Од наш агол: Македонска фудбалска репрезентација
По турболенциите настанати околу изборот на нов селектор, одолговлекувањето на ФФМ, полемиките дали тој да биде странец или наш стручњак го избравме Мирсад Јонуз да биде предводник на нашиот тим. Јонуз од Катанец наследи 3 поени од четири натпревари во групата 9 од квалификациите за пласман на Светското Првенство кое ке се оржи наредната година во Јужна Африка.
Како по обичај, ФФМ селекторот го назначува во 5 до 12 пред некои важни натпревари па така и Јонуз имаше малце време да се аклиматизира во сениорскиот тим немаше можност ниту подобро да ги запознае фудбалерите преку подготовки туку директно мораше да се состане со нив на 4 дена пред натпреварот со Норвешка.
Што измени Јонуз во селекцијата?
За разлика од Катанец, Мирсад Јонуз уште во првиот момент во репрезентацијата повика двајца дебитанти и тоа Филип Деспотовски и Филип Ивановски, но во селекцијата го врати и Славчо Георгиевски.
Филип Деспотовски кој е играч за врска настапи во почетниот состав на двете средби и покажа дека навистина треба да веруваме во младите играчи со тоа што даде динамика и инвентивност во средниот ред заедно со Шумоликовски ја држеа топката, проиграваа по крилните позиции и шансите се создаваа една по една.
Од друга страна младиот Ивановски доби шанса да игра кон крајот на натпреварот со Исланд, како напаѓач е доста цврст, корпулентен и стабилен, совршени перформанси за добар напаѓач, во своето деби постигна и гол со што ја оправда довербата и му покажа на Јонуз дека покрај Илчо Наумовски има уште еден класичен напаѓач со извонредни квалитети.
Иако досега „собра“ пет настапи, Славчо во тимот на Катанец не се прослави многу. На неколку пати беше повикуван пред се како замена во составот на Катанец, за по подготовките во изјавите, Катанец да биде незадоволен од услугите на поранешниот играч на Цементарница.
Но, сега, во националниот дресот под палката на Јонуз, Георгиевски целосно ја оправда довербата. Неуморлив, одлично физички спремен, смирен, со одличено чуство за пас, вака накратко може да се прокоментира играта на Георгиевски. Но, тој на натпреварите со Исланд и Норвешка беше многу повеке од тоа. Покриваше огромен дел од средината на теренот, го надополнуваше Шумуликовски, буквално му ги „одврза“ рацете на Величе кој целосно се предаде во организирањето на играта. Одличен беше и во затварањето, односно во „сечењето“ на акциите на противникот, што најдобар податок за тоа е исходот од двата квалификациски натпревари кој ги завршивме без примен гол.
Тактика
Тактичката поставеност на играчите во Македонскиот национален дрес на последните два натпревари беше видно изменета во однос на претходните кога селектор беше Катанец.
Во тактиката на Јонуз, барем ние, видовме модерен фудбал, фудбал со двојни додавања по што следи пас во празно на крилна позиција и центаршут, автоматски шанса за гол во три потези, впрочем од нешто слична ситуација го постигнавме и првиот гол против Исланд.
Секако дека неможе променетата игра за многу кус период целосно да се реализира и совршено да функционира, па на тоа ги препишуваме оние „неколку“ бесмислмени додавања во празно, односно меѓусебното недоразбирање на фудбалерите.
Друга добра особина што представува новост за нашиот тим е поседот на топката, квалитетните проигравања, кратки и точни пасови и пред се брзо развивање на контра нападите, досега ни тоа го немавме.
Единствена грешка која ја направи Јонуз во натпреварите против Новешка и Исланд се чини е поставувањето на Пандев за најистурен напаѓач а центарфорот Наумовски на крилната напаѓачка линија, но сепак го смени тоа со Исланд, и одма забележавме промени, Пандев имаше поголема слобода на теренот која умешно ја искористи во привлекувањето на двајца противници на себе и отварање на простор за Стојков и Наумовски а од друга страна пак Наумовски имаше 3-4 сто процентни шанси кои не успеа да ги претвори во гол, но сепак кога има шанси ќе дојдат и головите.
Дали сме задоволни од Јонуз?
Ние сме, кога селекторот од репрезентација која во 4 одиграни натпревари успеала да собере само три поени, во два натпревари ќе го покачи бодовното салдо за +4 неможеме да речеме дека селекторот не е добар.
Но дали Јонуз ќе го продолжи стилот на повикување на млади и надежни фудбалери и дали ќе продолжи да го игра офанзивниот фудбал кој го видовме на градски во саботата и во средата ќе покажат наредните средби.
Да потсетиме, на Македонската репрезентација до крајот на натпреварите во овој квалификациски циклус им преостануваат уште два натпревари кои ги играме во гости, најпрво во Норвешка а потоа и во Шкотска.
извор:
www.sportdenes.com