо толку пари да им платиме на Русите колку што имаат нашите душмани. А Русите очигледно се на јавна продажба.Хеленизмот е производ на пелазгиската култура, никако на грчката, на дојденците емигранти од Африка.
Во грото случаеви тие го земале нашите називи и со свои додавки и говорни мани ги менуваат.
Па неможе , Питагора, мОлимп, Аристотел, Атина, Крит, Микена, Питиа да се грчки зборови кога си се наши словенски.
--- надополнето ---
Да говориш за Хазбургофци или физички да го одвоиш регионот зад и пред Карпатите како да се посебни планети, незнам, убаво е да плукаш по се што е славјанско, да се замислуваш како си супер човек кој создал култура на 500 милиони народ.
Утрото е тажно после тоа, државата, таа што ни остана, во распаѓање е.
Константин Миладинов напиша за Русија
Не јас неможам овде да седам,
не јас неможам мразој да гледам.
Што мислиш му сметала метеоролошката состојба ?
Му сметала ладната индиферентност на браќата ни Руси.
Пак ќе речам, не да сме им паднале на колена на Русите, солзите само таму сме ги трошеле. 600 години им плачеме на Русите да ни помогнат. Кај се они да ни помогнат ? Не оставија да не колат, да не палат. И башка после тоа дојде нивното ослободување од Турците, во форма на друг јарем, кој ни однесе стотици иљади и повеќе за многу краток период. Дали си свесен дека балканските војни се производ на Русите? Дали знаеш колку жртви има Македонија дадено во тие војни? Дали знаеш дека најкрвавиот фронт на 1ва светска војна е Солунскиот фронт. Русите како по обичај се повлекоа од Војната. Не оставија на цедило повторно. Ај па после дојде комунизмот, пак русите главни. И пак ние по нив. Не гореја села во егејот ? Кај беа Русите, на дистанца ни ја договараа судбината. Кај беа за Србите на Косово ?
Со нив иста култура ?
Не не
Пу Пу скраја да е.
--- надополнето ---
Види, теоријата за Робови(како Божји слуги) во латинско-грчка варијанта е сепак тешко докажлива, бидејќи терминот Роб - Раб постоел во оваа форма кај словенските народи и немало потреба да се нарекуваме со Латински или Грчки варијанти.
Види, не сме се нарекле ние никогаш Словени во времето кога тој термин е воведен. Ние сме си се нарекувале како што сме се нарекувале. Нема извори на „словенски“ јазик од тоа време кои самите за себеси си тврдат дека се словени. Тоа го имало само во Германската терминологија. Тоа е воведено во јазикот многу подоцна, кога веќе западно-Римското влијание почнува повторно да јакнее, а тоа е околу периодот на Самоил. Со Римското културно влијание доаѓа и терминот славјанство како еквивалент за еден народ, кој бил нарекуван од франките „словени“, а има тотално спротивно значење од нивниот назив (Франки=Слободни). Значи тука имаме случај на класична диференцијација и период на огромно ривалсто и борба за превласт.
Да се подсетиме за обидите на папата да постави столица под негово влијание во Преспа за време на Самоил. Крунисувањето на Самоил за Цар од страна на папата и сл. На тие исти документи од папата најнапред со познатата грација која се поклонува пред Рим, симболично е преставена државата на Самоил како девојка, која има Македонска носија и е претставена со името Sclavinia. Тоа значи дека тоа не е наш назив, туку е наметнат.
Понатака на истата таа област се создава средновековна држава, чиј Цар се нарекува Македонски Цар Стефан, но западната литература ја нарекува истата таа држава Servia. Дури и царската крв е тука запазена, бидејќи царот Душан (првиот „Србски“ цар) е од лозата на ќерката на Самоил, Косара која е мажена со Дукљанскиот кнез Владимир. И повторно војува против Византија, што е доказ за Римското влијание. Да не заборавиме дека и првиот „Србски“ крал Стефан првовенчани е крунисан од Папата.
Е поради овие причини таа западна „Словенска“ пропаганда се провлела кај нас. Користејќи го ова, во 18 век, хасбурговката Катерина (Catherine II (Russian: Екатерина II Великаја, Yekaterina II Velikaya), also known as Catherine the Great, born 2 May [O.S. 21 April] 1729 as Sophie Friederike Auguste von Anhalt-Zerbst-Dornburg in Stettin, Pomerania http://en.wikipedia.org/wiki/Catherine_II_of_Russia) го убива мажот и Петар Трети во 1762, го убива и последниот легален наследник на Рускиот трон Иван Четврти во 1764 и владее со Русија до 1796. Во тоа време успешно ја тера пропагандата од германска кујна, научната фантастика: голема преселба на „словените“.
И во тој момент, имајќи ја во предвид нашата инерција и погледот за помош кон Русија, ние верувајќи во мајката Русија, немоќно сме се препуштиле на таа пропаганда. Све што било поврзано со античкиот свет, било анатемисано. Дури и од стариот завет во библијата се избришани трите книги на Макавеите (само во Македонската верзија на библијата сеуште стојат). Народот на Балканот е разделен на мали измислени етноси, направена е карма каша. И најинтересното во тоа е, што немало план за поимот Македонија кај браќата Руси, изгледа тоа за нив е нешто што треба да се избрише од картата.
--- надополнето ---
Незнам точно во кој контекст го спомнуваш, но тука збориме за татко му на т.н. Скендербеј. Овој извор што си го навел тука црпи податоци од хроники од западниот свет. Најверојатно Дубровачки хроники. Името не му е Иван туку Јован(скратено Јон). Тој е березитски кнез, исто како што бил татко му на Самоил, Никола. Областите на неговото владеење денеска го имаат префиксот Дебр (Дебарца, Дебар, Дибра во Албанија и др.). Областа со која што владеел, уште во Римско време била наречена Albania, што би требало да означува планинска област. Бил турски вазал се додека син му Георгија не ја презел власта. Но тоа е друга тема.... да не забегуеме сеа. Не ја разбрав поентата на спомнувањето.Тука ќе ја додадеме иповелбата на Иван Кастриот до Хилендарскиот манастир од 1426 година:
" По неизреченом милосрдију владика моего ас грешен и недостоен, не смеју нарешти се раб Христа Боега моего, Иван Кастриот и со синови моими Станишом и Репошем и Константином и Гергием...приложисмо Светом манастиру великом Пречистои владичице Лаври Хилендарские и приложих село Радостуше и с црквом Св. Пречистом Богородицом, таже в том селе Радостуше и с селом Требиштем..."
--- надополнето ---
Слаба аргументација.
Во врска со слабата аргументација, точно, аргументацијата е слаба, но не постои ни некаква аргументација што ќе рече поинаку. Треба да се истражува секоја можност, не треба да се остави на случајот ништо.
--- надополнето ---
Види, теоријата за Робови(како Божји слуги) во латинско-грчка варијанта е сепак тешко докажлива, бидејќи терминот Роб - Раб постоел во оваа форма кај словенските народи и немало потреба да се нарекуваме со Латински или Грчки варијанти.
ОК, сега сватив во кој контекст си ги спомнал наредните цитати.
Поентата е дека ние во прво време не сме го користеле терминот „Словени“, другите така не нарекувале, но со тек на време западната пропаганда преку Руската империја направила тоа да се провлече меѓу „Словенскиот“ народ. Како аргументи се користени некои стари записи, извадени се значењата од контекст и добиваш нов народ. :nesvest:
Слично како Бугарите, чиј збор назив има етимологија од грчкиот(А може и наш корен да има зборот вулгар) погрден назив Vulgaros, и со онаа погрешна интепретација на вита добиваме име на нов народ. :nesvest: